Распишан Конкурс за лого и логотип со текст „50 години Кинотека“ - Канал 5

Распишан Конкурс за лого и логотип со текст „50 години Кинотека“

Н.У. Кинотека на РСМ, во чест на јубилејот „50 години Кинотека на Македонија“ што ќе се одбележи во 2024 година – има во план да изработи специјално јубилејно лого (логотип со текст) за употреба во текот на целата наредна година. 

Распишан Конкурс за лого и логотип со текст „50 години Кинотека“

За таа цел и по тој повод, директорот на Н.У. Кинотека, распишува конкурс за лого и логотип со текст-„50 години Кинотека“, кој трае до 31 јануари 2024.

Како што појаснуваат од Н.У.Кинотека, главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека“се: предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства – освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката, логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout), логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања „50 години Кинотека“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик).

Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.Секој учесник може да поднесе едно до најмногу три идејни решенија

Решенијата да се поднесат во А4 формат на кој било од следните начини:

а) по пошта (на адреса: Н.У. Кинотека на РСМ, ул. Никола Русински бр.1, 1000 Скопје),

б) директно во Архивата на Кинотеката (ул. Никола Русински бр.1, Скопје).

Решенијата ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ.

- На авторот на избраното решение му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција; наградата за добитничкото дело е во износ од 30.000 денари ,информираат од Н.У Кинотека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот четири ја одбележа најуспешната година на Влатко и Златко Миладиноски

Четири турнеи на 4 континенти, четири големи солистички концерти, четири значајни награди и признанија, а наскоро и четврти солистички албум – бројот четири на необичен начин ја одбележа изминатата година во кариерата на Влатко и Златко Миладиноски

Бројот четири ја одбележа најуспешната година на Влатко и Златко Миладиноски

Во изминатиот период, македонската музика ја претставија пред публиката во Америка и Канада, Европа, Азија и Австралија. Четирите меѓународни турнеи ја потврдија нивната сè поголема популарност меѓу македонската дијаспора, но и посветеноста со која ја промовираат македонската песна надвор од границите на земјата.

Истовремено, зад нив се и четири солистички концерти одржани на некои од најзначајните концертни сцени во Македонија – Македонската опера и балет во Скопје, Античкиот театар во Охрид, арената „Борис Трајковски“ во Скопје и античкиот локалитет Хераклеа во Битола.

Секој од концертите понуди различно музичко и сценско доживување, но сите ги обединија препознатливиот звук на Миладиноски, македонската традиција и силната поврзаност со публиката.

Успешната година беше заокружена и со четири награди и признанија. Влатко Миладиноски ја доби наградата „Фолк концерт на годината“ на „Златна бубамара на популарноста“, како и признанието „Фолк пејач на годината“ на „Лазаров Awards“. Од Општина Кисела Вода му беше доделен „Златен клуч“ и признанието „Заслужен граѓанин“, додека македонскиот бренд RVR му подари специјално уметнички изработени патики, создадени во само еден примерок, како признание за неговиот досегашен труд и придонес.

Симболиката на бројот четири продолжува и во приватниот и во професионалниот живот на пејачот. Влатко се наоѓа во четвртата деценија од својот живот, а во подготовка е и неговиот четврти солистички албум. До неговото целосно комплетирање недостасуваат уште само четири песни.

„Дури сега, кога ги сумиравме сите активности и успеси од изминатата година, забележавме колку често се повторува бројот четири. Не знаеме дали е случајност, симболика или предзнак, но сакаме да веруваме дека најголемите успеси допрва доаѓаат. Благодарни сме ѝ на публиката што постојано е со нас и заедно со нас го живее ова музичко движење“, велат Влатко и Златко Миладиноски.

Дали „четворката“ е само интересна случајност или најава за ново големо поглавје во нивната кариера, ќе покаже времето. Засега е сигурно дека подготовките за новиот албум продолжуваат, а публиката наскоро може да очекува нови песни и музички проекти од Влатко и Златко Миладиноски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноември

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, објави тој утрово во вонредно свикана институционална изјава од палатата Монклоа.

Шпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноември

Одлуката доаѓа само три дена по големиот пораз на неговата малцинска влада во парламентот, каде што пратениците отфрлија два клучни декрети со кои владата на Санчез се обиде да одговори на продлабочувањето на кризата со домувањето.

Ова ќе го заврши сегашниот шпански законодавен дом околу девет месеци пред предвиденото.

Непосредната причина за одлуката беше гласањето одржано во петокот. Конгресот на пратениците ги отфрли двата владини декрети за домувањето.

Првиот пакет не успеа со 172 гласа „за“ и 178 „против“, додека вториот доби 166 гласа „за“ и 184 „против“. Конзервативната ПП, крајно десничарската Вокс и каталонските Хунтс гласаа против двата пакета. ПНВ и Коалисион Канарија беа исто така против вториот декрет.

Особено важен за малцинската влада на Санчез беше потегот на Хунтс, партијата на Карлес Пуџдемон, чии гласови од почетокот на овој мандат беа клучни за усвојувањето на голем број закони. објавува Журнал.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Во текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

ЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер