Рама: Горди сме што ѝ служиме на Италија - Канал 5

Рама: Горди сме што ѝ служиме на Италија

Aко договорот за мигрантите е грешка тоа е грешка направена од срце.

Рама: Горди сме што ѝ служиме на Италија

- Горд сум на Албанија која може да и служи на Италија, која многупати беше во служба на нашата земја. Ако имаме можност да и служиме, тогаш да ја искористиме оваа можност и да го направиме тоа со срце и со убедување дека морето меѓу Италија и Албанија не е простор што не разделува, туку не обединува, изјави албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, која денеска е во посета на прифатните центри за мигранти во Албанија.

Од Шенѓин, каде е приемниот центар за мигрантите, Рама додаде дека Италија е „наш застапник во Брисел ,а да ја имаме честа да бидеме корисни денес е нешто што го гледаме како благослов“.

-За нас овде не е релевантна бојата на политичките сили кои управуваат со Италија. Ова треба да го разберат моите пријатели од италијанската левица. Италијанската влада беше и ќе биде влада на земја која не поврзува со многу посебно пријателство и стратешки сојуз кој сакаме да го зајакнеме. Ако италијанската влада направи грешка, ние учествуваме во таа грешка, без никакво двоумење, оцени Рама.

Премиерката Мелони искажувајќи голема благодароност до Рама за искрената поддршка во справувањето со мигрантите, најави дека центрите ќе почнат да функционираат од први август, оценувајќи притоа дека се отвора нова фаза за управување со мигрантскиот тек, а „договорот меѓу Италија и Албанија, како пример треба да го земе ЕУ“.

-Имаше коментари и за времето на изградба на ценрите, а не обвинија дека сме подговтувале центар како Гвантанамо, а потоа не критикуваа за доцнење. Убедена сум дека работите ќе се решат. Отворена е нова фаза за управување со имигрантскиот тек. Може да им служи за прмер и на други земји. Сакаме се да оставиме зад себе и да им кажеме дека тоа ќе го направиме успешно. Доцнењето од два месеца се должи на малку тешкиот терен во Ѓадр, но овие центри ќе бидат во служба на проблемот кој трае од 1991 година, рече меѓу другото Мелони.

Премерот Рама видно револтиран од последните истражувачки стории на РАИ3 во кои Албанија е претставена како наркодржава со вмешаност на највиските функционери, рече дека во италијанските медиуми се кажуваат само полувистини за Албанија со единствена цел да се нападне имигрантскиот договор, додавајќи дека во неговата земја не постојат криминални кланови, како што тоа сакаат да го прикажат италијанските медиуми.

Во негова одбрана и Мелони посочувајќи дека „Рама не направи ништо освен што ни помогна, тоа е кампања против него, за неговото оцнување“.

Мелони на пладне пристигна на аеродромот во Тирана, каде беше пречекана од вицепремиерката Белинда Балуку, по што со хеликоптер го продолжи патот за Шенѓин, каде заедно со Рама го разгледаа приемниот центар каде работите се целосно завршени, а потоа и прифатниот центар во Ѓадр.

При пристигнувањето во Шенѓин, Мелони беше пречекана со протест на група граѓани кои се противат на подигањето на центрите, кои држеа транспарент на кој пишуваше април 1939 (денот на италијанската окупација на Албанија“ и неколку зборови искажани од Мусолини. Тие беа приведени од полицијата./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Пет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен.

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последици

Пациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски.

По прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последици

Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска.

Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош.

На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15 годишниот Михаил не се плашел од брановите – влегол во морето и спасил тричлено семејство

Има само 15 години, но во момент кога три човечки животи биле во опасност, покажал храброст и човечност на која може му се восхитуваат и многу повозрасни од него. 

15  годишниот Михаил не се плашел од брановите – влегол во морето и спасил тричлено семејство

Младиот битолчанец Михаил Николовски стана вистински херој на плажите во грчко летувалиште, каде успеал да помогне во спасувањето на тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во Егејското Море.

Драмата која за среќа завршила со среќен крај благодарение на младиот Михаил се случила на плажата во Олимпијада, каде силните бранови однеле мајка, татко и нивното дете подалеку од брегот.

Иако повиците за спас на тричленото семејсво во морето го привлекле вниманието на луѓето на плажата, додека присутните немо гледале што се случува, петнаесетгодишниот Михаил без размислување за својот живот решил да реагира, влезе во разбрануваното море и ги спаси човечките животи.

-Јас бев во плиткото до колена, и наеднаш жена почна панично да бара помош, помош, помош. И јас се врам наоколку низ плажа да видам дали луѓе дали ќе реагираат но видов дека никој не реагира. И така одма скокнав и испливав накај жената да ја спасам да ја однесам накај плиткото. Одма испливав, ја фатив жената видов дека е со перниче и видов дека е со дете и нејзиниот маж таму. И одма ја однесов во плиткото и одма после тоа се вратив накај дететто. Го извадив детето надвор исто како и жената и малце бев уморен и веднаш тргнав накај таткотко – вели Николовски.

Кога опасноста конечно поминала, следувала сцена која Михаил веројатно долго ќе ја памети. Присутните на плажата почнале да аплаудираат и да го извикуваат неговото име, објаснува со трепет во својот глас неговата мајка Јасна Николовска.

-Многу беше се на брзина, се беше хаотично меѓутоа можеше многу страшно да биде. Јас искрено не можев да се соберам од плачење, од гордост што чуствувам, какво дете сум израснала, какво е солидарно. Тој не промисли во ниту една минута за опасноста што него го демнееше. Ја искористи неговата сила, тој е снажен 185 има 95 кила го искористи тоа за да помогне некому – вели Николовска.

Аплаузите од плажата набрзо се преселија и на социјалните мрежи каде приказната за 15-годишниот ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ од Битола се споделува со пофалби за неговата храброст и присебност во момент кога биле загрозени човечки животи.

Самиот Михаил, сепак, за својот потег зборува скромно. Вели дека чувствувал страв и дека во првите моменти по спасувањето не бил целосно свесен што направил.

-Се уплашив, но не се уплашив доволно за да ме спречи нешто, објаснува младиот битолчанец.

Во свој коментар за Канал 5 мајката на Михаил, Јасна откри дека нејзиниот син добил и подарок од семејството од Бугарија – маска за нуркање, која тој со задоволство ја примил и која секогаш ќе го потсеќа на овој надчовечен храбар чин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер