БалканРама смета дека е време да се формира Бекташка држава, ЕУ не ја коментира идејатаАлбанскиот премиер Еди Рама, како одговор на лавината реакции во земјата, околу идејата за создавање на Бекташка држава, во Тирана, по примерот на Ватикан, рече дека ги „преминале границите на сите очекувани фантазии и злонамери“.-Навикнат сум да читам и слушам изненадувања по секоја нова идеја или проект за промена што сум ја изразил или презентирал во сите овие години, но овој пат изненадувањата се кажани или напишани по изразувањето на идејата за создавање суверен ентитет на Редот на Бекташи, во рамките на периметарот на имотот на Светскиот Висок суд во Тирана, ги надмина границите на сите очекувани фантазии и пакости, стои во неговата реакција на социјалната мрежа Х. Додава дека единственото нешто што не слушнал да го кажат жестоките противници на оваа идеја е „историјата и улогата на Бекташите во судбините на нашата нација и држава“. -Дојде време оваа идеја да се спроведе. Потребата од овој чекор не само што е во целосна хармонија со нашиот национален интерес, туку е и во служба на неопходноста од нашето континуирано инвестирање за зачувување и збогатување на непроценливото богатство на верската толеранција и хармонија, пишува тој. Претходно, во Њујорк, на средба со претставници на албански друштва во САД, изјавил дека за создавањето на суверениот бекташки ред ќе бидат разгледани сите законски аспекти, додавајќи дека „ќе има процес, ќе се разговара за работите, ќе се разгледаат сите законодавни аспекти и потоа на крајот верувам дека разумот ќе надвладее“. -Во оваа нешто има само добри работи, во оваа работа не гледам ништо што можеш да кажеш „не, ова туку ова“. Да не зборуваме за другите придобивки што ги носи на Албанија и многу, многу работи од гледна точка на интерес, атракција итн. Но, да не зборуваме за тоа. Зборувам само за нашиот национален интерес и нашето национално историско и културно наследство. Јас така гледам, нагласил Рама, јави АТА. На барање на медиумите делегацијата на ЕУ во Тирана, во изјавата наведува дека немаат надлежност да регулираат верски прашања. -Во оваа фаза немаме коментари. Слободата на мислата, совеста и религијата е содржана во член 10 од Повелбата за основните права на ЕУ. Генерално, ЕУ ја поддржува меѓурелигиската толеранција и дијалог. ЕУ нема надлежност да ги регулира верските прашања, наведува делегацијата, објави Ора њуз. Попладнево реагираше и лидерот Демократска партија - Евро-атлански демократи, Љуљзим Баша, наведувајќи дека „албанските Бекташи пролеале крв за црвено-црното знаме и дале извонреден придонес за националната ренесанса и независноста на Албанија и затоа не им треба друга држава“. Според него Рама го користи „овој потсмев за да го оттргне вниманието од главните проблеми со кои се соочуваат Албанците“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезонатаГрад Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter