Рашковски прифати, па откажа гостување во „Само Вистина“ и „Само Интервју“ - Канал 5

Рашковски прифати, па откажа гостување во „Само Вистина“ и „Само Интервју“

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, иако првично прифати, го откажа гостувањето во Канал 5 ТВ.

Рашковски прифати, па откажа гостување во „Само Вистина“ и „Само Интервју“

Веднаш по информацијата дека тој заминал на одмор во Мексико, во ек на аферата за набавката на софтверот, Канал 5 стапи во контакт со Рашковски кој изрази подготвеност веднаш по враќањето да се појави на ТВ дуел со претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова добивме на 31 март, но потоа од за нас непознати причини, тој се предомисли. Како алтернатива, а се во интерес на јавноста и одговорите што ги должи, му беше понудено гостување во „Само Интервју“ на 9 април, што првично исто така беше прифатено, и од тие причини најавено на нашата програма. Но, за жал, Рашковски по неколкудневна интензивна комуникација на 6 април, во вторникот, не информираше дека нема да може да гостува поради "објективни причини" и дека „жали но ќе мораме да си бараме друг гостин“. Колку причините на Рашковски се објективни, останува прашање на кое само тој го има одговорот, но факт е дека Канал 5 направи се што беше во нашите можности да се реализира гостувањето, во било која форма - дуел или интервју, што впрочем му беше и понудено.

Оттаму, со индигнација ги отфрламе сите обиди на одредени политички и самонаречени „медиумски“ експоненти, на било каков начин, да го нарушат интегритетот на телевизијата, импутирајќи некаков притисок од владејачката структура. Дополнително, сите алузии за некаква наша поврзаност со било каков политички или економски субјект го сметаме за директен атак врз работата на нашиот вистински балансиран , според позитивните законски прописи - медиум, и директен упад во уредувачката политика.

Канал 5 останува отворен за сите политички и општествени чинители како во своите Вести така и во останатите мега успешни информативни проекти „Само Вистина“, и „Само Интервју“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Мерц поднесува оставка?

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе ја напушти функцијата до католичкиот Божиќ, односно до 25 декември, изјави денеска основачката на партијата БСВ, Сара Вагенкнехт.

Дали Мерц поднесува оставка?

„Претпоставувам дека Фридрих Мерц нема повеќе да биде канцелар до Божиќ“, изјави Вагенкнехт во интервју за мрежата RND.

Засега, БСВ е единствената партија што сигнализираше подготвеност за соработка со „Алтернатива за Германија“ (AfD), што отвора можност таа партија да ја предводи покраинската влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали ЕУ добива нова членка?

Фон дер Лајен, денеска во своето обраќање за состојбата на Унијата изјави дека ЕУ сака да го „подигне партнерството со Канада на највисоко можно ниво“

Дали ЕУ добива нова членка?

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во своето обраќање за состојбата на Унијата изјави дека ЕУ сака да го „подигне партнерството со Канада на највисоко можно ниво“ и заеднички да работи на „отворање на вратата за Канада да стане прва придружна членка на ЕУ“.

„Ова не е партнерство против некој друг, туку партнерство за нашата заедничка сила“, рече Фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент – на кое присуствуваше и канадскиот премиер Марк Карни – додека нејзиниот предлог беше поздравен со стоечки овации од присутните пратеници и комесари во салата во Стразбур.

Фон дер Лајен му посака добредојде на канадскиот премиер, кој треба да се обрати пред Европскиот парламент утре, истакнувајќи дека неговото присуство е „симбол на трајното пријателство меѓу нашите народи“.

„Марк, Европа и Канада веруваат во демократијата. Таа моќ не им припаѓа на најсилните, најбогатите или најгласните, туку на сите нас. Тоа значи дека демократиите имаат слобода да изберат со кого ќе соработуваат“. „Токму затоа доброволно ги здружуваме силите“, рече Фон дер Лајен.

Таа изјави дека просперитетот и безбедноста на ЕУ – „во оваа ера на пресвртни моменти“ – нема да се градат само дома, наведувајќи ги како примери новите трговски договори со Австралија, Индија, блокот Меркосур, Мексико и Индонезија.

„Овие партнерства се стратешки избор за Европа, но тие исто така одговараат на пукнатините во меѓународниот систем заснован на правила“, рече Фон дер Лајен.

Според неа, иако некои можеби ќе изберат да дејствуваат самостојно, тоа не е опција за ЕУ.

Таа додаде дека Европа секогаш ќе го предводи патот во одбраната на системот заснован на правила, но повеќе не може да се потпира само на тој систем за да ги обезбеди своите интереси, ниту пак да претпоставува дека правилата ќе ја заштитат од сложените закани со кои се соочува.

Фон дер Лајен заклучи дека во овој нов свет, ЕУ мора итно да ги преиспита своите партнерства и да изгради глобални коалиции за да ја обезбеди својата отпорност и да ја зајакне демократијата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австријка нападната од ајкула за време на екскурзија на Бахамите

Триесет и седумгодишна Австријка се здоби со тешки повреди при напад од ајкула на Бахамите, додека учествуваше во туристичка екскурзија што вклучуваше пливање со делфини.

Австријка нападната од ајкула за време на екскурзија на Бахамите

Инцидентот се случил на околу 5,5 километри од брегот на островот Бимини, потврди бахамската полиција, пренесува „ABC News“.

Според официјалните извештаи, жената претрпела тешка повреда на десниот скочен зглоб. Нападот се случил завчера, а веднаш потоа – околу 17:30 часот – таа била пренесена во Клиниката во Бимини.

Поради сериозноста на повредите, 37-годишната жена набрзо била префрлена со хеликоптер во Њу Провиденс, главниот и најнаселен остров на Бахамите, на понатамошно лекување.

Бахамската полиција започна истрага за да ги утврди сите околности на нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер