Рама: НАТО зајакна кога Трамп беше претседател - Канал 5

Рама: НАТО зајакна кога Трамп беше претседател

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД може да биде од корист за Европа.

Рама: НАТО зајакна кога Трамп беше претседател

„Кога Трамп беше претседател, сите велеа дека НАТО ќе ослабне, а НАТО стана посилен. Затоа, ајде да гледаме и да не се хистеризираме без да ја видиме вистината. Соединетите Американски Држави се Соединети Американски Држави. Мислам дека тоа не мора да биде лоша работа за Европа“, рече Рама на состанокот на европската политичка заедница во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Рама најави дека следниот самит на Европската политичка заедница ќе се одржи во првата половина на следната година во главниот град на Албанија, Тирана. „Темата за климатските промени е присутна насекаде и, се разбира, таа е на врвот на приоритетите на европските земји, но има и други прашања за кои треба да се разговара. Многу сме горди што имаме можност да бидеме домаќини на оваа средба. “, рече Рама.

Европските лидери присуствуваат на петтиот самит на ЕПС во Будимпешта за да разговараат за глобалните прашања, вклучувајќи ги Украина и Блискиот Исток.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

притисни ентер