Рапер е осуден на 12 години затвор поради брутално убиство на 23- годишно момче - Канал 5

Рапер е осуден на 12 години затвор поради брутално убиство на 23- годишно момче

Францускиот рапер МХД, чие вистинско име е Мохамед Слога, е осуден на 12 години затвор за убиство на млад човек во Париз во 2018 година.

Рапер е осуден на 12 години затвор поради брутално убиство на 23- годишно момче

Имено, МХД е прогласен за виновен за убиството на 23-годишната Лоик К, објави француската телевизија БФМ ТВ.

Петмина други обвинети исто така се во затвор за убиството и добија казни од 10 до 18 години. Тројца мажи биле ослободени.

Во својата последна изјава пред судот, МХД инсистирал дека е невин.

– Од почетокот тврдев дека сум невин во овој случај и ќе продолжам да тврдам дека сум невин – рече тој, пренесе агенцијата АФП.

Лоик К починал ноќта на 5 јули 2018 година, кога бил удрен од црн мерцедес, а потоа претепан и избоден од десетина лица.

МХД негирал дека бил на местото на злосторството, но локален жител го снимил нападот од неговиот прозорец и мерцедесот бил идентификуван дека му припаѓа на раперот, пренесува АФП.

Новинската агенција соопшти дека другите сведоци го идентификувале по фризурата и ножот.

MHD е познат по мешањето на трап музиката со музиката од Западна Африка во жанрот што тој го измислил „Afro Trap“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничка

Полициски службеници од СВР Куманово упасиле 40 годишен жител од Куманово поради напад на малолетничка.

Уапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничка

-На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Струга рече дека премиерот Христијан Мицкоски не е на објавениот список на државници и функционери кои ќе остварат средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

„Гледаме огромна делегација во посета на САД, за која, според нашите информации, брои над 50 луѓе. Граѓаните имаат право да знаат кој ги плаќа високите трошоци за ова патување. Денеска е објавен списокот на државници и функционери со кои ќе се сретне претседателот Трамп, а Христијан Мицкоски не е на тој список“, рече Филипче.

Тој посочи дека американската администрација добро знае какви политики спроведува Владата на Мицкоски.

„Очигледно е дека американската администрација добро знае дека Христијан Мицкоски предводи Влада која внесува кинески пари во земјата, спротивно на нашите заеднички интереси со стратешкиот партнер Соединетите Американски Држави. Оваа власт ја поткопува демократијата и воспоставува контрола врз медиумите преку руско-српските врски“, истакна Филипче.

На тој начин, нагласи претседателот на СДСМ, не се води држава и не се исполнуваат обврските кон стратешките партнери – Европската Унија и САД.

„Еден од показателите за нарушените односи е тоа што, за првпат од осамостојувањето, Америка ја намали воената помош за нашата земја“, рече Филипче.

YouTube video

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

Во Македонија стана невозможно да се живее поради огромниот раст на трошоците и катастрофалното управување со економијата од страна на Владата на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Струга.

На средбите граѓаните ги споделуваат своите секојдневни проблеми, пред сè поврзани со животниот стандард, семејните финансии и растот на цените, рече Филипче.

„Синдикалната кошничка за само еден месец е зголемена за речиси 1.000 денари. Кога ќе се додадат трошоците за кирија за просечен стан или ратата за станбен кредит, таа достигнува близу 90.000 денари. Во Македонија стана невозможно да се живее со криминалната власт предводена од Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Тој предупреди дека огромната економска и финансиска криза, предизвикана од лошото управување на власта, во следниот период дополнително ќе се продлабочува.

„Во последниот објавен квартал од 2026 година има само 18 милиони евра странски инвестиции, во споредба со 250 милиони евра во времето на владите на СДСМ. Тоа е еден од најјасните показатели дека државата економски тоне“, истакна Филипче.

Дополнителен товар за граѓаните е најавениот нов заем од 1,3 милијарди евра, кој ќе го отплаќаат идните генерации.

„Поради промашените проекции и огромната дупка во Буџетот, Владата повторно ја задолжува државата. Новите задолжувања не се користат за развојни проекти што ќе создадат економски раст, туку за покривање тековни трошоци и исплата на плати“, рече претседателот на СДСМ.

Во услови кога работниците и семејствата не можат да врзат крај со крај, Филипче ја повика власта да го поддржи предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра.

„Тоа е најмалку што власта може да го направи за луѓето чиј единствен приход е минималната плата. Истовремено, потребно е да им се помогне на компаниите и приватните бизниси, за зголемувањето да не претставува дополнителен товар за нив. Затоа предлагаме субвенционирање на придонесите за делот од зголемувањето на платите“, порача Филипче.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=ly1khMpBrmw

Скопје, 20.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Северна Кореја лансираше проектил – за кој се претпоставува дека е балистичка ракета – кон Јапонското Море, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица.

Ова последно лансирање на проектил уследи откако Пјонгјанг претходно во септември истрела повеќе балистички ракети кон Јапонското Море.

Јапонската министерка Санае Такаичи им наложи на надлежните владини служби да соберат и анализираат информации во врска со најновиот инцидент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер