Расте бројот на пациенти со хронична опструктивна белодробна болест - Канал 5

Расте бројот на пациенти со хронична опструктивна белодробна болест

Околу 100.000 луѓе во Македонија имаат хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Постојано се зголемува нивниот број на Универзитетската клиника за пулмологија. 

Расте бројот на пациенти со хронична опструктивна белодробна болест

Зголемениот број пациенти со ХОББ е заради нивно експонирање на одредени штетни фактори пред се пушење, аерозагадување…Во 2017 година биле регистрирани 2.800 пациенти. Оваа година досега се регистрирани повеќе од 2.700 пациенти и се очекува тој број до крајот на годинава да биде уште поголем во однос на изминатата година.

Ова денеска го истакна директорот на Клиниката, Дејан Докиќ на одбележувањето на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест – 21 Ноември, организирано од Македонското респираторно здружение.

– Она што е позитивно е што се намалува бројот на повторни хоспитализации односно влошувања на здравствената состојба кај овие пациенти. Бројот на пациенти кои по втор или трет пат лежат на Клиниката е намален за околу 700, што се должи на добра превенција и лекување во амбулантските простории на Клиниката, рече Докиќ.

Според него, со секое аерозагадување независно дали станува збор за ПМ честички или други гасовити аерозагадувачи, кои се оксиданси, материи кои прават штета на површината од клетките, доаѓа до воспаление и симптоми како што се гребење во грлото, печење во очите, кивање, сува уста, отежнато дишење, стегање во градите итн.

– Многу сериозни болести се провоцирани од аерозагадувањето. Имаме среќа што само неколку месеци имаме ваква неповолна клима која создава аерозагадување. Во одредени делови од светот, за среќа не кај нас, хроничното експонирање може да доведе и до посериозни заболувања, да влијае на кардиоваскуларниот систем, а доаѓа и до карцином на белите дробови, додаде Докиќ.

Претседателот на Македонското респираторно здружение, Марија Здравеска рече дека аерозагдувањето е главна пречка за болеста и посочи дека Македонија е меѓу највисоко рангираните земји во Европа според бројот на смртни случаи од ХОББ.

– Повеќе од 400 милиони луѓе во светот боледуваат од ХОББ. Се предвидува дека околу три милиони луѓе годишно го губат својот живот од хронична опструктивна белодробна болест, а оваа бројка се зголемува. Се предвидува дека до 2030 година 4,5 милиони луѓе годишно ќе бидат жртви на ХОББ, посочи Здравеска.

Македонското респираторно здружение денеска организира стручен состанок на тема „Хронична опструктивна белодробна болест – никогаш прерано, никогаш предоцна" и промоција на преведениот најнов Европски водич за третман на зависност од тутун.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев

Сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, во која загинаа 12 лица, а 50 беа повредени, предизвика политички реакции откако беше откриено дека камерите и системите за надзор снимиле опасно густа магла два часа пред трагедијата.

На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев

Опозицијата тврди дека властите имале доволно време да реагираат, но не ги презеле потребните мерки, поради што сега бара оставка од премиерот и министрите, пренесува БНТ.

Тешката сообраќајна несреќа се случила рано наутро на автопатот Тракија, во близина на раскрсницата Зимница, каде што се судриле десетици автомобили и камиони поради исклучително лоша видливост.

Според официјалните бројки презентирани од министерката за здравство Катја Ивкова, во сообраќајната несреќа животот го загубиле 12 лица, додека 50 повредени лица се лекуваат во болници.

Меѓу тешко повредените е и лекар од Детската болница „Света Анастасија“ во Бургас, што го потврди и директорот на оваа здравствена установа, д-р Благомир Здравков.

Поради големиот број повредени, започната е обемна спасувачка и медицинска операција.

Поголемиот дел од пациентите, 27 од нив, беа сместени во болниците во Сливен, 12 беа префрлени во здравствените установи во Јамбол, додека седум беа лекувани во две болници во Бургас.

Властите, исто така, предвидоа можност најтешко повредените да бидат префрлени со авион во Софија, каде што ќе продолжат со лекувањето. Бугарскиот премиер Румен Радев го прогласи 11 ноември за ден на жалост.

Камерите предупредија на опасноста неколку часа пред несреќата

По трагедијата се постави прашањето за одговорноста на надлежните институции, бидејќи, според експертите и опозицијата, густата магла не беше изненадување.

Георги Галабов од Институтот за безбедност во сообраќајот рече дека камерите на Агенцијата за патна инфраструктура (API) регистрирале спуштање и постепено згуснување на маглата на оваа делница околу два часа пред несреќата.

Според него, интерактивниот систем испратил предупредување до надлежната институција за влошување на временските услови, додека камерите истовремено ги снимиле возилата што се движат со голема брзина и покрај драстично намалената видливост.

Галабов нагласи дека имало доволно време за преземање превентивни мерки.

Меѓу можните решенија, тој ги наведе третирањето на патот за да се спречи формирање мраз, привремено или етапно затворање на ризичниот дел за два до три часа, како и испраќање полициски патроли за регулирање на сообраќајот.

Опозицијата бара оставка од премиерот, се подготвува гласање за недоверба

Трагедијата предизвика жестоки реакции и во бугарскиот парламент, каде што претставниците на опозициската партија ГЕРБ побараа оставка од премиерот Румен Радев и надлежните министри.

Потпретседателот на партијата Даниил Митов, поранешниот регионален министер Николај Нанков и Теменушка Петкова ги обвинија властите за неактивност и обид за префрлање на одговорноста, најавувајќи дека ќе започнат консултации и ќе собираат потписи за гласање за недоверба на владата.

Митов ги отфрли тврдењата на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев дека нема врска помеѓу системот на Агенцијата за патна инфраструктура и Министерството за внатрешни работи.

Тој истакна дека размената на податоци во реално време функционира преку Националниот координативен центар за безбедност во сообраќајот.

Николај Нанков тврдеше дека информациите за густа магла стигнале до Центарот за ситуации на Агенцијата за патна инфраструктура еден ден пред несреќата, додека камерите покажале исклучително лоша видливост најмалку еден час пред судирот.

Тој ги обвини властите дека не го обезбедиле соодветно патот, наведувајќи дека патот не бил третиран од мраз и дека режимот на зимско одржување не бил воведен дури ни до 10 ноември.

Нанков, исто така, посочи на проблемите во одржувањето на патната инфраструктура. Според него, августовската наредба го ограничила тековното одржување на патиштата, вклучително и сигнализацијата и ознаките, додека договорот од 2020 година за поставување 40 електронски информативни табли на автопатот „Тракија“ бил раскинат две години подоцна, без да биде завршена работата.

Теменушка Петкова ги обвини премиерот и владата дека ги манипулирале наодите од ревизорскиот извештај на Сметковната комора со цел да ја префрлат одговорноста за лошата состојба на патиштата на претходната влада.

Истрагата за околностите на трагедијата и одговорноста на надлежните служби ќе биде клучна за утврдување како се случила една од најсериозните сообраќајни несреќи во Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели

Со децении, кинеските производители на автомобили купуваат европска технологија и учат од западните компании, но сега ситуацијата е целосно обратна. 

Шокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ сериозно разгледува план за опремување на дури 75 проценти од своите идни модели за европскиот пазар со електронска архитектура развиена во Кина.

Предлогот е лично поддржан од шефот на брендот Томас Шефер, а проектот би ги вклучил повеќето нови модели под брендовите „Фолксваген“, „Шкода“ и „Купра“, вклучувајќи ги и идните електрични „Голф“, „Пасат“ и „Шкода Ењак“.

Во овој случај, не станува збор за промена на класичната механичка платформа, суспензија или мотор, туку за електронскиот мозок и нервен систем на возилото што ги поврзува сите компјутери, сензори, мултимедијални екрани и безбедносни системи. Главната причина за овој пресврт се огромните финансиски заштеди.

Технологијата развиена во соработка со кинеската компанија „Икс-пенг“ овозможува намалување на бројот на електронски контролни единици за околу 30 проценти, што драстично го поедноставува производството и би можела да заштеди на концернот помеѓу четири и пет милијарди евра, а во исто време да ги реши годините на проблеми и доцнења во сопствениот софтверски оддел.

Конечната одлука сè уште не е официјално усвоена бидејќи новата архитектура прво мора да претрпи строги прилагодувања на европските закони за безбедност и заштита на лични податоци, што би можело да одземе дел од планираните финансиски придобивки.

Сепак, самиот факт дека најголемиот европски производител сериозно планира да набави кинески електронски решенија за автомобили наменети за европски клиенти е најдобар доказ за тоа колку неповратно се променила распределбата на моќта на светскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во Карпош

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.

Ѓорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во Карпош

- Таму каде што со години се трупаше смет, ќе растат дрвја. Таму каде што граѓаните гледаа грда слика, ќе има зеленило, спорт и детска смеа. Сите се сеќаваме на огромната дива депонија во Карпош. На наталоженото ѓубре, на негрижата но и на празните ветувања дека конечно ќе биде исчистена. Денес, зборуваат делата. Работата се одвива со силна динамика, расчистуваме наталожениот смет и оваа површина ја претвораме во огромен мега парк, ново место за одмор, рекреација и дружење. Наскоро, ова место ќе ја добие својата целина. На 86.000 м² ќе има зеленило, дрвја, веќе се поставува урбаната опрема и осветлувањето, спортски терени и фитнес-зони, пешачки зони, како и сопствена хидрантска мрежа. Простор за првите детски чекори, за младите и нивните спортски предизвици, за семејните прошетки и за спокојните мигови на нашите највозрасни сограѓани – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека создавањето нови паркови е меѓу неговите највисоки приоритети, како и дека за само една година се подигнати и уредедени околу 200.000 квадратни метри нови зелени површини низ цело Скопје.

- Ова е површина што им ја враќаме на граѓаните и на природата, со јасна определба Скопје да биде позелен и поубав град за живеење. Продолжуваме со истата решителност. Скопјани заслужуваат да ја гледаат промената во своето маало, на својата улица, пред својот дом. Повеќе зеленило. Повеќе простор за живот. Повеќе причини да се гордееме со нашиот град. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер