Раскинала со момчето водоинсталатер, па утрото ја дочекала шокантна глетка - Канал 5

Раскинала со момчето водоинсталатер, па утрото ја дочекала шокантна глетка

На социјалните мрежи повторно се шири приказна на една девојка за бизарната одмазда на нејзиното поранешно момче, водоинсталатер.

Раскинала со момчето водоинсталатер, па утрото ја дочекала шокантна глетка

Неименувана девојка на Редит сподели како раскинала со своето момче затоа што бил скржав и не оставал бакшиш за келнерите.

Откако раскинала со него, таа отишла во спалната соба за тој да се спакува на мир и заспала. Следното утро открила дека тој ѝ се одмаздил со тоа што ѝ ја украл тоалетната школка.

"Ми ја украде тоалетната школка! Тој е лиценциран водоводџија и знаеше што прави. Нема да лажам, и јас се смеев подоцна. Раскинувањата може да бидат интересни", напишала таа.

I split up with my boyfriend yesterday. I fell asleep while he was packing and he stole my toilet.
byu/shelblikadoo inWTF

Инаку, неговиот потег тогаш и не ѝ бил толку смешен бидејќи морала да трча во блискиот ресторан секогаш кога требало да оди во тоалет,објави Индекс.

"Ова е урнебесно. Жал ми е за раскинувањето и губењето на тоалетот, но морам да се смеам. Го отстранил многу педантно", е еден од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Железна Тврдина - проекција, БФФ Охрид (Beach Film Festival )

Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм,  “Железна тврдина.

Железна Тврдина - проекција, БФФ Охрид (Beach Film Festival )

Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина”, во режија на Митко Панов.

Aктерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитација на Психијатриската Болница во Демир-Хисар, и гости меѓу кои: Paul Gordon, Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски, Атиџе Муратова и Боби Додевски-Шлукс.

Железна тврдина – филмска работилница, го користи формалниот пристап својствен на документарниот но и играниот филм, и како таков го претставува новиот, хибриден, филмски израз. Базиран на вистински случки, филмот воплотува елементи на фикција и фантазија. “Она што започнува како набљудувачки запис од секојдневниот живот и креативни вежби, полека се трансформира во конструиран филмски свет обликуван од самите учесници. Просторот на болницата станува истовремено реална средина и сцена за фиктивни ситуации, каде што личните приказни, фантазиите и креираните идентитети почнуваат да се преклопуваат. “ ”Железнта тврдина се појавува како слоевит, духовит хибрид во кој реалноста и фикцијата, разумот и лудилото, свесното и несвесното се испреплетуваат, потсетувајќи нè дека ‘видено oдблиску, ништо не е ’нормално’.”

Проекцијата ќе се одржи во присуство на авторите. Влезот е СЛОБОДЕН.

Во програмата која следи ќе биде прикажан и Самоуништување, на продуцентот-актер Јовица Михајловси, познат како прв Македонски независен филм, 1996.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција

Другарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција.

ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

Другарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција.

Откако му заврши музичката кариера во локалните меани во Ѓорче Петров, сега почнува да говори за борба против корупција.

По се изгледа тој мисли дека треба да покаже како тој соработуваше со криминалот и корупцијата во Ѓорче Петров, за што во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат.

Дополнително, Наумоски бара зголемување на плати на судиите и обвинителите, затоа што и тој уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата.

Затоа се борат за судиите и обвинителите, за да можат уште да ги штитат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува: „Чувствата“ на Мицкоски ги поклопија правото и правната држава

„Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава.

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува: „Чувствата“ на Мицкоски ги поклопија правото и правната држава

Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци.

Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем и ја загрозуваат поделбата на власта.

Клучните наоди се јасни:

Високи владини функционери водат јавни кампањи за дискредитација на судии и обвинители, со цел да ги замолчат и да ги претворат во партиски послушници.

Измените на Кривичниот законик повторно отвораат опасен простор за неказнивост и заштита на криминалот.

Корупцијата останува широко распространета, а сомнежите за проблематични тендери се множат.

Истовремено, буџетот за правосудството за 2025 година е намален за 4,3%, со што судовите се туркаат во уште поголема финансиска зависност.

Ова е европска дијагноза за заробеното правосудство под власта на ВМРО-ОКГ и потврда на сè што СДСМ го говори со месеци.

Нема реформи. Нема независно судство. Нема правда.

Има политички притисоци, контролирано правосудство и обид за заштита на криминалот и продолжување на неказнивоста.

Затоа ВМРО-ОКГ намерно го кочи пристапувањето кон Европската Унија. Европската интеграција значи посилни механизми за контрола, независни институции и вистинска борба против корупцијата.

Токму од тоа се плаши власта на Мицкоски – од систем во кој законите ќе важат за сите и во кој секој што сторил криминал ќе одговара.

Извештајот од Брисел е црвен картон за Мицкоски и неговата власт.

Со организирана криминална група нема правна држава – има партиска држава во која „чувствата“ на премиерот се поставени над Уставот и законите.

Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер