Петрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат
1Петрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
3Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
КултураРаспишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата - Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурсот за расказ“, а авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август. Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираатВладеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите.Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат. Затоа врхушката на СДС се спротивставува на сѐ што е успех. Нив ги плашат функционални институции. Тие впрочем ги градеа институциите за да можат ним да им бидат потчинети. Нив ги плаши Македонија и граѓаните да успеат. Затоа се талог и се наоѓаат на дното. На талогот во општеството не му одговараат победи, чесност, работа и систем на право и правда. Во таков систем никогаш нема да се вратат на власт, туку ќе завршат зад решетки. Затоа наместо политика и идеи, продаваат цинизам, песимизам, и недоверба кон иднината, бидејќи сакаат да го убијат духот на народот, на овој народ кој бил непокорен и кој се борел за слобода и своја држава. Нема да успеат! Македонија оди напред. Ќе победи работата. Ќе победи правдата. Бране ПетрушевскиТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
СветГермански брод цел на напад во Црното Море: Екипажот евакуиран, бродот онеспособенГерманскиот товарен брод „ЕМИЛ“ наводно бил погоден во напад со беспилотни летала во Црното Море во близина на Одеса, предизвикувајќи пожар и оставајќи го бродот без дел од своите технички системи, објавија германските медиуми.Германскиот товарен брод „ЕМИЛ“ наводно бил цел на напад со беспилотни летала во Црното Море, објави германскиот весник „Билд“. Според извештаите, бродот бил погоден неколку пати, предизвикувајќи пожар и прекин на работата на неколку технички системи, со што бродот не можел да маневрира. Додека екипажот бил евакуиран на безбедно место, бродот повторно бил нападнат, според германскиот весник. Во моментот на нападот на бродот имало 11 членови на екипажот, од кои ниту еден не бил германски државјанин. Според достапните информации, нема повредени. The German cargo ship "EMIL" was reportedly repeatedly targeted by Russian drones in the Black Sea. A fire broke out on board, leaving it unable to manoeuvre. All 11 crew members are said to be unharmed. #EuropeNews ➡️ https://t.co/HD77htHTyI pic.twitter.com/bbGIUjS9Jr — euronews (@euronews) August 6, 2026 Бродот „ЕМИЛ“ наводно бил погоден во Црното Море, на околу 21 наутички милји од украинското пристаниште Одеса. Бродот моментално плови под знамето на Либерија и е во сопственост на германската бродска компанија „Johann M. K. Blumenthal GmbH & Co. KG“, со седиште во Хамбург. Руското Министерство за одбрана ги потврди нападите на својот Телеграм канал. Москва соопшти дека нејзините беспилотни летала погодиле два товарни брода во Црното Море, јужно и источно од Одеса, преку ноќ, тврдејќи дека превезуваат воен товар. Другиот брод за кој се тврди дека е погоден е товарниот брод „Мера Квин“, кој плови под знамето на Гвинеја-Бисао. Според германскиот весник, еден член на екипажот е убиен во нападот. Извор: Б92Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПогребан руски генерал– загина во експлозија во Москва?Рускиот генерал-мајор Валериј Плохотњук, кој наводно загинал во експлозија во Москва на 1 август, е погребан денес, објави рускиот независен медиум Медиазона, повикувајќи се на податоци од отворени државни бази на податоци.Претходно, каналот Чека-ОГПУ на Телеграм објави дека погребот на генерал-мајор Валериј Плохотњук се одржа вчера на гробиштата Троекуровски во Москва. Според каналот, тој загинал во експлозија во ресторанот „Балзи Роси“ на 1 август. Во 2022 година, Плохотњук бил заменик-командант на 49-та комбинирана вооружена армија на Руската Федерација. Медиазона забележува дека, според податоците од државните регистри, Плохотњук починал на 1 август. Експлозијата на терасата на ресторанот „Балзи Роси“ во центарот на Москва се случила на 1 август. Руските канали на Телеграм првично објавија дека експлозијата е предизвикана од истекување на гас, но рускиот Национален антитерористички комитет подоцна соопшти дека е детонирана рачно изработена експлозивна направа донесена од жена. Таа, обезбедувањето на ресторанот кое одбило да ја пушти внатре, и еден од гостите починале на самото место, а 21 лице биле повредени. Утрото на 2 август, медиумите објавија дека бројот на жртви се искачил на пет, а најмалку шестмина се во сериозна состојба. Russian media have reported details of the attack near Moscow's Balzi Rossi restaurant, where an improvised explosive device detonated yesterday: ▪️ At around 7:50 p.m. Moscow time, a woman attempted to enter the Balzi Rossi restaurant, where a celebration was taking place. A… https://t.co/33lGq0TPgb pic.twitter.com/zC4uCfjtyF — Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 2, 2026 Руските медиуми објавија дека целта на експлозијата во елитниот московски ресторан можеби бил врховниот командант на руските воздухопловни сили, Александар Чајко, кој е на судење во Украина за воени злосторства, особено во Буча. Фактот дека Чајко бил цел на експлозијата го објавија и рускиот воен командант Кирил Федоров и каналот на Телеграм „Записки ветеринар“. Прорускиот пропагандист Анатолиј Шариј објави видео од подготовките за прославата во објектот. На ѕидот зад сцената пишувало „Александар 55“ – толку години Чајко наполнил на 27 јули. Извор: Б92Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter