Ракот на простата најчесто заболување кај мажите, успешно може да се излекува со рано откривање - Канал 5

Ракот на простата најчесто заболување кај мажите, успешно може да се излекува со рано откривање

Во 2021 година регистрирани се 397 нови случаи на рак на простата, a починале 201 маж, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Ракот на простата најчесто заболување кај мажите, успешно може да се излекува со рано откривање

Во однос на 2020 година зголемен е бројот за 62 нови случаи, а во последните пет години најголем број регистрирани случаи имало во 2018 година. Најмногу починати имало во 2020 година, а минатата година смртноста е намалена.

Од Универзитетската клиника за урологија од каде МИА побара одговор по повод месецот посветен на машкото здравје посочуваат дека со рана дијагноза и навремена терапија има целосно излекување дури кај 98 проценти од заболените. Токму поради ваквата висока стапка на излекување во раните стадиуми на болеста, се препорачува, секој маж над 50-та година, без разлика дали има проблеми со мокрењето, еднаш до два пати во годината да оди на преглед.

Мажите над 40-тата година најчесто имаат проблем со зголемување на простатата

Годишната стапка на смртност на 100.000 луѓе од рак на простата во земјава е седум до десет заболени лица. Превенцијата би значела поголема свесност за постоењето на овој здравствен ризик и редовни проверки и тестови.

– Карциномот на простатата е индивидуална и непредвидлива болест, чиј малигнен потенцијал не може секогаш да се предвиди, нагласуваат од Клиниката за урологија.

Мажите над 40 години најчесто имаат проблем со зголемување на простатата и раниот карцином на простатата. Најновите истражувања велат дека скринингот и раното откривање на ракот на простатата треба да почне од 40 година бидејќи првите промени се откриваат преку едноставен лабораториски тест – ПСА – и со ректален преглед.

-Простата е единствен орган во нашето тело кој можеме да го допреме и да видиме какви промени се случуваат – преку дебелото црево можеме да ја прегледаме оваа жлезда и рано да ги откриеме сите промени во нејзиниот состав. При овој преглед многу ни помага и ултрасонографијата, особено доплер ултрасонографијата со која секоја зголемена васкуларизација на некој ран туморски процес се детектира и во најрана фаза. Ако има промени, се прави биопсија да се открие дали има тумор. Кај нас биопсијата се изведува со ултрасонографија, доплер сонда. Со неа директно се гледа простатата, нејзината васкуларизација и се гледа каде е јазолот, се земаат парчиња од тоа место и истите ги анализира тимот од патохистолошката лабораторија, велат од Универзитетската Клиника за урологија.

Во рок од 48 часа, како што посочуваат, веќе имаат дијагноза дали се работи за карцином на простата. Ова, велат, е светски протокол за рано откривање на карциномот на простатата, кој, за жал, е во огромен пораст, а многу лесно се лекува ако навреме се открие.

Други чести заболувања кај машката популација

Во однос на другите заболувања, од Клиниката за урологија велат дека освен рак на простата мажите се соочуваат и со еректилна дисфункција, машки климактериум, ќелавост, ХПВ, кардиоваскуларни болести, стрес, ’рчење. Ракот на тестисите е исто така сериозен здравствен проблем со кој се соочуваат мажите.

-Во согласност со податоците на Светската здравствена организација во Северна Македонија има стапка на морталитет од 0.9 отсто на секој 100.000 жител, и стапка на појава од 4,5 проценти и главно ги погодува младите меѓу 20 и 35 години. Друг проблем е плодноста, а важно е што сите причинители може да се откријат на оваа возраст и да се третираат, за навремено да се спречи неплодноста. Честа појава што влијае на плодноста е варикоцелата, која кај многу мажи не дава симптоми, но ја намалува плодноста, а доколку се открие навреме, многу лесно се лекува со едноставна хируршка интервенција, велат од Клиниката.

Советуваат дека пред мажите да стапат во брак со едноставен уролошки преглед да ја проверат својата плодност.

-Еректилната дисфункција, најчесто е од психогена природа, ако се исклучи дијабетес, невролошки испади, хормонски дебаланс. Најголем процент се млади момчиња кои немаат ерекција поради психичка траума. Најчесто станува збор за нереализиран сексуален однос, некоректно однесување од некоја девојка кое остава долготрајни последици кај момчето. Тие се затвораат психички, па ова им станува реален проблем. Денес постојат модерни протоколи на лекување и многу брзо овие пациенти излегуваат од затворениот круг што самите го создале, посочуваат од Клиниката за урологија.

Месецот ноември е посветен на грижата за машкото здравје. Таканаречената „Мовембер“ акција, има за цел да ја подигне свеста за грижата за машкото здравје, но и да го сврти вниманието кон ракот на простатата, како еден од најчестите здравствени проблеми кај мажите. Во текот на Мовембер мажите ги пуштаат мустаќите во знак на поддршка на ова движење.

Во однос на тоа дали свесноста кај мажите за нивното здравје е зголемена, од Клиниката за урологија велат дека се забележува зголемување за 10 до 15 проценти во последните години, но има и одреден процент на пациенти кои на лекар се јавуваат многу доцна, но бројот на овие случаи, иако бавно, сепак се намалува./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. 

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил.

Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста.

Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна.

Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага.

Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда.

За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење.

Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот.

Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година.

Семејството има и уште три малолетни деца.

Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. 

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф.

Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи.

Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето.

Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки.

Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата.

И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“.

Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи.

Погледнете ги снимките од инцидентот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер