РакометРакометарките на Вардар СЦБТ ја пречекуваат ПодравкаРакометарките на ЖРК Вардар СЦБТ вечерва против хрватската екипа Подравка ќе го играат третиот натпревар во Лигата на шампионките. Избраничките на тренерот Индира Кастратовиќ, кои имаа одличен почеток во елитното натпреварување, веруваат дека ќе ја продолжат низата на натпревари без пораз. По стартната победа над шпанската Бера Бера и нерешениот резултат во дуелот со Ларвик пред седум дена „Црвено-црните’’ вечерва одново пред домашната публика во СЦ Борис Трајковски во Скопје, атакуваат на триумф. Тимот од Копривница доаѓа во Скопје со 2 освоени бодови, откако во првото коло од групата Д, убедливо загуби на гостувањето кај Ларвик со 34:18, а пред својата публика ја совлада Бера Бера со 29:18. Натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ – Подравка, ќе започне од 20 часот. Утре во пладневниот термин од 12.15 часот ќе играат Бера Бера и Ларвик. Табела: Ларвик 3 бодови, ЖРК Вардар СЦБТ 3, Подравка 2 и Бера Бера 0. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на теренУтрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема.Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски. Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори. Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа. Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори. Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола. Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден. Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа. Општина БитолаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до СкопјеОд 1 септември повторно ќе биде воспоставена железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца. Возот ќе застанува на станиците Зелениково, Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајна станица ќе биде Железничката станица Скопје. Од Скопје првиот воз ќе тргнува во 5:32 часот, а останатите во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Од Зелениково првото поаѓање ќе биде во 6:20 часот, а потоа во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. Патувањето ќе трае меѓу 24 и 28 минути, зависно од правецот и терминот на поаѓање, а новиот возен ред ќе важи до 31 декември 2026 година. Железничката врска треба да им го олесни секојдневното патување кон Скопје на жителите на Зелениково, Орешани, Драчево, Лисиче и околните населени места, особено доколку поаѓањата бидат добро поврзани со останатиот градски превоз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државатаПоминаа седум недели. Цел еден град, Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија по болници.Уште во 50 населени места ширум државата беше објавено дека има небезбедна вода Гостивар. Крушево. Валандово. Свети Николе. Демир Капија. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово. Сушица. Зубово. Дражево. Борисово. Колешино. Ново Коњарево. Порој. Џепчиште. Речица. И во уште многу други места водата не беше безбедна за пиење. Загадување се појави во четири реки меѓу кои Лепенец и Вардар. Цела Македонија остана без безбедна вода за пиење. А одговорен - сè уште нема. Ниту еден. Нема ниту резултат за водата. Не е објавен документ ниту за водата во Гостивар ниту за други населени места. Доста беше молк. Објавете ги документите, граѓаните имаат право да знаат каква вода пијат. Кој ќе одговара за системско труење на државата?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter