Раководителите на институциите на ЕУ изјавија дека ќе се погрижат Русија да сноси одговорност за војната во Украина - Канал 5

Раководителите на институциите на ЕУ изјавија дека ќе се погрижат Русија да сноси одговорност за војната во Украина

Претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент денеска објавија заедничка изјава по повод четвртата годишнина од рускиот воен напад врз Украина.

Раководителите на институциите на ЕУ изјавија дека ќе се погрижат Русија да сноси одговорност за војната во Украина

„Ќе се погрижиме Русија да биде повикана на одговорност за извршените злосторства и штетите што ги предизвика“, се наведува во текстот.

„Пред четири години Русија почна целосен и незаконски воен напад врз Украина. Уште еднаш им оддаваме почит на храбриот народ на Украина, кој продолжува да се спротивставува и да ја брани својата земја. Русија не ги постигна своите воени цели во Украина. Бидејќи Русија не може да напредува на бојното поле, таа намерно цели кон украинската цивилна инфраструктура, вклучувајќи болници, училишта и станбени згради“, истакнуваат Антонио Кошта, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола.

ЕУ цврсто стои до Украина и нејзиниот народ од првиот ден на рускиот напад. Дипломатите истакнуваат дека нивна цел е сеопфатен, праведен и траен мир за Украина, заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право.

„Ги поддржуваме сите напори насочени кон постигнување на таков мир – мир со достоинство и долгорочна безбедност. Почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет е камен-темелник. Ниту една држава не може да го анектира својот сосед. Границите не можат да се менуваат со сила. Напаѓачот не може да биде награден. Во денешната тешка меѓународна и геополитичка ситуација, ја нагласуваме важноста од одржување на трансатлантската и глобалната солидарност со Украина“, додаваат тројцата претседатели.

ЕУ ќе продолжи да обезбедува политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка за Украина и нејзиниот народ. Унијата останува најголемиот донатор на Украина. Дополнително на речиси 200 милијарди евра поддршка од 2022 година досега, европските лидери се договорија да ѝ обезбедат на Украина 90 милијарди евра во периодот 2026-2027 година, за да ѝ помогнат на Украина да ги задоволи своите итни буџетски и одбранбени потреби. Вкупно 60 милијарди евра ќе бидат наменети за воени потреби. Првата исплата ќе биде извршена што е можно поскоро, се забележува во изјавата.

„Војната на Путин постојано ја исцрпува Русија и решени сме да извршиме дополнителен притисок врз Москва за да го запре нападот и да се ангажира во суштински преговори за мир. Решени сме да го зголемиме притисокот врз енергетскиот и финансискиот сектор на Русија и да преземеме дополнителни мерки против ’флотата во сенка‘“, се вели во изјавата.

„Нашите напори за поддршка на Украина се насочени и кон утрешниот ден, кога борбите ќе завршат. ЕУ е подготвена да придонесе за сигурни безбедносни гаранции, така што Русија никогаш повеќе да не може да ја нападне Украина. Иднината на безбедна и просперитетна Украина е во ЕУ. Украина постигна значителен напредок во реформите за пристапување во многу тешки околности. Украина може да смета на нашата целосна поддршка за своето пристапување и за своето повоено обновување“, се истакнува во изјавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации.

Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“.

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Мерката „Самовработување - Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.

Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокада

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка. 

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокада

Од владејачкото мнозинство велат дека очекуваат консензус, но од опозицијата најавија блокада.

Пред собранието е Сандра Спасовска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат

Владата прави детална анализа на цените на прехрнабените производи по што ќе се знае дали и какви мерки ќе бидат применети со цел нивно намалување. 

Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат

Премиерот Христијан Мицкоски вели лично тој се занимавал со тоа прашање и во моментов работат на методоглоија на идентификување на оние 600 -7 00 произовди кои влијаат врз потрошувачката кошничка.

Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува намалување на цените на храната, Мицкоски вели дека Владата темелно навлегува во проблематиката... Ова доаѓа откако пред една недела во владата се одржа средба со претставници на најголемите маркети во државата, а според најавите во деновите кои следат ќе има и средби со добавувачите и производителите.

„Јас лично еве ви велам работам на методологија на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме ако треба фактура по фактура и еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како така што ова е една темелна операција што лично ја водам и очекувам мнпогу скоро да имаме резултати кои ќе бидат видливи на терен. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Од сојузот на стопански комори велат во однос на цените на хтранта најдобро е да се анализираат цените пред и по кризата за да се утврди дали и каде имало злоупотреби. Дополнително велат на сила е и законот за нефер трговски практики кој дпоред нив е најсоодветна алатка за утврдување нерегуларности.

Во однос на цените на нафтените деривати од владата велат и по денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, македонските граѓните да точат бензин и гориво по најниски цени, споредбено со земјите од регионот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер