РакометРакометните јуниори на Македонија на подготвки во Хрватска Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија (до 20 години), по двата натпревари против Словенија во Рогла, подготовките за Европското првенство 2016 ги продолжува во Умаг, Хрватска. Нашите репрезентативци денеска го одработија првиот тренинг во во Умаг, а според распоредот, ќе се тренира два пати дневно секој ден, до заминувањето за Данска на 27 јули. На 23 и 24 јули, Македонија ќе одигра два натпревари против соодветната селекција на Хрватска, кои ќе претставуваат последен тест пред Европското Првенство што од 28 јули до 7 август ќе се игра во Колдинг. - Дуелите во Рогла против Словенија се исклучително значајни за нас, за да можеме да добиеме подобра слика за тоа до каде сме со работата и да продолжиме во намерата што подобро да ги подготвиме овие млади играчи за предизвикот кој ги очекува во Данска. Еднаш победивме, еднаш загубивме, но резултатот не е воопшто важен за нас. Поважен е начинот на кој играа и пристапот. Начинот на кој го спроведуваат она што го тренираме на самите натпревари. Задоволен сум од тоа како досега се движат подготовките, но не чека уште доста работа, изјави селекторот Александар Јовиќ. Продолжуваме во Умаг, ќе работиме со уште посилно темпо и според планот, низ натпреварите со Хрватска треба да ја подигнеме формата пред настапот на ЕП. Имаме одлични услови за работа, a најголемо богатство за нас во стручниот штаб и за играчите е што на овие 11-дневни подготовки во Умаг, ни се приклучува и селекторот на сениорската репрезентација а воедно и координатор на сите млади селекции, Лино Червар, човек со огромно искуство од кого сите може многу да научиме и ова ЕП да го дочекаме максимално подготвени, додаде македонскиот селектор. На ЕП, Македонија се наоѓа во тешка група заедно со домаќинот Данска, Норвешка и Холандија. Двете најдобропласирани репрезентации во групата продолжуваат во наредната фаза. Во првата средба на континенталниот шампионат на 28 јули, Македонија ќе се сретне со Данска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
МакедонијаРетроспектива на 35 години независна македонска државаНазависноста не беше случајна. Таа е производ на многу жртви, страдања и премрежија. Сепак, и во овие 35 години имаше победи, порази, но и драматично случувања .Од референдумското „за“ под слоганот „Гласам за Македонија“, преку мирното осамостојување и тешката битка за меѓународно признавање, до приемот во Обединетите нации, конфликтот од 2001 година, Охридскиот рамковен договор, спорот за името, Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор – патот на македонската самостојност беше исполнет со историски пресврти, политички кризи, тешки компромиси и постојана борба за стабилност и меѓународна афирмација. По 35 години независност, македонската државност не започнува со референдумот во 1991 година, туку е продолжение на повеќедецениската борба за национална и политичка самостојност на Македонците и другите граѓани на оваа земја објаснува долгогодишниот новинар Александар Чомовски. -Македонската независност не падна од небо. Има јасен сигнал дека АСНОМ-ска Македонија го разви чуството кај нејзините граѓани дека можат да управуваат со една своја суверена држава. Она што мислам дека во подготовките и во создавањето на амбиентот, имаше прилична разноличност меѓу потенцијата на населението за своја самостојност, без оглед на стравовите и храброста и одважноста на тогашната политичка елита побрзо и поенергчно да се разделими и да формираме своја држава – вели тој. Тој вели дека во годините што следуваа и сите политички и безбедносни премрежја, Охридскиот рамковен договор, претставува своевиден „четврти АСНОМ“ кој политички ја стабилизираше државата, и ги зацврсти нејзините темели за долгорочна стабилност и опстојување. -Македонија со сите премрежја успеа да се стабилизира како независна држава. Имавме огромни потенцијали во нејзиниот мултиетнички карактер, мултикултурен и професионален амбиент што не сум сигурен дека успеавме да го валволизираме во еворпската агенда на државата – оценува Чомовски. Но, независноста не беше мирен и стабилен процес. Спорот со Грција околу името „Македонија“ стана сериозна пречка во процесот на меѓународна интеграција. И покрај тоа, на 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на ОН беше примена за 181. полноправна членка на Светската организација. Сепак, поради противењето на Атина, која не го прифаќаше нашето уставно име, зачленувањето во ООН беше направено со привремената референца – Поранешна Југословенска Република Македонија се потсетува долгогодишниот надворешно политички коментатор Љубомир Гајдов. -Тој 8 ми април е мојот најзначен ден во новинарската кариера. Затоа што на тој ден Македонија стана членка на ОН. Тоа што тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се бунеше како може Глигоров да прифати такво сакато име. Јас им реков дека ние како членка на ОН сме веќе дел на големата светска заедница, не сме анономна непризната држава под влијане на грчкото лоби во Америка. Меѓутоа кога 140 земји од светот не признаа под уставно име на чело со големата тројка Америка, Русија и Кина јас ги прашав моите пријатели од ВМРО –ДПМНЕ кој ќе не признаеше како независна држава под уставно име ако не бевме членки на ОН - се потсетува Гајдов. Евроатлантската интеграција уште од независноста беше една од стратешките цели на државата. По долгогодишниот наметнат спор со Грција, во 2018 година беше потпишан Преспанскиот договор, по што Македонија го промени уставното и направи досега невидена отстапка за нашето членството во НАТО. За аналитичарот Петар Арсовски, периодот по 2006 година во земјава главно ги одбележуваа нашите напори за евроатлантските интеграции, домашните политички проблеми, но и меѓународната поддршка за наше членство во ЕУ. -Најголемата по мене победа е членстовото во НАТО и отворањето на преговорите па дури тоа ако е условено. А најголемиот пораз е што во меѓувреме многу луѓе се иселија. Не гледајќи прерспектива во оваа држава. Не успеавме да направиме функционални институции во кои ќе кажеме не ни се потребни евроатланските ингеграции бидејќи можеме и сами. И на крајот оваа блокада на евроатланскиот пат, односно постојанта ерозија на довербата во ЕУ во домашнот систем итн – заклучува Арсовски. По 35 години независност, пред Македонија остануваат старите, но и нови предизвици – европската интеграција, владеењето на правото, борбата со корупцијата и сè поголемото иселување на младите. Пораката од државниот врв е дека независноста не е завршена работа, туку обврска на секоја генерација да ја надградува државата. А следниот голем тест е дали Македонија ќе успее да изгради европска иднина во која младите ќе остануваат, наместо да ја бараат надвор од нејзините граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независностаНа денешен пред 35 години конечно се оствари вековниот сон на македонскиот народ да има своја сопствена, суверена и назавис на држава – Македонија. Уште рано утринава со низа свечености се одбележува големиот празник. Афродита Рамос ги следи настаните... Афродита, ти уште од 8 изутрина си на терен, сега си пред платото на Владата, како тече одбележувањето? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан„Чистотата” на европски Солун попладнево на главната трговска и туристичка улица ТсимискиНаш гледач ни испрати фотографии снимени попладнево во 16 часот на главната улица во Солун.Фотографиите снимени попладнево во 16 часот на главната трговска и туристичка улица Тсимиски во Солун покажува преполни контејнери и ѓубре на тротоарот, на местото каде што поминуваат илјадници туристи и граѓани на Солун, втор по големина град во Грција, земја членка на ЕУ.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter