Раскошните тоалети на церемонијата на БАФТА наградите останаа во сенка на Кејт Мидлтон - Канал 5

Раскошните тоалети на церемонијата на БАФТА наградите останаа во сенка на Кејт Мидлтон

Кејт го удри Вилијам по задникот 

Раскошните тоалети на церемонијата на БАФТА наградите останаа во сенка на Кејт Мидлтон

Во неделата вечерта, бројни актерски ѕвезди се собраа во Кралската сала на 76-тото доделување на БАФТА наградите - настан познат и како Британски оскари. За разлика од претходните слични настани, на овој имаше многу помалку застапници на сè попопуларниот тренд – изроди на црвениот тепих, кои очајно сакаат да привлечат внимание со необичните костими.

Со својата елеганција, стил и гламур особено пленеа дамите од средната и постарата генерација актери, кои покажаа достоинство и харизма, и по којзнае кој пат потврдија зошто го носат епитетот холивудски легенди.

Познатата глумица Џулијан Мур на лондонскиот црвен тепих го донесе стариот холивудски гламур со едноставен црн фустан кој ја следеше нејзината совршена фигура, додека на голите рамена имаше пердувеста бела наметка. Таа неофицијално ја понесе титулата најдобро облечена актерка на овогодинешното доделување на наградите БАФТА.

Истите модни правила ги следела и Кејт Бланшет, која носеше оригинален кадифен, црн фустан и ѓердан од вечно елегантните бели бисери. Закопчана до грло, русокосата ѕвезда пленеше со харизма и шарм, па беше невозможно да не ја забележите на црвениот тепих.

Што се однесува до стилот и елеганцијата, модна лекција одржа и познатата актерка Џејми Ли Кертис, која носеше црно плишано сако и елегантно бело долго здолниште, како и Мишел Јео која носеше елегантен костум со боја на пудра.

Според британските новинари и модни критичари, една од најдобро стилизираните актерки била Лили Џејмс, која носеше необична, долга бела тоалета со детаљ во облик на машна на грбот од дизајнерката Тамара Ралф. Предниот дел од нејзиниот фустан имаше длабоко деколте во форма на решетка украсена со бисери. Овој ефектен фустан актерката го искомбинирала со едноставна ниска пунџа и дискретни обетки.

Флоренс Пју се појави во екстравагантна портокалова тоалета на модната куќа „Нина Ричи“. Со оглед на тоа што проѕирниот фустан го откриваше секој дел од нејзиното тело, постоеше расправа дали таа воопшто носи долна облека во боја на кожа или е целосно гола.

И Џоди Тарнер Смит го украде вниманието на црвениот тепих, таа носеше виолетов фустан украсен со светки. Комбинацијата ја надополнила со совршена шминка, очите ѝ беа нагласени додека на лицето имаше мали кристали.

Во сосема необично модно издание се појави и Хејли Атвел, која носеше шик фустан во црно-бела комбинација. Горниот фанки дел беше направен од реси и откриваше добар дел од нејзината кожа, а долниот дел беше во вид на црно елегантно здолниште кое се влечеше зад неа.

Кога станува збор за мажите, сите се согласија дека Еди Редмејн, кој се појави со неговата сопруга Хана Багшо, е најдобро стилизираниот маж на црвениот тепих. Носеше елегантен црн комбинезон и сите ги воодушеви со својот стил. Како што истакнуваат британските модни критичари, тој наскоро ќе го засени и Бред Пит.

За да не биде здодевно на црвениот тепих се погрижија Андреа Кристеа, која носеше откачен златен фустан, во кој повеќе личеше на дрво отколку на жена, Волис Деј со необичниот сребрен фустан и проѕирните потпетици, како и Ели Гулдинг, која носеше проѕирен сив фустан со предолги ракави што се влечеа по подот.

Инаку, едни од најголемите ѕвезди на овогодинешните БАФТА награди секако беа војводата и војвотката од Велс, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Имено, покрај тоа што Кејт блескаше во бел долг фустан надополнет со црни ракавици, на сите им го привлече вниманието со своето ноншалантно однесување, откако во еден момент го плесна по задникот својот сопруг, идниот крал на Британија.

@voguemagazine #KateMiddleton’s butt tap (grab?) of #PrinceWilliam is everything you need to see to know that royals are just like us and every married couple out there. As seen on the #BAFTAs ♬ original sound - Vogue

Многубројните обожаватели на кралското семејство не можеа да останат рамнодушни на ова невообичаено однесување на принцезата, па под снимата се редеа стотици коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роденденски концерт на Филхармонија со британската трубачка Матилда Лојд

Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот ќе го одржи својот роденденски  концерт, со кој ќе одбележи 82 години од формирањето.

Роденденски концерт на Филхармонија со британската трубачка Матилда Лојд

Концертот е насловен „Заратустра“, а како солистка ќе настапи британската трубачка Матилда Лојд. Диригент е маестро Конрад ван Алфен, а на програмата се Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан и тонската поема „Така зборуваше Заратустра“, оп. 30.

Во 2026 година, Матилда Лојд стана првата трубачка која ја добила наградата за млад уметник на Кралското филхармониско друштво (Royal Philharmonic Society Young Artist Award). Признанието ѝ беше доделено за нејзината блескава музикалност, позитивната енергија што ја зрачи во сè што работи, како и за нејзината посветеност да ги инспирира младите да се занимаваат со музика. Списанието BBC Music Magazine ја опиша како „трубачка од исклучителен формат“. Со своето впечатливо присуство на современата класична музичка сцена, таа ја освојуваја публиката со беспрекорниот тон и виртуозното владеење со трубата, а истовремено придонесува и во создавањето на новите генерации класични музичари преку својата педагошка дејност како професорка по труба во Лондон. Сезоната 2026/27 за Матилда го носи нејзиниот деби-настап во Канада, каде што ќе го изведе Концертот за труба од Џон Вилијамс со Оркестарот „Метрополитен“ и диригентката Стефани Чајлдрес во Монтреал. Следуваат и концертни настапи со Симфонискиот оркестар на Лахти и диригентката Барбара Драган во Финска, со Симфонискиот оркестар на градот Бирмингем под диригентство на Казуки Јамада, како и со оркестрите Hallé и Royal Northern Sinfonia во Обединетото Кралство, под диригентство на Кристијан Салинен. Во октомври Матилда подготвува динамична програма што се протега од Хиндемит до Гершвин, која ќе ја изведе со ансамблот Ensemble 360 во рамките на концертната серија Music in the Round во Шефилд. Во пролетта следува турнеја низ Италија и Холандија со барокна програма, заедно со ансамблот Concerto di Cavalieri. Нејзините камерни музички соработки повторно ќе ја одведат во Вигмор Хол во Лондон и во Бриџвотер Хол во Манчестер, каде што ќе настапи со квартетот Goldmund. Во мај 2027 година Матилда ќе реализира турнеја во Холандија со ансамблот The Gesualdo Six. На програмата ќе биде музика од нивниот албум „Radiant Dawn“, објавен за издавачката куќа Hyperion во август 2025 година, кој во критиката на BBC Music Magazine беше оценет со пет ѕвезди и опишан како „инвентивен“. Во 2027 година Матилда ќе го има и својот деби-настап на фестивалот Kissinger Sommer, откако во 2026 година за првпат настапи на фестивалите Schleswig-Holstein, Zagreb Classic и Bregenz Summer Festival. Меѓу значајните моменти од сезоната 2025/26 се издвојува и нејзината прва турнеја во Азија, со настапи со Корејскиот национален симфониски оркестар под диригентство на Лоренс Ренес, како и изведбите на Концертот за труба „night-sky-blue“ од Хелен Грајм на фестивалот Gaida во Вилнус и со Националниот оркестар на Би-би-си на Велс. Во мај 2027 година Chandos Records ќе го објави нејзиниот следен проект – снимка на Концертот бр. 1 за пијано, труба и гудачки инструменти од Дмитриј Шостакович, со пијанистот Федерико Коли, диригентот Дима Слободениук и Бергенската филхармонија. Нејзината високо ценета дискографија за Chandos ја одразува нејзината смела уметничка визија и широкиот репертоарски опсег. Меѓу изданијата се издвојува нејзината „впечатлива нова интерпретација“ на Концертот за труба од Мечислав Вајнберг, објавена на албумот „Resonance“ со Лондонскиот симфониски оркестар во 2024 година, за која Gramophone Magazine даде особено позитивна оценка. На албумот „Casta Diva“, снимен со Britten Sinfonia во 2023 година, Матилда интерпретира италијански оперски арии. Нејзиното издание „Fantasia“ за труба и орган, објавено во септември 2025 година, ги поврзува новите транскрипции на барокна музика од Бах, Кребс и Мартини со четири нови дела нарачани од водечки британски композитори. Посветеноста на Матилда кон современата музика се огледа и во создавањето на нови концерти за труба, меѓу кои „LUCK“ од Робин Хејг, нарачан во рамките на заедничка иницијатива на фестивалот Алдебург и оркестарот Ulster Orchestra во 2024 година. Во моментов се работи и на уште два нови концерта за труба. Матилда е исклучително посветена на развојот и охрабрувањето на новата генерација музичари, како и на создавањето заедница во која музиката се доживува како простор за самоизразување, заедништво и радост. Покрај настапите ширум светот, таа одржува мајсторски курсеви на водечки музички конзерваториуми и универзитети, ги менторира младите британски дувачки музичари преку програмата Future Talent и, како амбасадорка на хуманитарната организација Brass for Africa, ја поддржува употребата на музиката како средство за општествена промена во Кампала, Уганда. Покрај техничката извонредност, Матилда подеднакво внимание посветува на менторството и педагошката работа, особено во своите улоги како професорка по труба на Trinity Laban Conservatoire во Лондон и како раководителка на одделот за труба во програмата OAcademy Global Artist Diploma, наменета за млади професионални музичари во развој. Матилда дипломирала на Trinity College, Кембриџ, и на Кралската академија за музика, а потоа се усовршувала кај Хокан Харденбергер на Академијата за музика во Малме. Во 2014 година ја освоила првата награда во дувачката категорија на натпреварот BBC Young Musician, а две години подоцна го имала својот солистички дебитантски настап на BBC Proms, со диригентот Алпеш Чаухан и Филхармонискиот оркестар на Би-би-си. Матилда е добитничка на повеќе награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и првата награда на Меѓународниот натпревар за труба „Ерик Обије“ во Руан, Франција, во 2017 година. Во сезоната 2024/25, Матилда беше номинирана од Barbican и Konserthuset Stockholm за престижната титула ECHO Rising Star. Во рамките на оваа програма одржа 18 концерти на најзначајните европски концертни сцени, меѓу кои Concertgebouw во Амстердам, Wiener Musikverein во Виена и Elbphilharmonie во Хамбург. Во 2026 година Матилда беше одликувана со титулата Associate of the Royal Academy of Music (ARAM), како признание за нејзиниот значаен придонес кон музичката професија. Денес Матилда живее и работи во Берлин и е Yamaha Artist.

Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интенационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Неодамна успешно дебитирал со Филхармонискиот оркестар од Брисел, со „Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар „Светланов“ во Москва. Бројни солисти ја уживале неговата придружба, како што се: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо-Глебски. Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот нацинален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пациент запалил болнички кревет во Берлин: 15 лица се повредени, наредена итна евакуација

Полицијата истражува случај на можен подметнување пожар, откако во неделата навечер, во болница во Берлин, еден пациент наводно го запалил својот кревет. Во инцидентот се повредени петнаесет лица.

Пациент запалил болнички кревет во Берлин: 15 лица се повредени, наредена итна евакуација

Според истражителите, пациентот го запалил креветот во соба на првиот кат од болничката зграда, која се наоѓа во берлинската населба Лихтенберг (Источен Берлин), изјави портпарол на полицијата.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но чадот се проширил и во други делови од зградата, поради што била неопходна евакуација на еден дел од болницата.

Тринаесет лица се здобиле со полесни повреди.

Една медицинска сестра и пациентот, кој е осомничен за предизвикување на пожарот, добиле медицинска помош поради вдишување чад. Медицинската сестра е пуштена дома по укажаната амбулантска помош, додека пациентот останува хоспитализиран.

Полицијата започна истрага за да ги утврди сите околности поврзани со пожарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Три конкретни мерки за младите

До сопствен стан по цена 20% пониска од пазарната, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поголема поддршка за студентите.

ВМРО-ДПМНЕ: Три конкретни мерки за младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни политики и мерки насочени кон младите, со јасна цел да им овозможи подобри услови за живот, полесно решавање на станбеното прашање и поголема финансиска поддршка во текот на образованието.

Ќе се реализираат три значајни мерки кои директно одговараат на едни од најголемите предизвици со кои се соочуваат младите, како што е обезбедувањето сопствен дом и студентскиот стандард за време на студирањето.

Првата мерка предвидува најмалку 10% од станбената површина во новоизградените станбени објекти да биде наменета за млади брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20% пониска од пазарната. Оваа обврска ќе биде регулирана со закон, а градежните компании ќе мора да ја исполнат за да добијат дозвола за градба. Со ова се создава конкретна можност младите брачни парови полесно да дојдат до сопствен стан и да го решат едно од најважните животни прашања, обезбедувањето сопствен дом.

Втората мерка предвидува целосно ослободување од комуналии за младите брачни парови до 35 години кои ќе одлучат да градат сопствена куќа. И оваа мерка ќе биде законски регулирана, а ќе важи на територијата на целата држава. На овој начин значително ќе се намалат почетните трошоци за изградба на сопствен дом, со што младите семејства ќе добијат дополнителна финансиска поддршка и полесна можност да ја реализираат својата животна инвестиција.

Третата мерка е насочена кон студентите и предвидува воведување студентска картичка како дел од апликацијата М-услуги, преку која студентите ќе добијат најмалку 20% пониски цени, не само за топол оброк, туку и за низа други производи и услуги.

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Овие три мерки се дел од определбата на ВМРО-ДПМНЕ да понуди конкретни решенија за реалните потреби на младите, наместо политиката да се сведе на празни ветувања и декларативна поддршка. Нашата цел е младите да имаат услови да формираат семејства, да обезбедат сопствен дом, да се образуваат и да ја градат својата иднина во Македонија.

Како ВМРО-ДПМНЕ остануваме посветени на политики кои носат реални придобивки за младите, затоа што тие не се само иднината на државата, туку и нејзин најважен потенцијал денес.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер