Ранци, тетратки, боички, фломастери – дел од производите во училишната кошничка - Канал 5

Ранци, тетратки, боички, фломастери – дел од производите во училишната кошничка

Ранци, тетратки, блокови, моливи, пенкала, фломастери, боици – се само дел од производите кои ќе влезат во новата училишна кошничка на Владата.

Ранци, тетратки, боички, фломастери – дел од производите во училишната кошничка

Ранци, тетратки, блокови, моливи, пенкала, фломастери, боици – се само дел од производите кои ќе влезат во новата училишна кошничка на Владата, со која ќе се обидат да спречат поскапување на школскиот прибор пред стартот на новата учебна година. Мерката според информациите најверојатно ќе биде донесена до крајот на неделава, и ќе се оди со цени со попуст, а не како лани со ограничување на маржите.

Во моментов цените на ранците се движат од 900 па се до 5 000 денари, во зависност од брендот или големината.

Тетратките се продеваат по цени од 40 до речиси 150 денари, нешто поевтина е нотната тетратка која може да се најде и за 30 денари. Блоковите достигнуваат цена од најмногу 50 денари, додека пенкалата и моливите чии избор е голем, може да се купат и за помалку од 10 денари.

Цените на дрвените боички и фломастери се движат од 55 па се до 500 денари. Па така за да се купи основниот училишен прибор за еден ученик потребни се од 50 до 100 евра.

Граѓаните задоволни од најавите на владата, велат стандардот мора да се штити.

„Треба да има училишна кошничка, да сепак се е поскапено...“

„Не би било лошо, треба да има, кошнички треба да има и за студенти, пензионери, ученици, за сите.... Во училиштата знам дека вкнукот ми е 12 години учебниците се бесплатни, а за друго треба да има да.... “

„Во зависност од условите кој колку може да си дозволи не може ние да одредиме кој колку може, ама генерално треба да има да....“

Лани во септември, Владата ја ограничи маржата за училишните материјали, 5 % на големо и 10 на мало, книжарите тогаш не беа задоволни, додека граѓаните реагираа дека мерката е донесена доцна односно на 3ти септември. Според анализите на министерството за економија со ланската кошничка била постигната заштеда по ученик од 750 до 2 000 денари.

Паралелно течат и аналзиите на Владата за цените во маркетите, се прават пресметки колку се поскапени производите чии маржи и цени беа замрзанти со последната владина мерка. Иако детали за тоа какви мерки би се вовеле нема, во игра според надлежните се неколку модели, а се чекаат и податоците од Државниот завод за статистика за инфалцијата кој треба да бидат објавени на 7ми месецов. Пресметките за јуни покажаа згоелмување на трошоците за живот за 4,5 % споредбено со иститот период лани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.

Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?

Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.

Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Додека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. 

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски.

Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ.

Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка.

Тоа е целосна манипулација.

Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции.

Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт.

Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра.

Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија.

Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот.

Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност!

Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер