Расте бројот на заболени од морбили, измината недела – 104 заболени - Канал 5

Расте бројот на заболени од морбили, измината недела – 104 заболени

Во текот на изминатата недела имаме пораст на бројот на заболени од мали сипаници (Морбили) и се регистрирани најголем број, односно 104 заболени. 

Расте бројот на заболени од морбили, измината недела – 104 заболени

Од нив најголем број (74) се од Скопје, а останатите 30 се од другите градови. Епидемијата на мали сипаници е во ек. Единствена заштита од заболување или од тешки форми на прележување на грипот е вакцинацијата, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека бројот на градови кои пријавиле број на заболени расте и очекуваат дека во наредните недели нема да има брзо смирување на состојбата со епидемија на мали сипаници.

Од околу 16.000 деца во школска и предшколска возраст во Скопје, нагласи, околу 11.100 се вакцинирани, а на територијата на државата, од околу 25.000 невакцинирани деца досега се вакцинирани околу 6.500.

– Грипот е заболување од кое се умира. Ако не можеме да делуваме на антигенските и генетски промени на вирусот на грип и на неговата вирулетност и моќта да предизвика заболување може да делуваме на друг начин, да се заштитиме себеси и нашата непосредна околина. Државата мисли на тоа. Оваа година беа набавени вакцини кои се даваа на бесплатна база и вакцини кои можеа да се купат. Бројот на вакцинирани за жал е нешто повисока од минатите години, но сепак е мала. Апелирам посериозно да се сфати оваа болест. Можеме да делуваме таму каде можеме, луѓето да примат вакцина кога можат и кога треба да примат и на тој начин ќе се заштитат себеси, ќе ги заштитат своите најблиски, хронично болните, повозрасните лица и децата, рече д-р Кузмановска.

Потенцира дека вирусот на грип е многу подложен на промени и во текот на една сезона многу често знае да прави рекомбинации и да го менува не само подтипот, како нешто на повисоко ниво, туку и дел од помалите составни честички на вирусот.

– Токму заради тоа вакцината понекогаш е поефективна, а некогаш е помалку ефективна. Во вакцината се содржи сојот кој во текот на минатата сезона предизвикувал најголем број заболувања, а тие мутации се многу чести кај грипот. Оваа година поради тие мали промени добивме еден поагресивен тип H1N1 подтип на вирус, што предизвикува смртни завршетоци и тоа не само кај популацијата на возраст над 65 години. Во текот на сезоната од пета до осма недела имаше голем број починати на возраст до 65 години, додаде д-р Кузмановска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот

Славниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери.

„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот

Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот.

„Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите.

Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари.

Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“.

Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т

ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот.

Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“.

Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог.

Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари.

Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Голем верижен судир, во кој учествуваа десетици возила, се случи утрово на автопатот „Тракија“ во Бугарија поради густа магла.

Страшен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Несреќата се случила околу 7:00 часот наутро во близина на клучката „Зимница“, на 290-тиот километар од автопатот. Според последните информации, 12 лица загинале, а 48 се повредени. Сообраќајот е целосно запрен во двете насоки, пренесува бугарскиот информативен портал „btvnovinite.bg“.

Првата пријава за верижен судир во правец кон Бургас пристигнала околу 7:00 часот, а набргу потоа стигнала и пријава за несреќа во правец кон Софија. Во судирите учествувале патнички автомобили и тешки товарни возила. Еден од камионите се запалил. Поради несреќата, денешната седница на бугарската влада е откажана, а претседателот Румен Радев ги откажа своите планирани обврски во Варна.

Георги Чалаков, регионалниот гувернер на областа Јамбол, потврди дека има жртви и ја опиша ситуацијата како исклучително сериозна. Во регионот е активиран системот за рано предупредување на јавноста „BG-ALERT“.

„Ова е исклучително тешка несреќа, не се сеќавам на ништо слично во Бугарија во последните години“, изјави Дијана Русинова“, претседател на Европскиот центар за транспортни политики.

Русинова додаде дека во судирот учествувала и цистерна со пропан-бутан, што создало дополнителен безбедносен ризик. Според нејзините информации, луѓе – меѓу кои и деца – останале заглавени во некои од возилата. Еден од сведоците раскажа дека асфалтот бил многу влажен, а маглата исклучително густа. Тој опиша како видел камиони во пламен и автомобили што се превртувале во полињата покрај автопатот.

На местото на настанот се испратени возила на итните служби од Јамбол, Сливен и Бургас, како и 14 противпожарни екипи. Повеќе од 20 војници, исто така, помагаат во расчистувањето на теренот. Медицински хеликоптери се во состојба на подготвеност, но одредено време не можеа да стигнат до локацијата поради густата магла. Состојба на повредените

Осум пациенти се примени во болницата во Сливен. „Седуммина се во стабилна состојба, додека едно лице е во критична состојба“, потврди Михаил Кашеров, регионалниот гувернер на Сливен. Во болницата во Јамбол, тројца од повредените се во сериозна состојба, изјави заменик-директорот на болницата, д-р Валентин Валчев.

Автопатот „Тракија“ ќе остане затворен во двете насоки подолг временски период, поради големиот број возила вклучени во несреќата и времето потребно за вршење увид на лице место. Полицијата го надгледува отстранувањето на камионите од местото на настанот за да се расчисти коловозот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ , е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, е објавено на официјалната веб-страница на најсилната светска лига.

Лука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБА

Лука Дончиќ со неверојатен просек од 45 поени по натпревар заслужено го доби признанието за играч на неделата во НБА лигата.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ (27), е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Минатата недела во НБА лигата, кошаркарите на Лејкерс остварија три победи на три натпревари. Во тој период, Дончиќ имаше просек од 45 поени, 8,3 асистенции, седум скока и 1,3 украдени топки по натпревар.

Словенечкиот репрезентативец по 20-ти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА, а по петти пат како кошаркар на ЛА Лејкерс.

Сезонава, Дончиќ има просек од 40,1 поен, 7,8 скока и 7,7 асистенции. До просекот од 45 поени по натпревар во текот на неделата тој стигна со постигнати 42 поени против Мајами, 40 против Сакраменто и дури 53 поени против Портланд во саботата.

Меѓу номинираните за признанието кошаркар на неделата на Западот беа и : Дени Авдија (Портланд), Ламело Бол (Минесота), Стефен Кари (Голден Стејт), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио) и Остин Ривс (ЛА Лејкерс)

Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Брансон, беше прогласен за најдобар играч на Источната конференција во НБА минатата недела. Тој имаше просек од 27,7 поени, 6,3 асистенции и 3,3 скока по натпревар.

Кошаркарите на шампионот Њујорк остварија три победи на три натпревари минатата недела. Кандидати за играч на неделата на Истокот беа Никил Александер-Вокер (Атланта), Јанис Адетокунбо и Клеј Томпсон (Мајами), Џејлен Браун (Филаделфија) и Карл-Ентони Таунс (Њујорк).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер