3Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
БалканРама балканската турнеја в четврток ја почнува со посетата на СкопјеАлбанскиот премиер Еди Рама в четврток и петок ќе биде на балканска турнеја, во која со своите колеги ќе разговара за кризата во Косово, иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, јавија медиумите.- В четврток наутро премиерот Рама ќе замине за Скопје. Тоа е неговата прва од петте станици, во земји од Западен Балкан кои не се дел од Европската Унија, што ќе ги посети за два дена. Во Скопје ќе има средба со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски, наведуваат медиумите. По Скопје, Рама ќе замине за Приштина каде се очекува да се сретне со премиерот Албин Курти. -Средбата се случува во моменти кога односите на двајцата премиери на Албанците се наоѓаат на најкритичната точка откако Рама застана покрај Западот, барајќи од Курти да направи чекори назад и да создаде асоцијација на општини со мнозинско српско население на север, додаваат медиумите. В петок Рама ќе отпатува за Белград, каде треба да се сретне со претседателот Александар Вучиќ. Ќе ги посети и Црна Гора и Босна и Херцеговина за да разговара со тамошните премиери за „важноста на стабилноста во регионот, загрозена од неодамнешните тензии меѓу Србија и Косово“. -Рама деновиве изјави дека „Отворен Балкан“ ја завршил својата мисија и оти сега 6-те земји ќе ги продолжат своите напори под единствениот чадор што ги зближува сите: Европската Унија преку Берлинскиот процес, кој ќе го има следниот состанок во октомври во Тирана, посочуваат медиумите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикиниСрпската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста. Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура. Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСидни Свини и Мерилин Монро се родниниПровокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“.Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“, кое утврдило дека двете холивудски ѕвезди се братучетки во деветто колено . Што ги поврзува двете холивудски ѕвезди? Нивните семејни стебла се поврзани преку заеднички предок, Езра Пери, кој живеел во Сендвич, Масачусетс, во текот на 17-тиот век; врската оди преку таткото на Сидни Свини, Стивен Свини, и биолошкиот татко на Мерилин Монро, Чарлс Стенли Гифорд. Откритието е особено интересно бидејќи Свини и Монро честопати биле споредувани поради нивниот изглед и холивудскиот гламур; ѕвездата на серијата „Еуфорија“ исто така постојано ѝ оддава почит на славната актерка преку своите модни избори, вклучително и појавувањето во фустан што наликува на оној што Монро го носела на насловната страница на списанието „LIFE“ во 1952 година. Директорот за истражување во „MyHeritage“, Рои Мандел, изјави дека ваквите откритија ја покажуваат поврзаноста на човечките семејни стебла, истакнувајќи дека генеалошките истражувања претходно откриле изненадувачки семејни врски меѓу други славни личности, вклучително и Ана Винтур и Мерил Стрип.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter