3Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов
Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
1Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
КултураРасказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и ГрцијаРасказот „Удвојувања“, нова прозна творба на писателот Томислав Османи, е објавен во Хрватска, Србија и Грција. Најновите објави, како што информира авторот, доаѓаат по неодамнешното публикување на расказот во антологијата со која се чествува јубилејниот роденден на Петре М. Андреевски. Расказот на Османли е една од 19-те прози на истакнати македонски раскажувачи, кои по иницијатива на авторката и уредничка Оливера Ќорвезироска и на книгоиздателството „Арс Ламина“ од Скопје, се специјално напишани за ова чествување со антологијата „Книга за Петре“, неодамна објавена и промовирана во МАНУ од академиците Влада Урошевиќ и Венко Андоновски. -Расказот „Удвојувања“ веднаш по неговата објава на македонски, деновиве доживува објави на грчки јазик во елитната ревија за култура и општествени прашања „ Ένεκεν“ од Солун, во српскиот литературен портал„Sinhro“ https://sinhro.rs/tomislav-osmanli-udvajanje-prica/ како и во подеднакво угледниот хрватски портал „Tris” https://tris.com.hr/2024/07/prica-tomislava-osmanlija-visestruko-nagradivanog-makedonskog-pisca-udvajanja-udvostrucenja/ со седиште во Шибеник. Преводите на трите јазици ги реализира самиот автор на расказот, наведува авторот. „Удвојување“ е сторија за крајната отуѓеност на малиот човек и запоставениот граѓанин, административниот работник пред пензија Петар Петров кој, притиснат од сѐ поотуѓеното општество во кое и тој и сличните на него изгубиле секакво значење, одучува да изведе еден особен, дискретен протест. И оваа проза му припаѓа на жанрот кој нашиот автор одамна го именуваше „капричо“ во кој клуч се напишани расказите од неговите збирки „Каприча – елегии и гротески, апсурди во проза“ и „Парадоксикон – 12 прози кај комични, таму и тажни за вчудовиденост, сатиричноста, сарказмот, очудноста, за гротеската, фарсата и за парадоксите што не престануваат да нѐ населуваат“ за која инаку Томислав Османли го доби Рациновото признание за 2020 година. Брзиот одзив на регионалните списанија во објавата на новата творба на македонскиот писател е потврда дека и оваа ангажирана проза на Османли има не само домашно и локално, туку и општо знаење. Трите објави едновремено се и творечко потсетување на книжевниот лик на Петре М. Андреевски, еден од најзначајните македонски и бившо југословенски книжевни дејци. Во спомнатите три книжевни медиуми, како и во повеќе други регионални и меѓународни списанија, портали и весници, Османли е повеќекратно објавуван автор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
ФудбалВо Сараево ноќеска никој не спиеше по победата на Светското првенство (ВИДЕО)Победата на Босна и Херцеговина против Катар предизвика голема прослава во Сараево, каде што илјадници навивачи се собраа на плоштадите, улиците и фан-зоните за заедно да го гледаат натпреварот од Светското првенство.Ерупција од воодушевување следеше по последниот свиреж на судијата. Навивачите пееја, се прегрнуваа и славеа со факели, знамиња и песни, а центарот на градот на моменти изгледаше како голема навивачка сцена. Меѓу собраните имаше навивачи од сите генерации - од најмладите кои го следеа натпреварот во дресови на националниот тим до постарите фудбалски навивачи кои живееја заедно секој момент од натпреварот. Особено емотивни сцени беа забележани по победата, кога навивачите се прегрнуваа и се фотографираа за да го овековечат моментот. Што е следно за Босна и Херцеговина? Со победата против Катар, Босна и Херцеговина го заврши својот настап во Групата Б со четири бода. По нерешено против Канада, пораз против Швајцарија и победа над Катар, БиХ го освои третото место во групата и се приближи до пласман во нокаут фазата. View this post on Instagram A post shared by Sportal.rs (@sportalrs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМедицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителствотоСтолевска уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите.Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите. -Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите коишто се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување орган. Во тој момент се наоѓаат во многу тешка ситуација, а истовремено придонесуваат да се продолжи нечиј друг живот. Сакам да упатам апел кон целата популација во нашата држава за што почесто дарување на органите, затоа што сите сме потенцијални пациенти, потенцијални донори и никогаш не знаеме што би било во иднина, истакнува Столевска Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваме кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема. -Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот Алиу. Тагови: органодарителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени во два земјотреса, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, кои ја погодија Венецуела утрово по средноевропско време.Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина се водат како исчезнати. Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од Каракас. Venezuela 🇻🇪: Entire homes collapsed in the town of Diego Ibarra in Carabobo state. pic.twitter.com/UsllX7YEsm — Thomas van Linge (@ThomasVLinge) June 25, 2026 Вршната претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба откако два земјотреси и последователни потреси ја погодија земјата, соборувајќи згради во главниот град Каракас и на други места, и им изрази сочувство на семејствата на загинатите во обраќање на државната телевизија. Edificio Oasis, Playa grande La Guaira, Venezuela Totalmente colapsado ! Tremendo como se oyen los gritos!! pic.twitter.com/pY8pSy2SPr — Alerta Mundial (@TuiteroSismico) June 25, 2026 „Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Исто така, сакам да кажам дека ова е вистинска трагедија. Оттука испраќаме порака за солидарност и повторно изразуваме сочувство и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во овие тешки часови“, рече Родригез. Venezolano se graba corriendo las escaleras de su edificio mientras ocurría los dos terremotos que azotaron Venezuela, se pueden ver como las escaleras están agrietadas. pic.twitter.com/PWcRqTq87I — 🇻🇪 amilcarrock 🇺🇦 (@amilcarrock) June 25, 2026 Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter