Ракот на дојка не ги одминува ни мажите, в недела трка и прошетка „Race for the cure" - Канал 5

Ракот на дојка не ги одминува ни мажите, в недела трка и прошетка „Race for the cure"

 Здружението „Борка – за секој нов ден" в ндела организира настан „Race for the cure„ во рамките на Националната кампања за борба против рак на дојка, кој ќе се одржи во Градски Парк, кај Школка и во уште 13 градови низ Македонија истовремено. 

Ракот на дојка не ги одминува ни мажите, в недела трка и прошетка „Race for the cure"

-Ова ќе биде нашата 12-та Напред розово која што оваа година преминува во „Race for the cure„ заедно со уште 36 други земји и организации во Европа. Многу сме среќни бидејќи по прв пат ја ставаме Македонија на мапата на Европа во едно такво големо семејство, но исто така сме среќни што успеавме во време на Ковид да не ги заборавиме болните од рак, да инсистираме за нивна грижа, затоа што Ковидот ќе помине, меѓутоа ракот ќе осртане, особено ракот на дојка кој е еден од најчестите видови на рак кај жените, но и кај мажите, рече Додева.

Покрај во Скопје настани истовремено ќе се одржуваат и во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Кавадарци, Велес, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Дебар, Колани и Виница, со ангажманот на подружниците на „Борка" во тие градови, како и мобилизација на градоначланиците општините и жените во сите тие места.

Лук Захнер советник за односи со јавност во Амасадата на САД во Република Северна Македонија, која од самите почетоци ги поддржува во континуитет активностите на „Борка", истакна дека оваа тема е универзална, и на некој начин ги допира сите луѓе низ целиот свет и токму затоа здружението ја има поддршката на Амбасадата за подигање на јавната свест за оваа подмолна болест.

-Се надевам дека сите ќе се придружите на „Борка" и на тимот на Амбасадата во недела да чекориме заедно во чест на сите кои ги изгубија животите и во поддршката на семјставта, пријатели, докторите, истражувачите и на заедницата, рече Лук кој пренесе и лично искуство за средбата со болеста.

Благоја Боцевски, член на Борка, кој го победил ракот на дојка пред 11 години, јавно и отворено проговори за својата битка со оваа болест и апелираше до сите мажи да вршат самопрегледување, бидејќи тоа не е болест која ги погодува само жените. Апелираше и до здравствените власти во земјава во скринингот покрај жените да ги вклучи и мажите.

Според Додева, во светски рамки 1-2 проценти мажи заболуваат од рак на дојка, Овој тренд го следи и Македонија со осум до 10 мажи кај кои на годишно ниво се дијагностицира рак на дојка.

На новинарско прашање таа потврди дека нема проблеми со издавање потврди за пациентите на Онкологија и оти по појавата на пандемијата им помагаат на болните од канцер во внатрешноста редовно да ги добиваат лекарставта, а дистрибуцијата ја помага Црениот крст и волонтерите.

-Имаме заболени од Ковид, некои деновви се зголемува бројот на заболени, а некои денови се намалува, меѓутоа бројот на заболен и умрени од рак е констатнтен и тоа се отприлика 13 до 15 луѓе дневно, Тоа е огромна бројка и заради тоа сметаме дека здравството не треба да прекине и затоа сите иницијативи од самиот почеток што ги правиме дека треба да се овозможат навремен прегледи за болните, да продолжат дијагностичките прегледи, се работи за малигна болест која може брзо да напредува. Правиме напори и во помалите градови затоа што видовме дека некои клиники не функционираат. Покренавме иницијативи со Министерството и клиниките, за тоа дка мора да продолжат дијагностичките процедури и дека мора да има лекување. Не смее да ни колабира здравствениот систем заради оваа ситуација, рече претседателката на „Борка – за секој нов ден"

Централниот настан по повод кампањата ќе се одржи во Скопје со симболична обиколка околу Градски парк на кој ќе присуствуваат американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, министреот за здравство Венко Филипче и Елизабета Георгиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски со целосно придржување кон протоколите пропишани од здравствените власти.Настанот ќе се пренесува во живо на европската платформа на Европската алијанса за борба против рак „Think pink Europe' чиј член стана „Борка"

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби

Рускиот функционер Кирил Дмитриев го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека им се спротивставува на мировните иницијативи на Доналд Трамп.

Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отсекогаш бил против мировниот договор и против американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски држави и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ).

Зеленски отсекогаш бил против Трамп и против светот, и така и постапувал, напиша Дмитријев на социјалната мрежа „Икс“ (X), пренесува агенцијата „Тачно“.

Тој, исто така, изрази уверување дека мировните иницијативи на американскиот претседател ќе бидат успешни, и покрај отпорот од страна на Киев.

Вака Дмитриев го прокоментира објавувањето на интервјуто на Зеленски за Си-Ен-Ен (CNN), во кое тој наводно зборувал за опасноста од идејата на пратеникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, Русија да се вклучи во дискусиите за идната европска безбедносна архитектура, пренесува „РИА Новости“.

Кушнер, по консултациите во Брисел, претходно најави дека Соединетите Држави имаат намера да ја вклучат Русија во преговорите за формирање нова безбедносна архитектура во Европа, како дел од решавањето на украинскиот конфликт.

Следната рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Соединетите Држави и Украина е закажана за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека страните имаат намера да разговараат за безбедносни гаранции, деескалација, хуманитарни прашања и понатамошни чекори кон мирно решение. Кремљ го потврди учеството на руската делегација во преговорите, која ќе биде предводена од помошникот на претседателот, Владимир Медински.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача:

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. 

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер