БалканРама: Косово е неповратна меѓународна реалност, не треба да биде ничиј заложник Албанскиот премиер Еди Рама, во својот говор на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, рече дека Косово е неповратна меѓународна реалност и оти не треба да биде ничиј заложник.Тој ги повика петте земји-членки на ЕУ, кои се уште не го признале Косово, да го признаат и „да не го држат во заложништво неговото членство во меѓународните институции“. Рама порача дека земјите од Западен Балкан мора да работат заедно меѓусебно и со нивните сојузници и партнери за да се осигураат дека враќањето во минатото е незамисливо. - Косово денес е неповратна реалност меѓу шесте земји од Западен Балкан со јасна европска перспектива. Секоја вештачки поставена паралела меѓу Косово и Украина има за цел да збуни некого во оваа зграда или мислење, но тие никогаш не можат да успеат да ја избледат вистината дека Косово е нераскинлив дел од меѓународната реалност и аспирант за членка на евроатлантската заедница. Никој не треба да биде заложник, почнувајќи од групата од петте земји-членки на ЕУ кои сè уште не го признаваат Косово“, рече Рама. Според него, во регионот, по повеќе од четвртина век, треба да се залечат раните од распадот на поранешна Југославија, нагласувајќи ја „црвстата убеденост на Албанија да го гледа минатото со очите на иднината и иднината со очите на минатото". Рама додаде дека „руската агресија врз Украина треба да послужи како траен аларм за сите нас", повторувајќи го повикот до Русија да ја прекине војната во Украина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПовторно Иран и САД разменија оган, цените на нафтата пораснаа утринава Иран лансираше „повеќе“ балистички ракети во „обид за ненадеен напад“ врз американските сили на Блискиот Исток, соопшти американската војска, со што се прекина затишјето во борбите.Сите ракети беа „успешно пресретнати“, соопшти централната команда на сад . Иран соопшти дека целта била американска база во јордан.во меѓувреме, американската војска и силите на Саудиска Арабија ги нападнаа „терористите поврзани со Иран“ во Ирак, како одмазда за нападите со беспилотни летала. Новите напади ставија крај на краткиот прекин на непријателствата меѓу САД и Иран, кој имаше за цел да ги врати преговарачите на масата за преговори. Иранската исламска револуционерна гарда, исто така соопшти дека погодила три танкери за нафта во Ормутскиот теснец, според новинската агенција ТАСНИМ. Цените на нафтата пораснаа утринава поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот би можела дополнително да го наруши транспортот на енергија низ теснецот. Во утринското тргување во Азија, глобалната референтна цена на суровата нафта од типот брент порасна за 4,3% на 87,70 долари за барел, додека нафтата што се тргува на американскиот пазар беше повисока за 4,2% на 82,62 долари. Најновите напади се совпаднаа со посетата на израелскиот премиер Нетанјаху на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа и присуствуваше на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МетеоСончево и топло со температура до 38 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБез вода дел од општина Ѓорче ПетровВодоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Ѓорче Петров“ со булевар „Македонска Војска“ прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter