Расте бројот на оздравени, состојбата под контрола само со одговорност - Канал 5

Расте бројот на оздравени, состојбата под контрола само со одговорност

Оптимизмот на министерот се должи на тоа што во изминатите денови поголем е бројот на оздравени од новопотврдени на КОВИД-19 (вчера 44 наспрема 13), како и поради добрата состојба на пациентот кој 12 дена беше на респиратор во ГОБ „8 Септември".

Расте бројот на оздравени, состојбата под контрола само со одговорност

Ја добивме првата битка со коронавирусот. Само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола, објави вчера оптимистички министерот за здравство Венко Филипче, притоа укажувајќи дека враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено, внимателно и со задолжително почитување на мерките за заштита.

Оптимизмот на министерот се должи на тоа што во изминатите денови поголем е бројот на оздравени од новопотврдени на КОВИД-19 (вчера 44 наспрема 13), како и поради добрата состојба на пациентот кој 12 дена беше на респиратор во ГОБ „8 Септември".

Тој е прв во државава од почетокот на епидемијата кој е исклучен од машина и сега може самостојно да дише. Добрата здравствена состојба на 38-годишниот пацинет вчера ја потврди и директорот на болницата, Христијан Костов.

– Пациентот сам дише, зборува, свесен е. Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на оддел. Пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови, рече директорот на ГОБ „8 Септември", каде што на респираторна машина се уште тројца пациенти.

Во вчерашната евиденција на Министерството за здравство во поминатите 24 часа имаше и двајца починати – 55-годишен пациент од Прилеп, кој во ГОБ „8 Септември" бил хоспитализиран на 22 април и 13 дена приклучен на респираторна машина, а во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај, кај кого посмртно било потврдено присуство на вирусот.

Од почетокот на епидемијата во земјава КОВИД-19 е потврден кај 1539 лица, оздравени се 1057 и починати 88. Активни случаи има 394. Една третина од вкупниот број заразени (515) се во Скопје, а следна општина по број на дијагностицирани е Куманово со 402. Случаи со потврден вирус има во уште 26 градови.

Општината Кисела Вода вчера соопшти дека до 12 мај нема да работи со странки откако вработен се заразил со вирусот, а пет негови колеги кои биле во контакт со инфицираниот ќе бидат во карантин. За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е и Центарот за јавно здравје. На странките кои имаат прашања до Општината им е препорачано да се обратат телефонски.

На Инфективната клиника вчера бил примен еден пациент, а во ГОБ „8 Септември" има пет нови пациенти. Во болницата во Битола се лекуваат тројца пациенти, во штипската болница четворица, а на ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во штипскиот регион се регистрирани 34 случаи, од кои двајца се починати. Над 80 отсто од случаите веќе се во бројката на излекувани, меѓу кои и здравствените работници и тие се на своите работни места.

Во Прилеп вчера беа евидентирани тројца новозаболени, а девет пациенти се излекувани од заразата. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и Пласница.

Позитивни вести има и од Тетово каде што во изминатото деноноќие првпат немало лица кои се упатуваат за 14-дневна изолација во нивните домови како суспектни на коронавирусот. Немало потреба од издавање решенија од Државен санитарен и здравствен инспектора или изјави за самоизолација.

За постепеното нормализирање на секојдневието се подготвуваат протоколи од Комисијата за заразни болести и Владата односно Министерството за здравство.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека Владата наскоро ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следува и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, пак, соопшти дека работат на протокол со кој ќе се овозможи повторно отворање на градинките и нивно безбедно функционирање. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Средба Петар Богојески - Христијан Мицкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Согласно Одлуката на Претседателството на политичката партија Македонски Концепт од 23.06.2025 година, денес остварена е официјална средба помеѓу претседателот д-р Петар Богојески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, на која беше констатирано следното:

Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети.

Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа.

Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Со почит,

ЦКА на Македонски Концепт

Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино

Една девојка била потешко и друга полесно поведена, откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино

Како што стои во соопштението на СВР Велес, патничко возило „Фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, вчера излетало од коловозот на патот Кавадарци-Неготино, кај место викано „Антената“.

- Вчера во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на патот Кавадарци-Неготино, кај место викано „Антената“, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19) двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.

Сто пораки во центарот на Скопје за 100 дена од трагедијата во Кочани

Денеска, на 24 јуни, кога се навршија точно 100 дена од трагедијата во Кочани, низ центарот на Скопје граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ низ центарот на Скопје постави 100 пораки од граѓаните за системот.

Сто пораки во центарот на Скопје за 100 дена од трагедијата во Кочани

– „По една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош“.

-Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме. За разлика од системот кој направи сè за да нè дефокусира и дискредитира, напишаа на Фејсбук од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.

Утрово пораките беа оставени низ различни локации во центарот на Скопје и пред клучните институции.

притисни ентер