Растат тензиите пред истекот на договорениот прекин на огнот – ќе има ли договор или конфликтот ќе продолжи? - Канал 5

Растат тензиите пред истекот на договорениот прекин на огнот – ќе има ли договор или конфликтот ќе продолжи?

Истекуваат последните часови од двонеделниот прекин на огнот на Блискиот Исток, но неизвеснота и натаму доминира – дали оружјето ќе биде заменето со дијалог. 

Растат тензиите пред истекот на договорениот прекин на огнот – ќе има ли договор или конфликтот ќе продолжи?

Иако Исламабад е подготвен по втор пат да биде домаќин на разговорите меѓу САД и Иран, останува нејасно дали, со оглед на состојбите на терен, страните воопшто ќе се појават во Пакистан на предвидените мировни преговори во Хотел Серена, кој е веќе под силно обезбедување.

Техеран децидно порача – блокадата на иранските пристаништа е прекршување на примријето. Според собранискиот спикер – Галибаф ваквата состојба на терен е обид на САД да се претстави Иран во капитулантска позиција – нешто што кажа дека нема да се прифати.

-Трамп со наметнувањето на опсада и прекршувањето на прекинот на огнот, се обидува да ја претвори преговарачката маса – во својата имагинација – во маса за предавање или да го оправда oбновеното воено загревање. Не прифаќаме преговори под сенката на заканите, а во последните две недели, се подготвивме да отвориме нови карти на военото поле,-Мохамед Багер Галибаф – Собраниски спикер на Иран.

Ваквата порака, според странските медиуми, го одложи и планираниот лет кон Исламабад на предводникот на американската делегација – потпретседателот Џеј Ди Венс, чие тргнување, според нив, ќе се случи подоцна денеска. Претседаетлот Трамп испрати остра порака – Ќе преговарате или ќе се соочите со проблеми какви не сте виделе, откако викендов повторно споменуваше уништување на електраните и мостовите.

-Ќе преговараат, ако тоа не го сторат, ќе се соочат со проблеми какви што не виделе досега, ќе преговараат, и се надевам дека ќе направат фер договор и ќе си ја изградат повторно својата држава, но кога тоа ќе го сторат, нема да имаат нуклеарно оружје,--Доналд Трамп – Претседател на САД.

И со мир на Блискиот Исток, светот ќе има потреба од најмалку две години да се опорави од енергетската криза, а доколку продолжи, последиците ќе бидат од невидени размери, порача првиот човек на интернационалната агенција за енергија – Фатих Бирол.

-Oва е навистина најголемата криза во историјата. Кризата е веќе огромна со комбинирањето на ефектот врз горивата и кризата со гас со Русија – Фатих Бирол – претседател на интернационалната агенција..

Нафтата која поради затворањето на Ормускиот теснец и конфликтот постојано варира, во моментов се движи околу 94,5 долари по барел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автомобил со деветмина тинејџери слета во канал, тројца загинаа- трагедија во Италија (ВИДЕО)

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во Сенаго, во пошироката област на Милано, тројца млади луѓе ги загубија животите откако автомобилот слета во каналот.

Автомобил со деветмина тинејџери слета во канал, тројца загинаа- трагедија во Италија (ВИДЕО)

Несреќата се случила околу 5 часот наутро, кога Ауди во кое имало најмалку девет млади луѓе излетало од патот во каналот Вилорези во северна Италија, пишува „Кориере дела Сера“.

Потрага по исчезнатите и грижа за повредените

Спасувачките екипи го извлекоа телото на 18-годишно девојче од каналот. Во тек е потрага по телата на уште двајца млади мажи, 18-годишен и 17-годишник, за кои се верува дека се заробени во потопеното возило.

YouTube video

Неколку повредени лица, на возраст меѓу 17 и 19 години, се пренесени во болницата „Нигарда“ во Милано. Според достапните информации, нивните повреди не се сериозни и не се опасни по живот.

Истрагата е во тек

Според првичните податоци, автомобилот го управувал 19-годишен италијански државјанин. Во моментот на несреќата во возилото имало најмалку девет лица, од кои некои биле малолетници.

Пожарникарите сè уште работат на местото на настанот за да го извлечат возилото од каналот. Карабињерите од станиците Чезате и Ро истражуваат за да ги утврдат точните околности и причината за свртувањето на автомобилот од патот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Ирански функционер изјави дека спроведувањето на мировниот договор со САД не е можно без завршување на војната во Либан, што ќе биде предмет на преговори во Швајцарија. 

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје.

Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот на иранскиот претседател. Во објава на социјалната мрежа X пред денешните преговори во Швајцарија, тој напиша: „Продолжувањето на злосторствата на ционистичкиот режим во Либан ќе доведе до поништување на целиот договор“.

Средба во Швајцарија

Главниот преговарач на Иран, Мохамад Багер Багаи, објави дека Иран ќе го покрене прашањето за кршење на првичниот мировен договор на попладневната средба, објави државната новинска агенција Фарс. Портпаролот на иранскиот преговарачки тим додаде дека делегацијата планира да ги продолжи разговорите до вечерва и дека не се очекува тие да траат подолго.

Пезешкијан за нуклеарната програма

Во меѓувреме, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се осврна на барањата на САД Техеран да не се стекнува со атомско оружје, истакнувајќи дека поранешниот врховен лидер на Иран веќе јасно ставил до знаење дека Иран не го сака тоа. „Единственото нешто за кое Америка се грижи е што немаме нуклеарна бомба. Ова е нешто што нашиот лидер-маченик го кажа многу пати - не сакаме атомска бомба. Америка нè замоли да го запишеме и да го потпишеме, што и го направивме“, рече Пезешкијан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словачкиот премиер Фицо е подготвен за преговори со Путин

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека нема да пропушти можност за дијалог со рускиот претседател Владимир Путин. 

Словачкиот премиер Фицо е подготвен за преговори со Путин

„Нема да пропуштам никаква можност за дијалог со рускиот претседател Владимир Путин“, рече Фицо во видео обраќање до граѓаните објавено на Фејсбук, како што објави ТАСС.

Премиерот нагласи дека го поддржува дијалогот со Русија, но дека во исто време одржува контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај „дијаметрално спротивставените ставови за многу прашања“.

Словачка како мирна земја

Фицо нагласи дека Словачка останува мирна земја, посветена на почитување на меѓународното право.

„Треба да бидеме заинтересирани за одржување пријателски и меѓусебно корисни односи со сите што се однесуваат кон Словачка на ист начин“, изјави тој. Словачкиот премиер, исто така, го осуди она што го опиша како „двојни стандарди“ од страна на Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер