Распишан тендер за нов оператор на стационар за бездомните кучиња во Штип

Стационорот за кучињата скитници во Штип е затворен, бидејќи во него немаше елементарни услови за грижа, како и вода за пиење, до објектот, кој е во близина на Градските гробишта во Штип нема водоводна линија.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека за проблемот е информиран од страна на здруженијата за заштита на животните и веќе во тек е тендер за нов оператор, кој ќе ги згрижува бездомните животни.

Инаку поради каснување или напад од кучињата скитници годишно пристигнуваат од пет до осум тужби. Правникот во Општина Штип, Трајче Ристов вели дека на годишно ниво Општина Штип не дава многу пари за вакви дела.

-До Основен суд Штип се поднесуваат во просек околу пет до седум предмети годишно по основ на надоместок на нематеријална штета. Оштетни побарување се движат најмалиот износ од 25.000 денари па до највисокиот износ од 60.000 денари и е обврска на судот да ја одмери овој вид на штета и во суштина се движиме од 200 до 300.000 денари на годишно ниво, вели Ристов.

Висината на штета зависи од проценката, бидејќи во предвид се земаат сите околности. Здруженијата за заштита на животните постојано се на терен и самите ги згрижуваат животните, бараат од граѓаните да бидат хумани кон нив, односно да им дадат храна или да ги згрижат.

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Еден час до затворањето на гласачките кутии..

Македонија гласа на двојните избори.. Повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Одиме прво во дик..

Таму е Михајло Видимлиски.. Михајло, она што најмногу ги интересира граѓаните - колкава е излезноста и има ли посериозни нерегуларности?

Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките места во Скопје

Македонија избира шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав – граѓаните излегоа да го остварат своето право на глас – но не секој од нив се одлучи да земе од двете избирачки ливчиња.

Екипи на Канал 5 од рано утринава беа во обиколка на неколку избирачки места, во општина Центар, Чaир, Карпош, Центар....

Oд она што го забележавме на терен, иако имаше граѓани кои гласаа за двата вида на избори, имаше и граѓани кои го остварија своето право на глас, но одбраа да гласаат само за парламантарните избори.

„Само едни, да ти кажам право само парламентарни, а за претседател тешко да има сега....“

„Да за давата...и за парламентарни и за претседателски...“

„И едно и друго, само да даде господ нешто малце да се смени...“

Велат надеж за подборо утре имаат, но не очекуваат некој поголеми промени.

„ДАј бог да има нешто да биде подобро....“

„Сигурно ќе биде нешто подобро мора да имаме некоја вера. “ –игор

„Па вајда некој промени нешто подобро....“

„Би сакала луѓето да бидат слободни и да ги остварат своите права....“

Согласно новите насоки од Државната изборна комисија на денешните двојни избори од страна на членовите на Избирачкиот одбор на граѓаните им се поставува прашањето „Дали сакаат да гласаат за двата вида избори, или само за парламентарни или претседателски“.

Кога се поставувало прашањето, дел од претседателите на некој од избирачките места, велат имало рекации од граѓани дека прашањето го чувствувале како притисок.

„Имаше неколку прашуваа го чувствуваа тоа како притисок, но бидејќи е тоа насока од ДИК им објаснувавме и се поминува во ред потоа.“

На избирчаките места раздвижено ...

Сите 3 480 избирчаки места во земајва беа отворени навреме.

„Почна од 7.00 се е во ред...“

„Навреме е отворено, галсањето тече во најдобар ред, гледате и сами нема никакви проблеми....“

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.

Лидерот на Хамас се крие длабоко под Газа, опкружен со заложници како човечки штит (ВИДЕО)

Лидерот на Хамас Јахја Синвар се крие длабоко под земја под Газа опкружен со заложници кои ги користи како жив штит!

Како што пренесува „Фокс њуз“, Израел ја уценува главата на лидерот на Хамас Јахја Синвар за 400.000 долари.

Се верува дека Синвар е организаторот на нападот на Хамас на 7 октомври во кој беа масакрирани речиси 1.200 луѓе, вклучително и повеќе од 30 американски затвореници. Информацијата дека Синвар се крие во тунели длабоко под земја, ја откри генералот Џек Кин, висок стратегиски аналитичар за Фокс њуз, кој е поранешен заменик командант на Здружениот штаб на американската армија.

„Мојот избор наведува дека Синвар, кој е главен лидер на Хамас во Појасот Газа, е опкружен со 15 до 20 заложници. Тој ги користи како жив штит за себе и за членовите на неговото семејство. Тие веруваат дека овие заложници се гаранција за неговиот опстанок е целосно во право да изврши воен притисок врз Хамас да ги ослободи сите киднапирани“, рече Кин.

Оваа информација се совпаѓа со изјавите на извори блиски до израелските безбедносни служби кои минатиот викенд потврдија за „Канал 12“ дека израелските одбранбени сили речиси го ликвидирале Синвар, кој живее „на позајмено време“ и кој „нема да ги преживее актуелните настани во Појасот Газа“.

Израел понуди награда од 400.000 долари за информација што ќе доведе до апсење или ликвидација на Јахја Синвар.

„Се чини дека му е особено тешко да донесе одлука и да постигне договор за ослободување на заложниците. Тој е свесен дека тоа значи крај на владеењето на Хамас во Газа. Во моментот кога ќе се согласи за ослободување на заложници, ќе го загуби најважниот билет за својот опстанок“, велат извори блиски до израелските безбедносни служби.

Користењето заложници како жив штит е против хуманитарното право. Се верува дека најмалку пет државјани на Соединетите Американски Држави се меѓу повеќе од 100-те заложници кои Хамас ги држеше во нападот врз израелските населби на почетокот на октомври.

Во тој напад беа киднапирани над 200 заложници, а благодарение на ноемврискиот договор, повеќе од стотина од нив, главно жени и деца, беа ослободени во замена за ослободување на десетици Палестинци од израелските затвори.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри почетокот на воените операции во Рафа, последниот голем град под контрола на Хамас во Појасот Газа и кој се наоѓа на самиот југ од енклавата, недалеку од границата со Египет. Се верува дека тука засолниште нашол Синвар.

Покрај уништувањето на Хамас, намерата на Израел е да ги уништи и тунелите меѓу Египет и Рафа, за кои се верува дека се користат за шверц на оружје. САД и многу западни сојузници одбија да ја поддржат израелската окупација на Рафа поради загриженоста за хуманитарна катастрофа и нов бран цивилни жртви.

Се верува дека Хамас има уште четири баталјони под своја контрола во Рафа со неколку илјади вооружени борци. Јаков Кац, соработник во Институтот за политика на еврејскиот народ и поранешен главен уредник на „Џерусалим пост“, вели дека Јахја Синвар е лукав и немилосрден:

„Синвар ја игра својата игра со Израел многу паметно од 7 октомври, понекогаш се чини дека го разбира Израел подобро отколку што самиот Израел се разбира.“.

притисни ентер