Рама: Курти и јас имаме иста цел - да се обединат Албанците, но нашиот пристап е различен - Канал 5

Рама: Курти и јас имаме иста цел - да се обединат Албанците, но нашиот пристап е различен

​Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тој и косовскиот премиер Албин Курти имаат „различен пристап кон Србија“, но дека и двајцата имаат иста цел – да ги обединат Албанците, пренесе Бета, повикувајќи се на КосСев.

Рама: Курти и јас имаме иста цел - да се обединат Албанците, но нашиот пристап е различен

Рама порача дека Србија треба да го признае Косово и „да побара прошка“, а на крајот од процесот на дијалог со Србија, Албанците „треба да се обединат“, и дека тие тоа мора да го сторат.

„Навистина имаме многу добри односи, нашите состаноци се инспиративни, одличен хумор, многу се смееме. Имаме различни пристапи кон Србија, но иста цел“, рече Рама на албанската ТВ Клан.

Рама ова го изјави откако косовскиот премиер само ден претходно му порача дека не треба да се надева на српскиот претседател Александар Вучиќ.

На новинарско прашање „дали Албанците ќе се обединат“, Рама рече дека тоа мора да го направат.

„Албанците мора да се обединат. Да, секако Албин го сака истото, но јас поинаку размислувам за патот до таму, Албин размислува поинаку. Но, Албин е премиер на Косово и тој треба да избере, му посакувам се најдобро и нека разбере дека можеби грешам“, рече Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Два минибус-такси се судрија челно, а потоа беа удрени од трето возило на голем автопат во Јужна Африка, при што загинаа најмалку 21 лице, а уште четири лица беа сериозно повредени, соопштија денеска властите.

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.

Агенцијата додаде дека бројот на жртви „може да се промени бидејќи службите за итни случаи и властите на Западен Кејп продолжуваат да го истражуваат местото на настанот“.

Минибусите-такси се главна форма на јавен превоз за милиони луѓе во Јужна Африка и често се вклучени во фатални сообраќајни несреќи. Најмалку 25 лица, меѓу кои 14 деца, загинаа во две одделни несреќи во јануари во кои учествуваа минибуси-такси.

Три жртви од несреќата во недела навечер беа итно префрлени во болница, но беа прогласени за мртви по пристигнувањето, соопшти полицијата.

Властите веруваат дека несреќата започнала кога две минибуси-такси се судриле челно, пред да бидат удрени од теренско возило, соопшти Секретаријатот за мобилност на покраината Западен Кејп.

Автопатот N1 беше затворен на местото на настанот додека Корпорацијата за управување со патниот сообраќај започна истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хималаите блиску до критична точка поради топење на глечерите- загрозени се милиони луѓе

Хималаите се приближуваат кон пресвртна точка, бидејќи глечерите се топат побрзо отколку пред една деценија, загрозувајќи ја безбедноста и егзистенцијата на милиони луѓе, според студијата на консултантската куќа за одржливост Системика.

Хималаите блиску до критична точка поради топење на глечерите- загрозени се милиони луѓе

Наодите доаѓаат откако хималајскиот глечер се сруши кон крајот на август по должината на границата меѓу Непал и Тибет, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и ненадејни поплави во долините подолу. Потврдено е дека најмалку 1.300 луѓе загинале, а повеќе од 5.300 се водат како исчезнати.

Студијата покажа дека како што глечерите се повлекуваат, тие оставаат зад себе нестабилни леднички езера кои содржат претежно лабави карпи и мраз, над долините каде што живеат милиони луѓе, објави денес Ројтерс.

Губењето на масата на хималајските глечери се забрза во последните децении, при што моментално се следат само 21 глечер на терен од околу 40.000 во регионот Хиндукуш-Хималаја, огромен планински систем што се протега низ осум земји од Авганистан до Мјанмар.

Во Индија се идентификувани речиси 200 леднички езера со висок ризик, од кои 56 се класифицирани како „многу висок ризик“, што ги става во опасност милиони луѓе низводно.

Како што регионот се приближува до „врвот на водата“, точката кога речните текови престануваат да растат и почнуваат да се намалуваат, тоа ќе има сериозни последици за безбедноста на водата, заклучува студијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме

На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата“,учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки.

Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме

На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата“, во рамките на првата политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки.

Таа посочи дека тоа што функцијата го носи кога се управува со одредена институција е преземањето одговорност и самата одговорност, по себе, носи голем товар, каде без поддршка на најблиски нема да може да се износи.

Богева Мицовска потенцираше дека политичкото вклучување дава друга димензија, каде што идејата може да прерасне во иницијатива од која потоа може да има конкретен резултат.

„Кога политички ќе се вклучиме, веќе даваме друга димензија, веќе нашата идеја, нашата заложба може да прерасне во иницијатива, а иницијативата да има и резултат. Поттикната од тоа сакам да ги поканам и да ги повикам сите присутни, но и што не поддржуваат да бидат проактивни во начинот на којшто сакаат да ги прикажат своите визии, своите идеи имајќи предвид дека ние сме Унија во којашто може да се вклучите и да партиципирате за да ги носиме одлуките заеднички. Бидејќи, токму и демократијата подразбира носење на одлуки, не во затворен круг, туку напротив со една повеќе“, истакна Богева Мицовска.

За мене, додаде Богева Мицовска, политичкото присуство не значи само присуство на состаноци или да ја имаме функцијата како таква, туку тоа значи да преземеме одговорност и да не бидеме неми набљудувачи на проблемите и предизвиците.

„Да бидеме проактивни чинители, да даваме решенија и да ги решаваме проблемите. Токму тука ја гледам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила која остава и отвора простор за луѓе што имаат знаење, искуство и желба да работат за Македонија. Простор во кој професионалното искуство може да се претвори во политичка иницијатива, а политичката иницијатива во конкретен резултат. Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме преку директно политичко учество“, посочи, меѓу другото, Богева Мицовска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер