ЖивотРакот на панкреас зема се поголем замав, раното откривање клучно за излекувањетоПрва јавна трибина за рак на панкреас се одржа денеска во организација на Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“, а пресрет на утрешното одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за овој вид карцином.Целта на трибината е ставање акцент на скрининг програмите односно рано откривање на болеста односно во фаза кога може нешто да се направи за здравјето на пациентот. Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, кој е абдоменален хирург, рече дека ракот на панкреас зема се поголем замав и се претпоставува дека за период од пет години болеста ќе биде втора причина за смртност од сите малигни болести. Посочи дека според податоците од 2014 година, смртни случаи од рак на панкреас годишно во Република Македонија има од 180 до 210, со тоа што доминира машкиот пол во однос на женскиот пол. - Кога ќе се појават симптомите на болеста тогаш операбилноста е многу ниска и изнесува неколку проценти. Болеста не е за занемарување бидејќи нејзиното често појавување упатува на аларм во однос на десетици години наназад кога беше поретка причина за смртност, додаде Јанкуловски. Проф.д-р Борут Штабуц, спец.гастроентерохепатолог од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана истакна дека во последните 10 години инциденцата на заболени од рак на панкреас во Словенија двојно се зголемила. - Секоја година имаме околу 370 нови заболени, а речиси исто толкав број годишно и умираат. Во Словенија инциденцата е најголема во Европа и има околу 19 заболени на 100.000 луѓе секоја година. Покрај сите дијагностички можности кои ги имаме за жал повеќе од 80 отсто од пациентите со рак на панкреас ги откриваме во доцна фаза кога болеста напредувала и се појавиле метастази, рече Штабуц. Ако откриеме туморот помал од два сантиметри, појасни, тогаш го откриваме случајно и тој пациент може да го излечиме и тоа само со хирушка терапија. Без какво било лекување, средното преживување на болните со напреднат карцином на панкреас е три до шест месеци. Нагласи дека кај 80 отсто од пациентите кај кои хирушкото лекување не е можно има можност за лекување со хемотерапија, палијативно лекување. Со тој вид терапија, истакна, не можеме да ги излечиме пациентите, но сепак можеме да им го продолжиме животот, а на 10 отсто од нив и за две години. - Во последните три години има нови лекови. Ги следиме сите болни кои имаат фамилијарна анамнеза од рак на панкреас и кои имаат хроничен панкреатитис, а на страсните пушачи на возраст над 50 година им правиме ултразвук секои шест месеци. Тоа го правиме кај таквите посебни ризични групи болни, а особено болни со новооткриен дијабетес, срцева болест...Со ултразвук откривме цистички промени во панкреасот, додаде Штабуц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаИскра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОККОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази. Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески. Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси. Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојкатаОхридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..Тагови: жртви на насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter