Расте бројот на вакцинирани деца против голема кашлица - Канал 5

Расте бројот на вакцинирани деца против голема кашлица

Во последните неколку месеци пораснат е бројот на деца кои се вакцинирани. 

Расте бројот на вакцинирани деца против голема кашлица

Децата кои примиле одредена доза или дози на вакцини не биле целосно вакцинирани а добиле голема кашлица, по поминат период од болеста може да продолжат со вакцинирањето бидејќи во вакцината има и друга заштита како што е дифетријата или тетанус, вели доктор Сања Цилевска Младеновска педијатар во поликлиниката Букурешт.

Во последните неколку месеци пораснат е бројот на деца кои се вакцинирани. Процентот на деца родени во 2021/22 година е зголемен до 90% но се уште треба да се зголеми на ниво на Скопје имунизацијта со цел се постигне колективен имунитет.

Возрасните граѓани кои сакаат да се вакцинираат со ДиТеПер вакцина може да ја примаат во Центарот за јавно здравје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција

Денеска би сакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – е посилно НАТО“, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. 

Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција

Ова утринава го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара,учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на самитот на алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, јашар ѓулер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шестмесечен отчет-ЈП Комунална хигиена-Скопје

Во текот на изминатите шест месеци се подигнати и транспортирани 82 296 тони комунален отпад.

Шестмесечен отчет-ЈП Комунална хигиена-Скопје

Во периодот јануари-јули 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 82 296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје.

Отстранети се и 14 535 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад - 2385 кубни метри, е подигнато во општината Центар.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се реализира во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија.

Во текот на изминатите шест месеци, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 274 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:

1. Општина Чаир – 148 записници

2. Општина Карпош – 21 записници

3. Општина Аеродром – 30 записници

4. Општина Центар – 18 записници

4. Општина Ѓорче Петров – 16 записници

5. Општина Гази Баба – 35 записници

6. Oпштина Кисела Вода – 5 записника

7. Oпштина Бутел – 1 записник

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и низа еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку овие активности, вкупно 747 најмлади жители на нашиот град се едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад и колкаво е значењето на неговата примарна селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Свинско месо во кромид

Во среда (01.07.2026) во емисијата гостин ни бeше Мишко Крстевски.

„Гответе со Дракче“ - Свинско месо во кромид

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. свинска кртина

150 гр. путер

2 големи главици кромид

3 лажици балсамико

сол и бибер

2 лажици сенф

За маринада:

2 - 3 лажици мед

2 лажици сенф

1 лимон

сол и бибер

се пече со фолија

малку магдонос за украсување

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер