Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк
Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер
1Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк
2Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЗдравјеРакот на грлото на матката е четвртиот најчест канцер кај жените во светотВо просек кај нас заболуваат 150 жени годишно.Ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, со над 600 илјади нови случаи во светски рамки. Во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат, а 20 жени ја губат битката со оваа болест. Само со сеопфатен пристап на превенција, прегледи и лекување може да стави крај на карцином на грлото на матката како јавно здравствен проблем во само неколку генерации. Како што објаснува за МИА специјалната претставничка на СЗО за Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, д-р Ане Јохансен, примарната причина за карцином на грлото на матката е хуманиот папилома вирус (ХПВ). Тоа е, како што вели, многу заразна инфекција која се пренесува преку сексуален контакт или контакт кожа на кожа. -ХПВ е исклучително чест вирус – 80 отсто од сексуално активните жени и мажи го добиваат во одреден момент од животот. Постојаната инфекција со високоризичен тип на ХПВ може да доведе до абнормални промени во клетките на грлото на матката. Овие промени се нарекуваат преканцерозни израстоци (или лезии). Ако не заздрават или не се отстранат, може да се развијат во карцином. Обично потребни се години за овие израстоци да се развијат во карцином на грлото на матката, вели д-р Јохансен. Како што потенцира, помеѓу факторите на ризик се вбројуваат и возраста од првата бременост, три или повеќе полнорочни бремености, пушење цигари, ослабен имунолошки систем, ХИВ инфекција или присуство на други сексуално преносливи инфекции. Симптомите на карцином на грлото на матката во рана фаза вклучуваат неправилно крварење меѓу менструалните циклуси или по менопаузата, зголемен вагинален исцедок со непријатен мирис, вагинално крварење по сексуален однос, болка во карлицата или болка за време на сексуалниот однос. Симптомите на напредната фаза на карцином на грлото на матката вклучуваат постојана болка во грбот, нозете или карлицата, губење на тежината, замор, губење на апетит, непријатен исцедок и вагинална непријатност и отекување на ногата или на двата долни екстремитети. Карцином на грло на матка најчесто се развива кај жените од 20 до 45 години Специјалната претставничка на СЗО за Македонија вели дека карциномот на грлото на матката е еден од најчестите видови на карцином што ги погодува жените, со околу 69.000 случаи и 30.000 смртни случаи регистрирани годишно во Европскиот регион на СЗО. Таа додава дека поверојатно е оваа болест да се развие кај жени на возраст од 20 до 45 години, а инциденцата е поголема во земјите кои немаат ефективни организирани програми за скрининг на карцином на грлото на матката. Во текот на 2021 година во државава беа регистрирани 179 нови случаи на карцином на грлото на матката, односно 5,5 проценти од вкупно евидентираните случаи со карцином во државата, додека пак инциденцата изнесува 19,34/100.000 женско население, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Согласно поделбата на десет најчести примарни локализации на карцином кај жени во нашата држава за 2021 година, карциномот на грлото на матката се наоѓа на шесто место, а пак на прво место е карциномот на дојка. Во 2020 година пак, имало околу 604.000 случаи на карцином на грлото на матката и 342.000 смртни случаи поради истиот ширум светот. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат од рак на грлото на матката, а 20 жени ја губат битката со оваа болест. Потребно информирање, едукација, вакцинирање, скрининг преглед Во рамки на месецот за подигање на свеста за карциномот на грлото на матката, главните пораки кои беа упатени е задолжително информирање и едукација на жените за карциномот на грлото на матката, скрининг преглед и вакцинирање со две дози до ХПВ вакцината. -Пораките се јасни – информирајте се. Дознајте ги фактите за карциномот на грлото на матката и хуманиот папилома вирус (ХПВ) што го предизвикува. Помогнете да ги едуцирате и другите жени во вашиот живот. Направете скрининг преглед. Скринингот за карцином на грлото на матката обично започнува на 30-годишна возраст и периодично се повторува. Вакцинирајте се. ХПВ вакцината се дава во две дози кои треба да започнат кога девојчето е помеѓу 9 и 14 години. Со ХПВ вакцина во Северна Македонија се вакцинираат само девојчиња, со наполнети 12 години, со давање на две дози на вакцина, на растојание од шест месеци, вели д-р Јохансен за МИА. Специјалната претставничка на СЗО за Македонија уверува дека кога ќе се дијагностицира, карциномот на грлото на матката е една од најуспешно излечливите форми на карцином, доколку се открие рано и ефикасно се менаџира. Карциномот дијагностициран во доцните фази, исто така, може да се третира со соодветен третман и палијативна нега. Покрај тоа што се спречуваат преку вакцинација против ХПВ, преканцерозните лезии лесно може да се откријат преку скрининг преглед пред да развијат во карцином. Вакцината за ХПВ е речиси 100 отсто ефикасна во спречувањето на повеќето ХПВ инфекции кои може да резултираат со преканцерозна состојба и карцином. -Кога ќе се откријат, преканцерозните лезии може да се третираат и да се избегне карцином. Програмите за скрининг, исто така, можат да го откријат карциномот во рана фаза кога третманот има поголем потенцијал за излекување. Воведувањето на ХПВ вакцината пошироко, во комбинација со организиран скрининг за карцином на грлото на матката, има потенцијал да спаси многу животи, особено кај помладите жени, додава д-р Јохансен. Како што појаснува, главните третмани за карцином на грлото на матката се хирушка интервенција, радиотерапија и хемотерапија, што може да доведе до долгорочни здравствени проблеми, вклучително и неплодност. Д-р Јохансен потенцира дека организираните програми за скрининг овозможуваат откривање на преканцерозни лезии, кои доколку се третираат правилно може да го спречат развојот на инвазивен канцер. Министерството за здравство организира скрининг за рана детекција, кампањи за подигнување на свеста Од Министерството за здравство за МИА информираат дека организираат скрининг за рана детекција на карцином на грлото на матката. За закажување превентивен преглед за рана детекција на карцином на грлото на матката, како што велат, достапна е веб платформата „https://skrining.zdravstvo.gov.mk/“. Оттаму потенцираат дека за тековната 2023 се продолжува со организираниот скрининг за жени на возраст од 21 до 59 години кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на скринингот за оваа возрасна група е бесплатен за жената. -Министерството за здравство е фокусирано на унапредување на женското здравје и за таа цел се реализира континуирана кампања за промоција и подигнување на свесноста за ова заболување, а со цел рано откривање, што може да спаси живот. За таа цел, се спроведува скрининг за рано откривање рак на грло на матката, со бесплатен преглед и ПАП тест кај матичниот гинеколог за жените на возраст од 21 до 59 години, кои во последните три години немаат направено ваков преглед, посочија од Министерството. Тие информираат дека со организиран скрининг, минатата година, биле опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немале направено ПАП тест. -Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот МојТермин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП тестот. Исто така и матичните гинеколози можат да вршат пријавување на пациентки на оваа возраст и согласно план и распоред да ги повикуваат, велат за МИА од Министерството. Како што појаснуваат, од април месец 2022 година, до крајот на минатата година, веб платформата ја искористиле вкупно 17.204 пациентки, од кои за 12.194 пациентки бил земен ПАП тест. Инаку, во буџетот за 2023 година за Програмата за рана детекција на малигни заболувања се предвидени 23.570.000 денари. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Други спортовиВисок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост Јапонецот Даики Хашимото ја освои својата четврта последователна светска титула во повеќебој откако се истакна во последната ротација и ја потврди својата доминација на греда во финалето на Светското првенство во гимнастика во Ротердам. Јапонскиот гимнастичар го заврши натпреварувањето со вкупно 85,988 поени, вклучувајќи 14,766 на греда, иако можеше да избере побезбедна вежба за да ја задржи својата предност и да го обезбеди златото. 25-годишниот Хашимото, олимпискиот шампион во повеќебој од Токио 2021 година, не дозволи слабиот почеток на подот, по кој беше само десетти, да го поколеба. До крајот на натпреварувањето, тој успеа да го сврти плимата и повторно да покаже зошто е еден од најдобрите гимнастичари денес. Сребрениот медал му припадна на Кинезот Јанг Хаонан со 84,199 поени, додека Британецот Џо Фрејзер беше трет со 83,531. Рускиот гимнастичар Арсениј Духно, кој имаше шанса да влезе во трката за медал, падна за време на неговата рутина на греда за рамнотежа и заврши седми со неколку грешки. Американецот Фредерик Ричард го освои осмото место, додека неговата сонародничка Данила Лејкин беше 11-та во своето прво финале во повеќебој на светските првенства. Хашимото со тоа ја продолжи серијата што започна во 2021 година, а само еден гимнастичар има четири последователни светски титули во повеќебој пред себе, легендарниот сонародник Кохеи Учимура, кој освои злато шест пати по ред, од 2009 до 2015 година. Хашимото е висок само 164 сантиметри, а веќе го споредуваат со легендарниот Учимура Хашимото е висок само 164 сантиметри и тежи 54 килограми, но комбинацијата од врвна техника, прецизност и тежина на елементите ја претвори во своја најголема предност. Експертите долго време го гледаат како наследник на Кохеи Учимура, еден од најголемите гимнастичари на сите времиња, кого го почитува. Неговиот успех не е случаен, туку резултат на огромна напорна работа и дисциплина. Поради неговата исклучителна издржливост и неисцрпна енергија, неговиот тренер од средно училиште му го дал прекарот „Господин бескрајна издржливост“, додека неговите пријатели и колеги од репрезентацијата често го нарекуваат Хашидаи. Напорната работа му помогнала да ги надмине повредите и притисокот од големите натпреварувања, а неговата четврта последователна светска титула е потврда дека упорноста и часовите поминати во теретана се исплатуваат. Хашимото веќе има три златни олимписки медали и едно сребро во својата колекција, или седум медали од светските првенства и шест втори места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЧешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк Во ретко ноќно гласање, чешката владејачка коалиција ги протурка промените во финансирањето на јавните медиуми во првото парламентарно читање, и покрај критиките дека тие би можеле да ја ослабнат независноста на јавниот радиодифузер.Популистичката влада на милијардерот премиер Андреј Бабиш, поддржана од крајно десничарската партија СПД, честопати го критикуваше известувањето на јавните и приватните медиуми за своите политики и ги обвинуваше одредени медиуми за пристрасност. Опозициските партии ги споредија предложените промени со реформите во Унгарија под поранешниот премиер Виктор Орбан, кој надгледуваше масовно проширување на прорежимските медиуми. Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата на јавниот сервис. Новинарите најавија штрајк. Владата вели дека ја укинува месечната претплата за домаќинствата од 205 круни (9 евра) со цел да ги намали трошоците за потрошувачите. Наместо тоа, финансирањето би се обезбедило директно од државниот буџет. Предлогот беше ставен на дневен ред во петокот надвор од планираниот работен распоред. Претседателот на парламентот Томио Окамура од СПД-аф ја ограничи дебатата и го закажа гласањето за сабота во 4:36 часот наутро. Владејачката коалиција потоа гласаше да го испрати законот до комисиите за понатамошна дискусија. Стотици демонстранти се собраа пред парламентот, а некои останаа таму цела ноќ. Локалните медиуми објавија дека неколку лица безуспешно се обиделе да влезат во зградата. Критичарите предупредуваат дека промените ќе го ослабат јавното радиодифузно емитување и ќе го направат ранлив на политички притисок. Чешката телевизија е најгледаниот радиодифузер во земјата меѓу сите главни возрасни групи, додека јавните медиуми се меѓу најдоверливите извори на вести во земјата - според анкетата на Институтот Ројтерс за 2025 година. Новинарите најавија штрајк Предлогот предвидува намалување на финансирањето на Чешката телевизија и Чешкото радио за околу 15 проценти, можеби веќе следната година, и задржување на номиналниот износ на финансирање непроменет неколку години. „Нема војна за независни медиуми“, рече Бабиш на Фејсбук доцна во петокот. „Нема борба за демократија, ниту се подготвува национализација на медиумите.“ Предлогот и неговото итно разгледување предизвикаа остри критики од јавната радиотелевизиска компанија, меѓународните новинарски здруженија и институциите што ги вклучуваат универзитетите и Католичката црква. „Предложениот закон е спротивен на Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), кој бара соодветно, стабилно и предвидливо финансирање на јавните медиумски услуги“, изјави Европската федерација на новинари во соопштението. Новинарите и другите вработени во јавниот сектор најавија штрајк за 3 ноември, додека граѓанското здружение повика на протест во недела.Тагови: новинарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СудбинаТрагедија во Истанбул: Жена отишла на липосукција во луксузна болница, не се разбудила по операцијатаТугба Онур (46) почина вчера околу 16 часот за време на липосукција (отстранување на маснотии) во приватна болница во населбата Зејтинбурну во Истанбул. По добивањето на трагичната вест, Мурат Онур тврдеше дека неговата сопруга починала како резултат на погрешна интервенција за време на операцијата. Се дознава дека болничките службеници не сакале да даваат никакви изјави во врска со случајот, објави Хуријет. Мурат Онур (46) опиша што се случило и нагласи дека неговата сопруга немала здравствени проблеми пред операцијата, и дека лекарот во болницата дури и не ја посетил пред процедурата. „Пристигнавме во болницата во 08:30 часот наутро. Чекавме до 15:30 часот. Кога пристигна докторот, мојата сопруга беше внесена во операционата сала. Докторот дури и не ја видел пред операцијата. По околу еден час, тој дојде до мене и рече дека мојата сопруга имала срцев удар и дека не можеле да ја реанимираат. Моментално нема никој од администрацијата на болницата или од лекарите. Болницата е отворена, но немаме со кого да разговараме. Ни кажаа дека анестезиологот не е во болницата, дека си отишол дома. Како може анестезиолог да ја напушти болницата за време на процедура што се изведува под општа анестезија? Кој ќе биде одговорен за ова? Дознавме дека слични инциденти се случиле во оваа болница и претходно. Претходно немавме сознанија за ова. Мојата сопруга работеше како негувателка во домот за стари лица „Дарулаџазе“. Само една недела претходно, таа беше подложена на општи систематски прегледи во таа институција. Немаше хронични заболувања“, рече Онур.Тагови: Истанбул липосукција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter