Ракометна треска во Битола, доаѓа светскиот шампион Барселона - Канал 5

Ракометна треска во Битола, доаѓа светскиот шампион Барселона

Спортската јавност во Битола и посебно љубителите на ракометот со голема возбуда го очекуваат натпреварот меѓу македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и светскиот клупски шампион, Барселона.

Ракометна треска во Битола, доаѓа светскиот шампион Барселона

Утревечер спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде целосно исполнета затоа што „осмиот играч“, верната публика чкембари, за само осум минути ги купи сите влезници за натпреварот од редовното коло во европската Лига на шампионите.

Дуелот со светски познатите ракометни ѕвезди на шпанскиот гигант, француските интернационалци Лудвик Фабрегас и Дика Мем, шведскиот интернационалец Карлсбогард, Египќанецот Јахија и најдобриот голман на денешницата Емил Нилсен од Данска, кои во Битола ќе се надигруваат со Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Николче Митревски и останатите пелистерци, ќе го судат Ердоган Курсад и Ибрахим Едениз од Турција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Некои подароци не се мерат по нивната вредност, туку по приказната што ја носат, напиша на својот Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Десетгодишно момче од Украина, кое од синоќа престојува во Кавадарци, денес му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење.

Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои ова дете расте со надеж дека повторно ќе ја прегрне.

Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја ќе помине десет дена исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства.

Постојат подароци што немаат материјална вредност, но носат приказни кои засекогаш остануваат во сеќавање. Денешниот е токму таков, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“

По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“.

Општина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“

Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување.

На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден.

Општина Карпош ги поканува сите љубители на шахот – деца, млади, возрасни и пензионери, без разлика на нивото на искуство – да земат учество во ова заедничко шаховско дружење и да бидат дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на шахот.

Со организирањето на вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности кои ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат и заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на шахот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката криза

Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов министер за одбрана, во обид да ја смири политичката криза предизвикана од разрешувањето на доскорешниот министер Михајло Федоров, чија смена предизвика серија на протести во земјата.

Зеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката криза

На неговото место доаѓа Евгениј Хмара, кој како шеф на домашната разузнавачка служба СБУ ги надгледуваше украинските напади со дронови во длабочината на Русија.

Зеленски досега не ја објасни причината за смената на 35-годишниот Федоров, кој го обвини началникот на генералштабот Олександар Сирски дека ги блокирал иницијативите на министерството и не ги решавал проблемите директно.

Поради смената на федоров, оставка поднесе заменик-заповедникот на украинските воздухопловни сили Павло Елизаров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер