Ракометарките на Пелистер на прием кај градоначалничката на Битола - Канал 5

Ракометарките на Пелистер на прием кај градоначалничката на Битола

По историскиот успех на женскиот ракомет во Битола, градоначалничката Наташа Петровска ги прими ракометарките од ЖРК „Пелистер 2012“. 

Ракометарките на Пелистер на прием кај градоначалничката на Битола

Девојките, кои неодамна од Малта се вратија со победа од 6 голови разлика, а и по победата на домашен терен, го поминаа третиот круг во Европскиот Челинџ куп, со што остварија историски успех за женскиот ракомет во Битола.

Ракометарките, предводени од претседателот и основач на клубот Јован Василев, ги презентираа пред градоначалничката предизвиците со кои се соочија за време на натпреварите. Петровска го поздрави нивниот успех и го потенцираше многу пати искажаното, дека општината секогаш ќе ги вреднува вистинските спортски успеси. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски и координаторот на советничката група на СДСМ во битолскиот совет, воедно и ракометен судија, Методија Илиевски.

Општина Битола во текот на оваа година, го помогна работењето на ЖРК „Пелистер 2012“ со 700.000 денари, средства од буџетот на општината, а за патувањето во Малта, општината успеа да обезбеди дополнителни 100.000 денари, средства кои покрија дел од трошоците на ракометарките за престојот и натпреварот во оваа земја.

Следниот напревар од осминафиналето во Челинџ купот, ракометарките на битолски „Пелистер 2012“, ќе го играат во Ниш, соседна Србија, против екипата на ракометниот клуб Наиса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер