Раководството на РФМ во посета на кампот на Кирил Лазаров - Канал 5

Раководството на РФМ во посета на кампот на Кирил Лазаров

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, во текот на вчерашниот ден го посетија ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ што периодов се одржува во Охрид.

Раководството на РФМ во посета на кампот на Кирил Лазаров
При посетата, првите луѓе ба РФМ изразија задоволство од начинот на кој се развива проектот, од условите за работа и од растот на бројот на учесници.

Мукаетов потенцираше дека учеството на многу наши тренери, сегашни и поранешни репрезентативци, како и селектори на национални репрезентации, претставува голема придобивка за македонскиот ракомет, имајќи предвид дека за време на кампот се реализираа неколку предавања и панел дискусии.

Забележано беше и дека е направен сериозен чекор напред во однос на организацијата на ракометниот камп на капитенот на националниот тим, во повеќе области.

Претседателот на РФМ во функција на почесен генерален конзул на Кралството Данска во Република Македонија, оствари средба и со дел од учесниците на кампот кои доаѓаат од Кралството Данска, посакувајќи им пријатен престој во нашата земја.

Еден од двајцата тренери што партиципираат заедно со учесниците од Данска е Микаел Пализгард, тренер на екипата Ајакс Копенхаген. Тој воодушевен од организацијата и работата на кампот, најави дека следната година ќе учествуваат во уште поголем број. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер