Ранет случаен минувач во престрелка пред кафе барот „Тренд“ во Скопје

Синоќа во престрелка на две групи пред еден Тренд во Скопје е рането момче на возраст од околу 20 години.

МВР информира дека ноќеска околу 01,10 часот во Скопје на ул.„Никола Вапцаров“, настанала тепачка помеѓу две групи, при што во еден момент од испукан и рекушетиран проектил од оружје, испукан од непознато лице, во нога бил погоден случаен минувач А.З. (18) од с.Ново село-скопско.

Истиот е пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар-Скопје.

Извршен е увид на лице место, при што се пронајдени две чаури од огнено оружје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Се зголемува бројот на загинати во нападот врз Одеса

Пет лица загинаа во вчерашниот руски ракетен напад врз градот Одеса во југозападна Украина, се вели во најновиот биланс објавен денеска од локалните власти.

Бројот на жртвите од вчерашниот руски ракетен напад врз Одеса се искачи на пет, бидејќи едно лице почина во болница, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на социјалните мрежи.

Во нападот се ранети 23 лица и тие се уште се лекуваат, додаде тој.

Одеса, црноморско пристаниште од витално значење за украинскиот извоз, е честа цел на руски напади.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

 Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Лестер нов шампион во Чемпионшип

Лестер ја освои титулата во Чемпионшип на едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната, откако синоќа го совлада Престон со 3:0 на гостински терен. 

„Лисиците“ сега имаат недостижни седум бода предност пред Лидс и Ипсвич.

Лестер официјално ќе го добие трофејот в сабота на гостувањето кај Блекбурн. Доколку Лестер победи и на овој натпревар, тимот ќе заврши со импресивни 100 бода. Со ваквиот развој на настаните, Лестер ќе го израмни и рекордот стар 104 години кој го постави Тотенхем во сезоната 1919/20 за најмногу победи во една сезона во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Англија.

Лестер, исто така, може да стане првиот клуб кој двапати собрал 100 или повеќе бодови на првото место во Чемпионшип.

Интересно е да се напомене дека втора сезона по ред шампионската титула ја освојува екипа предводена од ученик на Хосеп Гвардиола. Пред една година ова го направи Винсент Компани со Барнли, а сега Енцо Мареска го постигна истиот успех со Лестер.

Триесет и седумгодишниот Џејми Варди веќе има 20 гола оваа сезона во сите натпреварувања.

притисни ентер