ЗдравјеРакот на грло на матката шесто најчесто малигно заболување кај женитеЈануари е месец посветен на подигнување на свеста за рак на грлото на матката - еден од најчестите и најпревентабилни видови рак кај жените. Ракот на грлото на матката се развива бавно, што овозможува рано откривање преку редовни гинеколошки прегледи и скрининг тестови, како што е ПАП-тестот и тестирањето за хуман папилома вирус (ХПВ), нагласуваат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според последно објавените податоци на ИЈЗ, во 2022 година имало 173 пациентки со рак на грлото на матка, а бројот на починати од ова заболување бил 66. - Во периодот од 10 години, односно од 2013 до 2022 просечната инциденца за ова заболување била 9,2 на 100000 жени, или околу 170 нови случаи секоја година, тоа го прави ракот на грлото на матката 6-то најчесто малигно заболување кај жените. Според податоците за морталитет, морталитетот изнесува 2,9 смртни случаи на 100000 жени, или во просек 52 починати жени во овој период од рак на грлото на матката. Со редовни прегледи и водење добра грижа за сопственото здравје, сите овие смртни случаи може да бидат избегнати, бидејќи добар скрининг и рано откривање на сите случаи, води кон добри можности за ефикасен третман и избегнување на многу смртни случаи, велат од ИЈЗ. Главниот причинител е инфекцијата со ХПВ, вирус што се пренесува по сексуален пат. Иако повеќето ХПВ инфекции се безопасни и спонтано исчезнуваат, некои типови на вирусот можат да доведат до појава на преканцерозни промени или рак - тоа се ХПВ 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58 и 59. Покрај хуманиот папилома вирус (ХПВ) како најчест предизвикувач, други фактори што го зголемуваат ризикот за развој на ова заболување се ран почеток на сексуални односи - поголема изложеност на ХПВ вирусот во помлада возраст, потоа повеќе сексуални партнери - зголемен ризик за ХПВ инфекција. Потоа, слабиот имунолошки систем и пушењето. Според ИЈЗ, вакцинацијата против ХПВ е најефикасниот начин за превенција, редовните скрининг прегледи, како и безбедните сексуални практики. Во раните фази, овој рак често нема симптоми. Но, напреднатите фази може да предизвикаат абнормално вагинално крварење помеѓу циклус, после менопауза или по сексуален однос, болка за време на сексуален однос, потоа болка во грбот, нозете или карлицата, необичен вагинален исцедок со интензивна непријатна миризба, губење на телесна тежина, апетит проследени со слабост и малаксаност, отоци на нозете. Раното откривање и навременото лекување значително ги зголемуваат шансите за излекување. Третманот за рак на грлото на матката, како што додаваат, зависи од стадиумот на болеста. - Рани фази: хируршка интервенција или минимално инвазивни процедури. Подоцнежни фази: комбинација од радиотерапија и хемотерапија. Поддршката за жените кои поминуваат низ ова искуство е исто толку важна, како и медицинскиот третман. Групи за поддршка, психолошка помош и социјална поддршка играат клучна улога во подобрување на квалитетот на животот, потенцираат од Институтот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter