Ракометниот шампион Вардар ги почна подготовките - Канал 5

Ракометниот шампион Вардар ги почна подготовките

Ракометарите на Вардар од денеска ги почнуваат подготовките за новата сезона каде главна цел ќе биде одбрана на шампионската титула и што е можно подобар пласман во нок аут фазата во Лигата на шампионите.

Ракометниот шампион Вардар ги почна подготовките
На денешната прес-конференција беа претставени и шест од седумите засилувања на екипата: Тимур Дибиров, Михаил Чипурин, Алексеј Растворцев, Ален Тоскиќ и Матјаж Брумен. Од новите имиња недостасуваше само Стефан Терзиќ, кој има репрезентативни обврски.

За очекувањата и за составот спортскиот директор Русинот Сергеј Самсоненко изјави дека околу 93 отсто од екипата е комплетирана.

- Оваа сезона ќе биде долга и наша цел е да прикажеме и добри игри и во Лигата на шампионите, каде ќе играме против Барселона, ПСЖ, а искрено се надевам и Металург да го мине баражот, рече Самсоненко.

На местото на Веселин Вујовиќ, тренер ќе биде Зоран Кастратовиќ кој истакна дека сегашниот состав на Вардар ќе треба да се надопони уште со десен бек и со голман.

- Главна цел ќе ни биде одбраната на шампионската титула, пласман во нок аут фазата од Лигата на шампионите и пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата. Мислам дека овој фонд на играчи, со евентуалните засилувања ќе биде доволен да го постигнеме тоа. Оние играчи што нема да се изборат да бидат во составот, ќе бидат позајмени на други екипи, рече Кастратовиќ.

На подготовките во Крањска Гора, тој ќе смета на 19 ракометари, а Вардар ќе одиграа два натпревара со Марибор и со Тримо. Потоа следуваат турнирите во Струга, во Белорусија (организатор Брест Мешков) и во Нови Град (Хрватска).

Првиот натпревар во новата сезона Вардар ќе го има во СЕХА лигата против Металург, а првиот тренинг „црвено-црните“ ќе го имаат попладнево во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Георгина се огласи откако Роналдо го напушти теренот во солзи

Партнерката на еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Георгина Родригез се огласи откако Кристијано Роналдо го напушти теренот во солзи: Испрати емотивна порака.

Георгина се огласи откако Роналдо го напушти теренот во солзи

Кристијано Роналдо ја пропушти шансата да ја освои титулата на Светското првенство, а по болниот пораз на Португалија од Шпанија, неговата свршеница Георгина Родригез јавно му ја понуди својата поддршка.

Португалија во понеделникот ја заврши својата кампања со пораз од 1–0 против Шпанија, откако Микел Мерино постигна гол во судиското надополнување на натпреварот одигран во Далас.

Поразот особено тешко му падна на капитенот на Португалија, 41-годишниот Роналдо, кој го напушти теренот во солзи.

Кратко по натпреварот, Георгина се огласи на социјалните мрежи за да испрати емотивна порака за поддршка на португалската фудбалска ѕвезда.

На својот Инстаграм, таа сподели објава од Најк, еден од долгогодишните спонзори на Роналдо. На фотографијата е прикажан профилот на Роналдо заедно со пораките „Легендата живее“ и „Приказната продолжува“, придружени со иконското лого на Најк. Георгина, која има над 74 милиони следбеници на Инстаграм, додаде емотикон во форма на црвено срце на објавата.

Роналдо беше видливо емотивен по елиминацијата, а камерите ги забележаа моментите кога не можеше да ги задржи солзите. Фотографиите и видеата набрзо ги преплавија социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции од навивачите ширум светот.

Многумина ги гледаат солзите на Роналдо како симбол на потенцијалниот крај на една од најголемите меѓународни кариери во историјата на фудбалот.

Португалскиот капитен има рекордни 233 настапи за националниот тим и постигна импресивни 146 гола. Иако сè уште не донел одлука во врска со неговата иднина со националниот тим, се зголемуваат шпекулациите дека ова би можел да биде неговиот последен голем турнир во дресот на Португалија.

Сепак, поддршката од неговите најблиски е непоколеблива, а пораката на Џорџина им послужи како потсетник на многумина дека - како што е наведено во објавата што ја сподели - „приказната продолжува“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишна инфлација во јуни: Македонија – 3,4%, Хрватска – 4,5%, Турција 32,11%

Годишната инфлација во Македонија во јуни е 3,4%, но тоа што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е 2,5%, а кај облеката и обувките 2,1%.

Годишна инфлација во јуни: Македонија – 3,4%, Хрватска – 4,5%, Турција 32,11%

Практично, годишната инфлација во јуни најмногу ја зголемуваат алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците со 9,3%, како и транспортот со 6,2%.

Колку за споредба во регионот:

Грција – 3,9%

Бугарија – 5,6%

Хрватска – 4,5%

Словенија – 3,6%

Турција – 32,11%

Другите земји од регионот сè уште немаат објавено податоци за јуни, па последните достапни се за мај:

Косово – 6,8%

БиХ – 5,6%

Црна Гора – 3,6%

Србија – 3,5%

Албанија – 3%

Ако го споредиме јуни 2026 со јуни 2022, тогаш бројките се следни:

Јуни 2026 – 3,4%

Јуни 2022 – 14,5%

Ова е споредбата кога ќе се споредат двете енергетски кризи – првата по нападот на Русија врз Украина, а втората по нападот на САД врз Иран.

1 : 4,26.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови докази пред завршницата за предметот за претседателката на ДКСК

Наместо завршни зборови, нови докази во судењето за претседателката на ДКСК Татјана Димитровска. 

Нови докази пред завршницата за предметот за претседателката на ДКСК

Одбраната на Билјана Петровска Мантева, која се товари за откривање службена тајна на екс-директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ.

Одбраната достави документација со која тврди дека известувања од истата предистражна постапка за набавката на мазут веќе биле доставени до ад есм и подружниците уште во август 2024 година, повеќе од еден месец пред дејствието за кое мантева се товари. Обвинителството се спротивстави, но достави и свој доказ за работниот ангажман на Небојша Стојановиќ .

Доказите ќе се изведуваат на утрешното рочиште, на кое се закажани и завршните зборови од главната расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер