Рашкоска: Берово ќе добие современа автобуска станица

„Можеби не сум совршена,но сум храбра,како жена и како мајка да се борам за мојот град,да се борам да остануваат нашите деца тука, да им помагам на луѓето,нешто што во континуитет го правам веќе долги години,зошто така сум учена и така сум воспитувана

„Не сакам да бидам само нем набљудувач за се што ни се случува. Затоа го направив овој чекор, кандидат за градоначалник, зошто сигурна сум дека можам да дадам свој придонес во мојот град со моите врати, секогаш отворени за граѓаните како и досега и со решавање на проблемите кои ги имаат, зошто по природа сум човек кој сака да ги решава проблемите, а не да ги акумулира. Зошто ако добро работиме сите ќе си останат во родниот град Берово", истакна кандидат за градоначалник на општина Берово, Елеонора Рашкоска на митингот.

Рашкоска додаде дека за самата состојба на општината говорат големите бројки на иселеност на младите, па и на цели фамилии со деца, во општината веќе владее белата чума општина, Берово станува општина на возрасни луѓе.

„Затоа во општина Берово секоја година има се помалку ученици и се помалку новородени деца, во последните години нема отворање на нови производствени капацитети,а имаме затварање на постоечките, имаме се помалку лекари, а за специјалисти да не зборуваме, имавме автобуска станица со редовни локални и меѓуградски линии, а сега нема, и се тоа е знак за недобро работење и на локалната самоуправа која и граѓаните веќе не ја гледаат како добар партнер за соработка и решавање на проблемите од секојдневието", рече Рашкоска.

Рашкоска посочи дека нејзината визија за Берово е да го врати стариот сјај кој го имаше, повторно да биде град на боеми, занаетчии и еснафи, град на културата, град во кој повторно ќе го има „Беровското културно лето", град кој ќе има добра инфраструктура и со сите услови кои се еквивалент за услови на 21-ви век.

„Во нашата општина има многу за работа, затоа ќе посочам дел од клучните проекти кои ќе бидат двигател за подобра економски, стабилна општина Берово.

· Ниски и рамни даноци и да нема зголемување на општинските даноци;

· Покривање со квалитетна канализациона и комунална инфраструктура во целата општина, која подразбира и решавање на проблемите со водоснабдувањето, со крајна цел чиста и здрава вода за пиење до секоја куќа, до секој дом;

· Дислокација и изградба на нова и современа автобуска станица по модел на јавно – приватно партнерство и враќање на локалните и меѓуградските линии за превоз на граѓаните на општина Берово;

· Постојана реконструкција и рехабилитација на постојните улици во Берово и населените места, како и асфалтирање на нови улици, како во Берово така и во населените места во општината;

· Адаптација и пренамена на дел од паркот на кеј на река Брегалница во отворена младинска летна сцена, со можност за одржување на концерти, гостување на театарски групи, перформенси и стендап настапи и организирање на локални културни манифестации", вети Рашкоска.

Рашкоска укажа дека приоритет треба да биде да вложување во капацитетите во противпожарната служба и тоа од аспект на добро опремени и современи противпожарни возила, добра екипираност и вложување во човечкиот потенцијал во противпожарната служба и добра институционална координираност, за да се победува во битката со елементарните непогоди.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Буркина Фасо ги забрани Би-Би-Си и Гласот на Америка поради известување за масовни гробници

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците Би-Би-Си и Гласот на Америка на две недели поради нивното известување за масовни гробници.

Би-Би-Си и Гласот на Америка објавија податоци од извештајот на Хјуман рајтс воч за масовни убиства на цивили од страна на вооружените сили на земјата.

Според извештајот објавен од ХРВ вчера, војската убила околу 223 цивили, меѓу кои 56 деца, во селата за кои верувале дека соработуваат со бунтовниците.

Портпаролот на владата на Буркина Фасо, Тонсир Мирјан Корин Сану, рече дека двете радио станици ќе бидат суспендирани на две недели и ги предупреди другите медиуми да избегнуваат известување за тие случувања.

ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“

Европската комисија донесе одлука за прогласување на веб страницата за електронска трговија со седиште во Сингапур, „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“ согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквата одлука е донесена откако е утврдено дека „Шејн“ во просек месечно има над 45 милиони корисници во ЕУ, што е услов една интернет страница да добие статус на „многу голема онлајн платформа“.

Согласно оваа одлука, најдоцна до крајот на август „Шејн“ ќе мора да се усогласи со строгите правила што важат за „многу големите онлајн платформи“ согласно Законот за дигитални услуги, како што се засилување на мерките за заштита на корисниците, вклучително и на малолетниците и соодветна проценка и ублажување на сите можни системски ризици кои произлегуваат од нејзините услуги, како што се ширење на илегални содржини, продажба на фалсификувани или забранети стоки и заштита на брендови и интелектуална сопственост.

Врз основа на ДСА, Европската комисија на 25 април минатата година прогласи 19 веб страници, социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за е-трговија за „многу големи онлајн платформи“, кои до крајот на август мора целосно да се усогласат со строгите правила на Законот што се предвидени за платформите со ваков статус .

Дополнително, ист статус Еврокомисијата на 20 декември 2023 година им го додели на уште три сајтови, кои треба да се усогласат со ДСА до крајот на месецов.

Со најновата одлука, статус „многу големи онлајн платформи“ имаат вкупно 23 сајтови, социјални мрежи, пребарувачи и страници за е-трговија и тоа „АлиЕкспрес“, „Амазон“, „Бинг“, „Букинг“, „Википедија“, „Гугл Мапс“, „Гугл Плеј“, „Гугл Срч“, „Гугл Шопинг“, „Еп Стор“, „Заландо“, „Икс“, „ИксВидеос“, „Инстаграм“, „Јутјуб“, „Линкедин“, „Пинтерест“, „Порнхаб“, „Снепчет“, „Стрипчет“, „ТикТок“, „Фејсбук“ и „Шејн“.

Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија

Шведската елитна лига нема да воведе систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалските клубови го изразија своето противење на технологијата, изјави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Шведска (SvFF), Фредрик Рајнфелд.

ВАР постојано е во центарот на контроверзи во лигите каде е воведен, со поплаки поврзани околу обемната анализа и одложувањата кои често траат неколку минути.

Во јули 2023 година, шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии, порача дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.

„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и две области кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР“, изјави денеска Рајнфелд, кој е поранешен премиер на Шведска, за весникот Афтонбладет.

„Ние го почитуваме тоа. Затоа на претходниот состанок на Претставничкиот комитет воопшто не изнесовме предлог за ВАР и не го предвидувам тоа ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на игра“, истакна првиот човек на шведскиот фудбал.

притисни ентер