Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
2Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
ЗдравјеРани знаци на хипертироидизам и хипотироидизамИако тироидната жлезда е мала жлезда што се наоѓа на предниот дел на вратот, нејзината функција има клучна улога во одржувањето на рамнотежата на телото. Тироидната жлезда ги произведува хормоните Т-3 (тријодотиронин) и Т-4 (тироксин), коишто преку крвта се пренесуваат до сите клетки и ја регулираат нивната функција. Прри нарушување на тироидната жлезда, има различни симптоми и тие се манифестираат на повеќе начини. Препознавањето на предупредувачките знаци на проблеми со тироидната жлезда е важно за навремена дијагноза и третман. Кога, на пр., тироидната жлезда произведува премногу хормони, сите процеси во телото се забрзуваат, предизвикувајќи така различни нарушувања. Тоа се нарекува синдром на хиперактивна тироидна жлезда или хипертироидизам. Најчестите симптоми се: Тахикардија и срцеви неправилности. Пациентите со хиперактивна тироидна жлезда често имаат забрзан пулс (над 100 отчукувања во минута), па може да доживеат и прекокнување во ритамот на срцето, болка во градите и треперење. Дигестивни нарушувања. Забрзаното варење може да доведе до дијареа, а некои пациенти може и брзо да ослабат, иако јадат големи количини храна. Вознемиреност и треперење. Ова се јавува како чувство на немир, трепет на телото, особено на рацете, како и психички немири, анксиозност, фобии и намалена концентрација. Проблеми со видот. Заматен вид, двојна слика, пецкање во очите и тешкотии со затворање на очните капаци - се само дел од симптомите кои укажуваат на хипертироидизам. Проблеми со спиењето. Лош сон, отежнато заспивање и прекинат сон се, исто така, вообичаени симптоми. Губење на влакната. Се јавува како паѓање на косата, но и веѓите, трепкитеитн. Менструални неправилности и намалена плодност. Жените може да забележат неправилности или зголемена опасност од прекин на бременоста. Промени на кожата и ноктите. Кожата може да стане сува, а ноктите - кревки и кршливи. Намалената работа на тироидна жлезда е позната како хипотироидизам. Тоа предизвикува забавување на телесните функции. Симптомите на хипотироидизам вклучуваат: Поспаност и замор. Луѓето со слаба тироидна жлезда често се чувствуваат исцрпени и поспани, дури и по квалитетен сон. Намалена концентрација. Помалата способност за сосредоточеност може да доведе до послаби резултати на училиште, работа итн. Зголемување на телесната тежина. Задржување на течности во телото, отечени очни капаци и раце, како и зголемување на телесната тежина, често се поврзуваат со хипотироидизам. Проблеми со циркулацијата. Чувството на забрзано срце и покачен крвен притисок може да се појави дури и при мирување. Запек и варење. Бавното варење доведува до запек. Се јавува и се намалува. Менструални неправилности и губење на либидото. Жените со хипотироидизам може да забележат неправилни циклуси, а и послабо либидо и слаба плодност може да бидат знаци. Ментални проблеми. И депресија, анксиозност, намалена интелектуална функција и промени во расположението може да се појават како резултат на слаба тироидна жлезда. Губење на косата и промени на кожата. Како и хипертироидизмот, и хипотироидизмот, исто така, предизвикува опаѓање на влакната и промени на кожата, којашто станува сува, испукана итн. Очни нарушувања и пецкање во телото. И двојно гледање, трнење во телото, чувство на „грутка“ во грлото, отежнато голтање и проблеми со дишењето - се дел од последиците. Проблемите со тироидната жлезда, без разлика дали станува збор за хипертироидизам или хипотироидизам, може значително да влијаат на здравјето и квалитетот на животот. Препознавањето на симптомите и нивното навремено лекување е од клучно значење. Доколку забележите некој од горенаведените симптоми, препорачливо е да се консултирате со лекар кој ќе ги направи соодветните тестови и ќе ја утврди причината за проблемот. Со навремена интервенција може да се спречат посериозни здравствени компликации и да се врати рамнотежата во тело. Hypothyroidism and Hyperthyroidism: key Things To Note Your thyroid is the small, butterfly-shaped gland in your neck You can call it the CEO of your metabolism. When it’s working normally, you feel alright. But when it things gk wrong, either being too slow… pic.twitter.com/gRyFPTWKZ9 — 🔥🍫Pharm.Unique (@celebritypharm) February 27, 2025 Фото:XТагови: Тироидна жлезда дијагноза симптоми Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКОМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава.Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво. Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот тим ќе оствари средби со претставници на надлежните институции и други релевантни чинители, со цел оценување на постојните антикорупциски механизми, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување. Министерството за правда ја истакнува важноста на соработката со ГРЕКО и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото.Тагови: ГРЕКО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функцијаПо повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи. „Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски. Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција. Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи. Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи. „Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас. Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните? Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови? Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа? Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи? Зошто се молчи за овие прашања? Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто? Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор? Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00