Раперот Девито уништи Ламборџини од 250.000 евра, па отпосле откри дека банкротирал (ВИДЕО) - Канал 5

Раперот Девито уништи Ламборџини од 250.000 евра, па отпосле откри дека банкротирал (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните српски рапери Девито не крие дека ужива во плодовите на трудот и луксузниот живот, а многумина ги шокира со видеото на кое може да се види како уништува „Ламборџини“ од 250.000 евра.

Раперот Девито уништи Ламборџини од 250.000 евра, па отпосле откри дека банкротирал (ВИДЕО)

Девито досега имал неколку скандали, а сега отиде чекор понатаму и со новото видео ги шокира многубројните фанови на социјалните мрежи.

Имено, поради неговиот начин на живот, Девито често е на удар на критики, па на социјалните мрежи често може да се најдат коментари и прозивки за неговата скапа гардероба и часовници, како и луксузните автомобили што ги поседува.

Еден од неговите автомобили беше причина за бројни прозивки, а на интернет почнаа да кружат шпекулации дека Ламборџинито со кое се фалел пред неколку месеци всушност не е негова сопственост, туку дека е изнајмен од германски сервис за изнајмување.

Девито сега реши да се огласи и со неочекуван потег во негов стил испрати јасна порака до сите.

- Момци, ги потрошив сите пари за албумот, немам повеќе за плаќање на ратите - рекол Девито, а потоа со син спреј на автомобилот вреден 250.000 евра напишал „rent-a-car“.

@devitodevito

RENT A CAR :( PLAVA KRV 23/5 00:00h

♬ original sound - devitoanonymo

Потсетуваме, Девито неодамна ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил, по што дел од обожавателите помислија дека решил да стави крај на музичката кариера, додека меѓу многуте коментари на социјалните мрежи имаше и такви кои тврдеа дека раперот се решил на овој чекор, затоа што наводно банкротирал, пишува српски Курир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер