Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
ЖивотРаспишан огласот за „Истражи ја ЕУ“, може да аплицираат и македонски државјани родени во 2005 гЕвропската комисија го објави новиот оглас во рамки на проектот „Истражи ја ЕУ“, во чии рамки на 36.000 млади луѓе родени во 2005 година ќе им бидат доделени бесплатни билети за патување низ Европа, на кој можат да се пријават и македонски држаКако што јави дописникот на МИА од Брисел, право за пријавување на огласот, кој ќе трае до 18 октомври во 12 часот по средноевропско време, имаат родените во периодот од 1 јануари до 31 декември 2005 година. За да добијат билет за патување, младите треба да аплицираат на Европскиот младински портал и да одговорат на квиз прашања. Одбраните апликанти ќе можат да патуваат низ Европа во период до 30 дена од 1 март 2024 до 31 мај 2025 година. На огласот може да аплицираат млади од Европската Унија и од земјите опфатени со Програмата Еразмус+, односно Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Србија и Турција. Учесниците ќе можат да ја истражат новата европска Баухаус рута, започната во јануари 2023 година, која има за цел да ги инспирира младите луѓе при изборот на нивните дестинации и да ја подигне свеста за важноста Европската Унија да биде „убава, одржлива, обединета“. Тие ќе може да комбинираат различни дестинации, да ги посетат европските престолнини на културата и места од листата на светско наследство на УНЕСКО или носители на ознаката за европско наследство. Од 2018 година во рамки на овој проект се доделени 248.000 билети за патување на млади Европејци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%И ова може да биде вест во Република Македонија.Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај. 27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe. Меѓународниот аеродром Скопје е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6%. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја. Во текот на јули, охридскиот аеродром има раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Овие бројки се потврда дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија. Бојан СтојаноскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвршени 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јулиПриведени две лица, запленети 702 парчиња риба и 25 рибарски мрежи.Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото од Струга, ги приведоа во полициската станица и против нив се поднесени соодветни пријави. Во текот на акциските контроли, пронајдени се вкупно 25 т.н. висечки рибарски мрежи со должина од четири километри и деветстотини метри кои се најстрого забранети за лов на риба и вкупен улов од 702 парчиња риба охридска белвица, односно вкупно 97.1 килограми. Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, и во текот на наредниот период ќе врши акциски контроли по овој основ, како и по одредбите од Законот за внатрешна пловидба.Тагови: незаконит риболов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на ценитеДизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени. Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook