Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина - Канал 5

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

На автопатот „Патот на Арбр" (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато" кај Дебар до Тирана нема да се наплатува патарина.

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

Ова го објави како „поволна вест" албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните, неговиот поткаст, "Очи во очи" на Фејсбук.

- Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплатува патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата, рече Рама.

Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.

- Со пуштањето на тунелот на 14 март, од преминот „Блато“ до Тирана, ќе се стигнува за еден час, бидејќи го прави достапен целиот автопат, кој е во должина од 74 километри, објави претходно Белинда Балуку, вицепремиерка, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија.

Пред изградбата на автопатот оддалеченоста од ГП „Блато" до Тирана беше 180 километри, а сообраќајот се одвиваше по лоша патна инфраструктура.

Подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата, на македонска, целосна реконструкција на патот од Маврови-Анови до Дебар, ја зголеми фреквенцијата на сообраќајот и на самиот премин.

Како што за МИА потврдија од МВР, минатата година на влез и излез регистрирани биле 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 120.086 патници. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирусот Западен Нил се шири во Грција, 13 мртви

Бројот на луѓе заразени со вирусот Западен Нил нагло расте во Грција.

Вирусот Западен Нил се шири во Грција, 13 мртви

Од почетокот на годината се регистрирани 157 случаи, а 13 лица починале, објавија грчките здравствени власти. Според податоците од грчкиот Институт за јавно здравје „EODY“, бројот на случаи е речиси четирикратно зголемен за само неколку недели. На крајот на јули беа пријавени 42 случаи.

Повеќето од случаите се откриени во пошироката област на Атина. Некои пациенти развиле тешки форми на болеста кои влијаат на централниот нервен систем, вклучувајќи енцефалитис, менингитис и други невролошки компликации.

Комарците го пренесуваат вирусот

Вирусот Западен Нил се пренесува преку комарци. Повеќето заразени лица немаат никакви симптоми или развиваат само благи симптоми, додека тешките форми на болеста најчесто се јавуваат кај постари лица и лица со претходно постоечки болести.

Други делови од јужна Европа, исто така, пријавуваат зголемување на бројот на инфекции, поради што Светската здравствена организација повика на зголемена претпазливост.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Растот на градежништвото охрабрува, очекуваме позитивно влијание врз БДП

Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира.

Мицкоски: Растот на градежништвото охрабрува, очекуваме позитивно влијание врз БДП

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење.

„Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри, ќе дојдете до заклучок дека градежништвото расте со стапка поголема од 30% во делот на издадени одобренија за градење. Но, исто така, она коешто нас посебно нѐ охрабрува е и вредноста на работите коишто ќе се реализираат во градежништвото, којашто исто така е над 30% споредено со истиот период од минатата година. Еден од двигателите на економскиот развој е градежништвото и очекувам да има сериозно позитивен импакт, сериозно позитивно влијание врз растот на бруто-домашниот производ на државата.“

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ — истакна:

„Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да направам една компаративна анализа на неколку клучни параметри во економијата: еден од нив е јавниот долг, а втор е БДП. Со БДП можете да ја оцените силината на една држава, а состојбата на бруто-јавниот долг е практично колку сте позајмиле и вистински сте ги вложиле тие пари за да генерирате подобри економски резултати. Што е заклучокот? Ако се спореди периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ со периодот на оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следните параметри: за трипати пократок период БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе. Значи, за 120 милиони евра БДП за овие две години е поголем отколку за претходните шест години од претходната влада. Притоа, јавниот долг е зголемен за нешто помалку од трипати. За нешто помалку зголемен јавен долг, а за трипати пократок период имаме зголемен БДП. Со други зборови — три спрема еден. Отприлика таков е и односот на рејтинзите на политичките партии, но такви се и резултатите во економијата. Дали е тоа доволно? Не. Дали треба уште да се работи? Да. Но, имајќи предвид дека до пред три години бевме убедливо на дното во регионот, сега сме на прво или второ место кога станува збор за овие параметри.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Славен модел во секси бикини

Една од најубавите жени на светот во последните две децении, славниот модел Алесандра Амброзио ужива во друштвото на своето момче, но и на својот омилен терен, играјќи одбојка на песок и предизвикувајќи воздишки со својот нестварен изглед.

Фото: Славен модел во секси бикини

45 годишната Алесандра Амброзио ја покажа својата завидна фигура во провокативно сино-бело бикини додека уживаше на плажа во Лос Анџелес во неделата.

Неодамна, нејзиното момче Бак Палмер ја запроси оваа заводлива Бразилка, а таа набрзо се пофали со фотографии на кои се гледа скапоцен прстен.

Позната и како љубителка на одбојка на песок, Алесандра набрзо му се врати на своето хоби и уживаше во играта на теренот со пријателите.

Таа ја покажа својата атлетска страна, истакнувајќи го затегнатиот стомак и долгите, извајани нозе додека играше одбојка во сини шорцеви со висок струк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер