Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат
2Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат
Шоу бизРаперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираатМузичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс наводно користи недозволен мобилен телефон и консумира алкохол додека ја издржува казната во федералниот затвор „FCI Fort Dix“ во Њу Џерси, објави NBC News. Според истите извори, Комс наводно го набавува лекот „Ремерон“ од други затвореници, а поседува и модифициран таблет на кој гледа филмови. Музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс наводно користи недозволен мобилен телефон и консумира алкохол додека ја издржува казната во федералниот затвор „FCI Fort Dix“ во Њу Џерси, објави NBC News. Според изворите на медиумот, 56-годишниот Комбс наводно троши илјадници долари месечно за да обезбеди одредени привилегии додека е во затвор. Посебни оброци NBC News исто така објави снимка на која наводно се гледа како Комбс користи прошверцуван телефон. Изворите тврдат дека други затвореници готват за него, чистат, му ја перат облеката, па дури и му прават масажи. Еден од нив наводно пиел коњак „Хенеси“ (Hennessy) заедно со Комбс. Се вели дека и други затвореници му подготвуваат специјални оброци, како што се пилешко во сос од кари, пица и емпанади, додека поединци наводно му ги чистат тоалетот и туш-кабината пред тој да ги користи. Според истите извори, Комбс наводно го набавува лекот „Ремерон“ од други затвореници, а поседува и модифициран таблет на кој гледа филмови и документарни емисии. Наводно, тој добива голем број писма од обожаватели, кои другите затвореници ги чуваат за него – заедно со телефон – бидејќи во неговата ќелија нема доволно простор. Портпаролот на Комбс ги отфрли овие тврдења, изјавувајќи за списанието „Пипл“ (People) дека „секојдневниот затворски живот“ се претставува сензационалистички во медиумите. Тој нагласи дека Комбс ја издржува казната во согласност со правилата и ја очекува одлуката на судот по неговата жалба. Федералното биро за затвори одби да го коментира конкретниот случај, наведувајќи безбедносни причини. Сепак, агенцијата истакна дека недозволените предмети – особено мобилните телефони и наркотиците – остануваат постојан проблем во затворскиот систем. Тие додадоа дека на затворениците им е забрането користење мобилни телефони и дека се соочуваат со санкции доколку ги прекршат правилата. Комбс беше уапсен во септември 2024 година по повеќемесечна истрага. Тој беше обвинет за сексуална трговија, рекетирање и превоз на лица со цел проституција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерката Јаневска им посака добредојде на бруцошите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти.На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти, нагласувајќи дека тие се најголемиот потенцијал што го има Македонија. „Овие млади луѓе избрале со високо образование да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаења и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да се вклучат во светот на брзи технолошки, економски и општествени промени. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место за учење, поставување прашања и истражување. Бидете љубопитни и храбри во потрагата по нови знаења“, рече министерката Јаневска во обраќањето пред студентите, професорите и академската заедница. Покрај предавањата, колоквиумите и испитите, студентите имаат можност за вклучување во истражувања, научни проекти, академски размени, летни школи и различни обуки, а Јаневска ги охрабри да ги искористат затоа што ќе им отворат нови хоризонти. „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на државата. Токму затоа високото образование е еден од нашите најважни приоритети. Во Министерство за образование и наука посветено работиме на создавање подобри услови за студирање, на модернизација на студиските програми, поголема поддршка за науката и истражувањето и на јакнење на врските меѓу високото образование и потребите на пазарот на труд“, посочи министерката Јаневска. Во оваа насока, спроведени се евалуации на дел од постојните студиски програми, а акредитирани се и повеќе нови, со цел понатамошно усогласување на високото образование со европските стандарди и потребите на општеството. Со порака дека Министерството ќе продолжи со конструктивна соработка со студентските организации, Јаневска ги повика студентите активно да учествуваат во академскиот живот, да ги споделуваат своите предлози и иницијативи и да придонесуваат во креирањето на подобри услови за студирање, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи да биде нивен партнер во унапредувањето на студентскиот живот и образовниот процес. Во делот на студентскиот стандард оцени дека се реализираат значајни инвестиции во студентските домови. Два студентски дома во Скопје се темелно и енергетски ефикасно реконструирани – „Стив Наумов“ е веќе вселен со студенти, а наскоро ќе биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Во наредниот период ќе продолжи модернизацијата и на останатите студентски домови во државата. Јаневска го најави новиот конкурс за студентски стипендии, кој покрај постојните ќе опфати и нови категории на корисници, меѓу кои и студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, со цел да се овозможи поголема достапност на високото образование за сите млади. Посакувајќи успешна академска година, министерката ја нагласи важната улога на професорите во создавањето образовани, одговорни и етички личности кои ќе придонесуваат за развојот на општеството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Македонија Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиотОва е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател.Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Почитувани, Ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба. Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци. Ова е говор на уценет човек. Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница. Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Дозволете да констатирам дека ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар. Навистина сме загрижени. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок. Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Инаку, Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината. За крај, како координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, јасно го осудувам говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
МакедонијаАеродром обезбедува бесплатна обука по англиски јазик за младиОпштина Аеродром им овозможува на младите на возраст од 15 до 30 години бесплатно да ги унапредат своите знаења по англиски јазик, да ги развијат комуникациските вештини и да стекнат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR.Обуката ќе ја спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое ќе реализира интензивен курс за најмногу 50 учесници. Програмата ќе биде организирана во соодветни групи, согласно со почетното ниво на јазично знаење на учесниците. Обуката е практично ориентирана, со современи наставни методи и интерактивна настава, со посебен фокус на комуникацијата и практичната употреба на англискиот јазик во секојдневниот, образовниот и професионалниот живот. При селекцијата на учесниците, приоритет ќе имаат лицата од социјално и економски ранливи категории, како и младите, кои поради материјални, социјални или други околности, имаат ограничен пристап до дополнително образование од ваков тип. Учесниците ќе имаат можност: • да го унапредат своето знаење и комуникациските вештини; • да го збогатат вокабуларот и да ја подобрат граматичката точност; • да ја подобрат говорната и писмената комуникација; • да стекнат поголема самодоверба при користење на англискиот јазик; • да добијат сертификат за постигнатото ниво Б2 согласно со CEFR по успешното завршување на програмата. Бројот на места е ограничен на 50 учесници, а почетокот на програмата е предвиден за 1 ноември 2026 година. Рокот за пријавување трае до 15 октомври 2026 година. Пријавувањето се врши на [email protected], со наслов на пораката: „Пријава – Бесплатна обука по англиски јазик“ Во е-пораката е потребно да наведете: Име и презиме, возраст, телефон за контакт и место на живеење. Локацијата на одржување на обуката и другите детали ќе бидат дополнително објавени. Јавниот повик може да се најде на општинската интернет страница https://aerodrom.gov.mk/или на следниов линк:https://l1nq.com/na2wli9 Знаењето е инвестиција во иднината. Искористете ја можноста. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05