СветРасправа во Германија: Дали да се депортираат сириските криминалци назад во Сирија? Во Германија се води дебата за депортација на криминалните мигранти во Сирија.Но, дали таа земја е доволно безбедна за тие луѓе по нивното евентуално враќање? Експертите се скептични. Темата ја пренесува Дојче веле. Депортирајте ги сириски криминалци во нивната татковина, да или не? Дебатата повторно се разгоре во Германија - по (како што се претпоставува) нападот на џихадисти со нож во западногерманскиот град Солинген од човек со сириско потекло и по триумфот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) на изборите во источногерманските сојузни покраини Саксонија и Тирингија. Се разговара за депортација на деликвентни баратели на азил, но не само за нив. Овие дискусии дополнително се интензивираа со пишувањата во медиумите за бегалците кои наводно заминуваат на одмор во својата татковина. Сирија моментално е поделена на четири области контролирани од различни актери. Најголемиот дел од земјата, околу 60 отсто, е под контрола на режимот на претседателот Башар ал Асад. Мал дел на северозапад е под контрола на радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам. Малку посеверно, Турција контролира два региони лоцирани веднаш до границата. Североисточниот дел е претежно под контрола на курдските сили. Ниту еден од тие четири региони не е безбеден, нагласува политикологот Андре Банк од Германскиот институт за глобални и регионални студии (ГИГА). Тој заедно со експертот за Блискиот Исток Роња Хершнер е автор на неодамна објавената студија за безбедносната ситуација во Сирија. „Од моја гледна точка, човек не треба да биде депортиран во ниту еден од тие четири региони на Сирија во моментов“, вели Бан во интервју за ДВ. Според студијата, околу 9,6 милиони луѓе живеат во делот од земјата со кој владее Асад. Режимот на Асад, „еден од најрепресивните режими во светот“, како што го нарекува студијата, продолжува да практикува киднапирања, воени судења и тортура. Покрај тоа, режимот наводно одбива да даде информации за судбината на повеќе од 125.000 приведени лица. Познати се случаите на Сиријци кои биле депортирани од Либан, кои се изгубиле откако ја преминале границата или се вратиле во Сирија, вели за ДВ експертот за Блискиот Исток и политички консултант Карстен Виланд. „Веројатно биле уапсени од некои од тајните служби, можеби мачени или убиени. Документирани се цела серија случаи на исчезнати лица. Самиот факт дека многу бегалци претпочитаат да останат да живеат во мизерни услови во кампови во Либан или Јордан, наместо да се вратат во својата татковина, е доволен показател за тоа на што сметаат во случај на нивно враќање во Сирија: „Тие нема да можат да се вратат на својот превоен живот. Ниту ситуацијата во Идлиб во северозападна Сирија не е многу подобра. Околу три милиони луѓе живеат во регионот под контрола на радикалната исламистичка организација Хајат Тахрир ал-Шам - од кои 1,7 милиони се прогонети од Сирија. Опстанокот на речиси сите жители речиси целосно зависи од надворешната помош од Обединетите нации (ОН). Повеќе од 80% од луѓето во овој регион немаат пристап до вода за пиење во доволни количини, нема достапни санитарни јазли, а отстранувањето на отпадот не функционира, се вели во студијата напишана од Банк и Хершнер. Покрај тоа, јужниот и источниот дел од регионот често се мета на руски воздушни напади. Москва долго време го поддржува режимот на Асад. Тие напади се интензивираа по почетокот на војната во Газа. Поради нив, само помеѓу октомври и декември 2023 година, дополнителни 160.000 луѓе биле депортирани во областа на северозападна Сирија, често по втор или дури трет пат, се тврди во студијата. А, дополнително, таа област е контролирана од авторитарната влада на џихадисти од околината на Ал Каеда, вели Карстен Виланд, добар експерт за Сирија. Радикалните исламисти донекаде ја „омекнаа“ својата идеологија, вели тој: „Но, се разбира, тие сè уште се фокусираат на контролата, пред сè на жените, чии права ригорозно ги ограничуваат“. Загрозени се и оние што размислуваат поинаку, вели експертот: „Бунтот е опасен по живот“. Околу 2,1 милион луѓе живеат во областа под контрола на Турција на североистокот на Сирија, меѓу нив има и сириски бегалци депортирани од Турција. И таму нема безбедност. Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч документирала бројни случаи на напади на таканаречената Сириска национална армија, која се бори против Асад, или официјалната турска армија која соработува со неа. „Постојаните напади, тортура и исчезнување на луѓето кои живеат под турска власт во северна Сирија ќе продолжат доколку самата Турција не го спречи тоа“, рече Адам Кугл, заменик директор на Хјуман рајтс воч. Во предговорот на студијата објавена од неговата организација, тој додава: „Турските функционери не се само набљудувачи на нападите, тие сносат одговорност како окупаторска сила, а во некои случаи биле директно вклучени во извршување на очигледни воени злосторства“. Целосна безбедност нема ниту во североисточна Сирија, во главно автономната област контролирана од курдската Партија за демократска унија (PYD). Единиците за одбрана на народот (PYG), кои се поврзани со PYD, но и со Курдистанската работничка партија (PKK), која, меѓу другото, е забранета во Германија, во минатото се бореа против Исламската држава (ИД). . Во моментов, PYG е вклучена во вооружени конфликти и со турската армија и со силите лојални на Иран. Покрај тоа, курдските и арапските групи во регионот се борат за моќ и влијание. Сето тоа ги принуди владејачките структури во тој регион да ја засилат репресијата врз политичките противници, се вели во студијата напишана од авторите Банк и Хершнер. Тие се обвинети за присилно регрутирање, вонсудски ликвидации, самоволни апсења и тортура во затворите. Сирија не е безбедна во ниту еден од овие региони, се заклучува во студијата. На истото мислење е и Карстен Виланд: „На прашањето дали Сирија е безбедна земја, јас недвосмислено би одговорил не - и тоа важи за сите четири региони“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter