3Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЗдравјеРани знаци на деменцијаДеменција е состојба на непрекинато опаѓање на функцијата на мозокот. Тоа може да влијае на помнењето, но и вештините за размислување, говор, разбирање и расудување. Затоа, важно е да се препознаат некои од најчестите симптоми.Голем број луѓе се борат со деменција, но свесноста во општеството за тоа сè уште останува ниска. И покрај се почестите дискусии за менталното здравје, многу малку луѓе се свесни за предупредувачките знаци на деменција. Затоа, британскиот психијатар, проф. Ахмед Ханкир открива на кои симптоми треба да се обрне внимание, а тоа се: Заборавање работи, предмети или неодамнешни настани, губење нешта или нивно погрешно поставување, изгубеност и расеаност при одење или возење, проблеми во разговор, наоѓање зборови и тешкотии во извршувањето познати задачи. Луѓето со деменција честопати се наоѓаат како бесцелно талкаат по улица, бидејќи се изгубени или не можат да ја препознаат својата околина, иако со години живеат во иста населба и улица. - Лицата со деменција понекогаш забораваат некои нешта, на пример имињата на роднините и пријателите, датумите за состаноци или роковите за плаќањето сметки. Тие, исто така, може да заборават да ја исклучат рерната и да ја заклучат влезната врата. Тука е и честото губење предмети, на пр. клучеви или парични... На луѓето со деменција може да им биде тешко да ги изразат своите мисли и да разберат што зборуваат другите, па тоа ги отежнува разговорите. Покрај тоа, тие често се борат со едноставни задачи, како готвење или други секојдневни обврски коишто порано ги правеле со леснотија, појасни Ханкир. Психијатарот посочува дека овие симптоми не мора да значат деменција, но ги советува сите засегнати лица да одат на лекар заради соодветна проценка и преглед. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНадвор од контрола: „Gemini“ хакираше три компанииМоделот за вештачка интелигенција на „Google“, „Gemini“, пристапи до интернет и хакираше три компании за време на тест на неговите способности за сајбер-безбедност.Ова е првиот познат случај во кој системот за вештачка интелигенција на компанијата самостојно извршил таква активност, објави Ројтерс. Хакирањата се случија во мај, за време на тест за сајбер-безбедност спроведен од „Irregular“, независна фирма за проценка на сајбер-безбедноста. За време на стандардните процедури за тестирање, „Gemini“ пронајде јавно достапни информации на интернет и ги погоди акредитивите за пристап до три веб-страници кои беа дел од опсегот на тестот, изјави Хедер Адкинс, потпретседателка за безбедносно инженерство во „Google“. „Се погриживме тие три организации да бидат известени и соработувавме со нашиот партнер за тестирање околу промените што тие сега ги имплементираа во своите процеси на тестирање“, рече Адкинс. Портпарол на „Irregular“ изјави дека инцидентот вклучувал ист проблем што влијаел и врз други лаборатории за вештачка интелигенција и дека сите релевантни лаборатории биле известени кон крајот на јули. Слични инциденти поврзани со „Irregular“ пријавија и „Meta“, „Anthropic“ и „OpenAI“, што покренува прашања за безбедносните механизми додека агентите со вештачка интелигенција добиваат поголема автономија и пристап до интернет и компјутерски системи. Во еден случај, „Gemini“ погодуваше лозинки сè додека не доби пристап до заштитен систем. Во другите два случаи, моделот пронајде акредитиви за пристап во јавно достапно складиште, што му овозможи да пристапи до заштитени системи. Адкинс истакна дека во сите три случаи, моделот престанал со хакерската активност. Извор: Б92Тагови: Gemini Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПроизводството на делови за авиони станува сè потешко без кинеските минералиНедостигот на ретки минерали ги поттикна добавувачите во воздухопловната индустрија повторно да ги разгледаат материјалите што се користеле пред неколку децении, во обид да ја намалат зависноста од Кина.Кина има речиси целосен монопол врз продажбата на ретки минерали и други материјали, како што се итриум, индиум фосфид и волфрам. Тие се користат во бројни воздухопловни и воени системи, вклучувајќи премази за млазни мотори, компоненти за турбини и полупроводнички чипови. Аналитичарите предупредуваат дека ќе бидат потребни уште неколку години за производителите на премази за воздухопловната индустрија да најдат замени за современите материјали базирани на ретки минерали или да обезбедат доволни количества од овие суровини од други извори, вклучително и од САД. Стравувањата поврзани со прекини во снабдувањето и високите цени доведуваат до преиспитување на материјалите што се користеле пред неколку децении. Всушност, овој проблем би можел да го загрози производството на компоненти за млазни мотори. „Можеме да се обидеме да ги подобриме овие материјали“ Националниот совет за истражување на Канада (NRC) – главната канадска институција за научно и индустриско истражување и развој – објави дека недостигот на ретки минерали ја поттикнува потрагата по алтернативи за премазите што служат како топлинска бариера во најжешките делови на млазните мотори. „NRC“ и неколку индустриски партнери истражуваат дали циркониум диоксидот и другите керамички оксиди – материјали што се користеле уште во 1970-тите и 1980-тите години – можат да ги достигнат перформансите на современите премази базирани на ретки минерали. „Сега, 50 години подоцна, располагаме со подобри инструменти и понапредни методи, па можеме да се обидеме да ги подобриме тие материјали“, изјави Роџерио Лима, истражувач во „NRC“. Решението нема да се најде брзо Европскиот производител на топлински премази „Oerlikon Metco“ објави дека веќе продава одредени производи што не содржат ретки минерали и дека развива нови. Тие вклучуваат премази што служат како топлинска бариера, базирани на циркониум диоксид со додаток на магнезиум оксид и калциум оксид. Некои американски добавувачи на топлински премази, исто така, истражуваат алтернативи за делови каде што употребата на такви материјали носи помал ризик, изјави извор од индустријата. Достапноста на суровини би можела да се зголеми и преку рециклирање на вишокот материјали за премази, истакна друг извор од индустријата. Сепак, таквите решенија можат само да ја намалат, но не и целосно да ја елиминираат зависноста на воздухопловната индустрија од Кина. „Дури и според најоптимистичките проценки, ќе бидат потребни години, а не месеци, за да се надмине нашата зависност од Кина во однос на снабдувањето со минерали од групата на ретки земји“, изјави Џефри Герц, поранешен функционер во Советот за национална безбедност на Белата куќа и виш соработник во Центарот за нова американска безбедност. Тоа значи дека Кина ќе продолжи да има значително влијание во трговските преговори со САД, заклучи Герц. Извор: Индекс.хрТагови: авиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиУтре времето ќе биде променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена. До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook