Раст на бројот на заболени од Ковид-19 во Белгија, според експертите нема причина за паника - Канал 5

Раст на бројот на заболени од Ковид-19 во Белгија, според експертите нема причина за паника

Бројот на заразени со Ковид-19 во Белгија бележи раст во последниве недели, но според вирологот на белгискиот Национален здравствен институт „Сајнсано“, Стивен Ван Гухт, засега нема причина за паника.

Раст на бројот на заболени од Ковид-19 во Белгија, според експертите нема причина за паника

Како што објави „Брисел Тајмс“, анализите во последните недели утврдиле зголемување на концентрацијата на вирусот во отпадните води, што се смета за релевантен показател за зголемен број инфекции меѓу граѓаните.

- Зголемувањето започна на почетокот на август, иако вообичано порастот започнува во септември. Немаме добро објаснување за тоа. Ако се погледнат апсолутните вредности, бројките засега се уште ниски – особено во споредба со претходниот бран, изјави Ван Гухт за Фламанското радио, посочувајќи дека тоа не е случај само во Белгија, туку и во други земји.

Како и во претходните години, експертот предвидува пораст на бројот на инфекции во октомври и ноември.

- Училиштата повторно проработуваат, а луѓето остануваат многу повеќе во затворени простории. Како што знаеме тие работи имаат влијание врз вирусот, вели Ван Гухт.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во Белгија во овој период циркулираат пет до шест варијанти на Ковид-19.

Од 26 април годинава, лицата во Белгија кои се позитивни на корона вирусот повеќе не се обврзани да одат во карантин. Според Ван Гухт, карантинот како мерка веројатно нема повторно да се воведе.

- Никогаш не вели никогаш, но враќањето на ригорозните мерки би ме изненадило. Треба да престанеме да размислуваме за тие термини. Тоа беше во периодот на пандемијата. Сега сме во следната фаза, изјави Ван Гухт.

Сепак, според него, препорачливо е оние лица кои ќе ги почувствуваат симптомите на Ковид-19 да останат дома.

- Тоа важи за секоја болест. Се разбира, носењето маски, миењето на рацете и тестирањата треба да останат добра практика, посочува белгискиот виролог.

Кон средината на септември во Белгија ќе започне кампањата за вакцинација против Ковид-19, но според Ван Гухт, младите и здравите лица немаат потреба од ново вакцинирање, туку тоа првенствено се препорачува на луѓе постари од 65 години и на хронично болите.

- Потребно е да се стекне што е можно поголем имунитет пред зимата и сезоната на респираторни вируси, заклучи Ван Гухт. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер