РакометРакометарките на Словенија ја изненадија ШведскаНа ракометното Европско првенство во женска конкуренција кое се одржува во Шведска синоќа беше комплетирано втрото коло во групите А и Б.Изненадување направи Словенија која го совлада домаќинот, додека Франција беше поуспешна од Германија. Постигнати резултати: Б група: Полска – Холандија 21:30 и Германија – Франција 20:22. Табела: Србија 4 бода, Шведска 2, Словенија 2, Шпанија 0. А група: Шпанија – Србија 23:25 и Словенија – Шведска 25:23. Табела: Франција 4 бода, Холандија 2, Германија 2, Полска 0. Денеска се играа средбите од 2.коло во Ц и Д групите: Чешка – Црна Гора и Данска – Унгарија (Ц група) и Романија – Русија и Хрватска – Норвешка (Д група). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter