Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
ЖивотРаритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотекаМузејот на Универзитетската библиотека со раритетна библиотечна поставка е во стариот објект на некогашната „Градска народна библиотека“, импозантна градба прогласена за споменик на културата што се наоѓа во старото заштитено градско јадро.Најстарите раритени книги во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола датираат од пред повеќе од два века, а во Музејот на библиотеката сведочат и печатарските машини на кои се испечатени прогласот за Првото заседание на АСНОМ и вториот број на весникот „Нова Македонија“. Музејот на Универзитетската библиотека со раритетна библиотечна поставка е во стариот објект на некогашната „Градска народна библиотека“, импозантна градба прогласена за споменик на културата што се наоѓа во старото заштитено градско јадро. Првите погледи во внатрешноста на Музејот, нашите посетители ги вперуваат во две печатарски машини кои сведочат за нашето културното и историско минато, вели Маријан Колевски, библиотекар на работно место – информации. - На печатарската машина „Paul Muller“-Berlin, испечатен е тиражот на вториот број на весникот „Нова Македонија“. Познат е точниот ден и месец кога тоа се случило, односно весникот е печатен во вторник на 14 ноември 1944 година, во тогашната Државна штампарија и цинкографија „Гоце Делчев“ во Битола. Во Музејот изложена е и печатарска машина „Josef Anger & Sohne“-Wien, која била користена во печатницата „Гутенберг“-Битола и на која се печателе летоци, прогласи и други материјали во годините на окупацијата. Со изложената машина во нашиот Музеј, испечатен е „Проглас од Првото заседание на АСНОМ“, одржано на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински. Печатницата „Гутенберг“ беше во сопственост на браќата Владимир и Петар Димови од Битола. Во значајните музејски машини и предмети се една хефталица со која се спојувале страниците и листовите на печатените материјали, потоа стега, преса со која се лепеле и прицврстувале печатените материјали во процесот на работа, но и други предмети, нагласи Колевски. Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола е современа установа која почнала со 300 книги, а денеска располага со преку 500.000 единици библиотечен материјал, од нив значаен дел или над 70.000 се библиотечни добра кои го отсликуваат минатото на градот и државата. Старите и ретки монографски и периодични публикации кои што се издвоени од останатиот библиотечен материја се изложени во музејската постава на библиотеката со цел да се презентираат до јавноста. Библиотеката располага со 279 уникатни примероци на книги кои што во нивниот библиографски запис се означени како раритетни. -Најстарата публикација печатена во Париз е прирачник по медицина од 19 век, издание од 1853 година на француски јазик, односно Manuel de médecine opératoire, односно прирачник за оперативна медицина од авторот Joseph François Malgaigne. За посетителите посебно внимание привлекува изложениот препис на познатото „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ од 1816 година, потоа Добромирово Евенгелие од 12 век, второто оригинално издание од 1919 година на книгата „Божествена комедија - Пеколот“ од Данте Алигиери, печатено на хрватски јазик, а ги имаме и романот Vie de Jésus (Животот на Исус) од Ернест Ренар издаден во 1863 година, прирачникот Manuel du chimiste-agriculteur од Арманд Флорент Пурие издаден во 1866 година, една публикација издадена во 1871 година во Цариград во „Печатница на Македонија“, монографски публикации од периодот 1879-1945 година, периодични публикации од 1927-1973 година и други. Но, имаме и книги што се во фаза на реставрација, а кои биле донирани од битолчани кои ги чувале во своите домашни библиотеки. Тоа се книги кои останале во конзулскиот период на градот, а се пишувани на француски, грчки, руски, српски и други европски јазици печатени и издадени по 1800 година. Во депото на библиотеката грижливо се чува и првиот том од делото „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој, печатено во Москва во 1912 година, посочи библиотекарот Колевски, кој од 2022 година е уредник на списанието „Библиотечен тренд“. Библиотеките имаат голема традиција и влијание во културната историја на секоја држава. Нивната главна функција им овозможува на корисниците пристап до нивните фондови, а со тоа и пристап до културното богатство кое го поседуваат. Библиотечниот материјал што е утврден како библиотечно добро согласно Законот за заштита на културното наследство и реткиот библиотечен материјал и согласно на акт за заштита, е прогласен за културно наследство и истиот е под посебен правен режим на заштита како културно наследство. Меѓутоа, појаснува Колевски, како културно наследство во смисла на овој закон се сметаат и материјални и нематеријални добра коишто, како израз или сведоштво на човековото творештво во минатото и сегашноста или како заеднички дела на човекот и природата, поради своите археолошки, етнолошки, историски, уметнички и други научни и културни вредности, својства, содржини или функции, имаат културно и историско значење и заради нивна заштита и користење се наоѓаат под правен режим и посебна заштита. -Нашите посетители долго време минуваат набљудувајќи ги личните предмети и раритетни примероци на ракописи од Анте Поповски, Владимир Костов и Ванчо Николески. Фотографирањето до непроценливо вредната оставштина од поезијата на Анте Поповски, романи на Владимир Костов или дела на писателот Ванчо Николески е неизбежен сегмент при посетата на нашиот Музеј. Веднаш до ова изложебно катче се и повеќе македонски стари книги меѓу нив „Македонски правопис“ изработен од Комисијата за јазик и правопис при Министерството на народната просвета, Збирка на македонски народни песни од Блаже Конески, „Бели мугри“, песни од Кочо Рацин, едночинката „Гладна кокошка просо сонуе“ издание на Мала Остенова библиотека, читанка за трето одделение, Буквар за возрасни, книга за Кочо Рацин, „Сердарот“ од Григор Прличев и други. Со откривање и зачувување на овие книги кои сведочат за нашите сопствени корени, ние ја градиме и извишуваме нашата сопствена култура.. Затоа наша обврска е да се грижиме за тој материјал најдобро што можеме, да го откриваме и промовираме нашето културно минато и да воспоставиме со него единствен и културен континуитет кој ќе претставува основа на нашата држава за идните генерации, посочи Колевски. НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола во 1954 година е прогласена за македонски депозитар и има постојан прилив на библиотечен материјал кој претставува нејзин задолжителен примерок. Архивскиот примерок го сочинуваат преку 70.000 единици библиотечен материјал кој што е со континуиран прираст. Библиотеката располага и со 1227 одбранети магистерски трудови во период од 1978-2021 година и 399 докторски дисертации од 1978-2023 година кои што исто така претставуваат задолжителен примерок на установата т.е. нејзино библиотечно добро. Библиотечните добра со кои располага установата претставуваат значаен библиотечен материјал кој дава слика на нашето културно и историско минато, и секако во него е презентирана историјата на овој простор и темелните вредности на македонскиот народ./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44