3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
РакометРакометарите во вториот шешир на ждрепката за квалификациите за ЕП во 2016Нашата најдобра машка ракометна репрезентација на престојаната ждрепка за составување на квалификациските групи за пласман на Европскиот шампионат во 2016 во Полска ќе се најде во вториот шешир.Црвено жолтите по одличните резултати на последните неколку големи натпреварување сосема заслужено на ждрепката во петок во Варшава ќе се најдат во вториот квалитативен шешир заедно со селекциите на Исланд, Германија, Русија, Норвешка, Шведска и Белорусија. На тој начин нашиот национален тим ќе биде чекор поблиску до посакуваниот пласман на шампионатот во Полска во 2016 бидејќи во групата ќе игра само со една репрезентација со подобар рејтинг од нашиот. Инаку на првествотот во Полска директно ќе се пласираат двете најдобри селекции од секоја од квалификациските групи. На ждрепката во петок најтешкиот противник ќе го добиеме од првиот шешери во кој ќе бидат носителите репрезентациите на Данска, Франција, Хрватска, Шпанија, Србија и Словенија . Во шеширот број три се селекциите на Австрија, Чешка, Црна Гора, Словачка, Литванија, Португалија, Холандија. Најлесниот противник условно ќе го добиеме од четвртиот шешир во кој се селекциите на БиХ, Израел, Латвија, Швајцарија, Украина, Турција, Финска. Сите 28 репрезентации ќе бидат поделени во седум квалификациски групи, по четири селекции, од кои пласман на Европскиот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група, како и најдобрата трето пласирана репрезентација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамBMW го враќа V8 моторотBMW го враќа V8 моторот: Новиот X5 добива верзија што љубителите долго ја очекуваат.Новиот X5 ќе влезе во историјата како првиот сериски модел на BMW што ќе има пет вида погонски склопови: бензински, дизел, plug-in хибриден, електричен и водороден. Сепак, нешто сè уште недостасува - барем при лансирањето: добриот стар V8. Првично, луксузниот SUV ќе биде достапен само со шестцилиндрични мотори со внатрешно согорување, но имаме добри вести: осумцилиндричниот мотор продолжува да живее. Соопштението за медиумите во врска со петтата генерација на овој луксузен SUV произведен во Спартанбург потврдува дека поголемиот мотор е на пат. Не е изненадувачки што BMW го резервира двоен турбо 4,4-литарскиот V8 за M верзијата на својот ажуриран X5. „Сепак, треба да се напомене дека ова нема да биде целосен X5 M, туку модел M Performance“, објавува Motor1. Иако сè уште нема официјално име, врз основа на достапните информации се претпоставува дека ќе се вика X5 M60. Да, без буквата „i“ на крајот, бидејќи BMW ја исфрла таа ознака од своите модели со бензински мотори. Ова веќе се случи кај многу модели, вклучувајќи ги и верзиите „40“ на новиот X5. Во иднина, ознаката „i“ ќе биде резервирана исклучиво за електрични возила. Прочитајте повеќе: BMW го најавува новиот X5: Пристигнуваат целосно нов дизајн и пет опции за погонски систем За новиот X5 M60 ќе биде потребно малку трпение, бидејќи нема да биде достапен веднаш при лансирањето, заедно со својот ривал Audi Q7. BMW планира да ја претстави верзијата со V8 мотор некаде во 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКејт Мидлтон на трибините на Вимблдон?Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон е во центарот на вниманието овие денови откако се појавија шпекулации на социјалните мрежи дека суптилно ги задевала принцот Хари и Меган Маркл за време на нејзината посета на Вимблдон.Кејт Мидлтон присуствуваше на еден од мечевите на престижниот Грен слем во Лондон, каде што разговараше со посетителите и делеше билети за Вимблдон. Сепак, вниманието на јавноста го привлече еден детаљ што некои интернет корисници веднаш го поврзаа со војводата и војвотката од Сасекс. Имено, принцезата од Велс не седеше во кралската ложа, туку гледаше дел од мечевите меѓу другите гледачи на трибините, што многумина го протолкуваа како порака дека се чувствува безбедно меѓу луѓето. - Кејт седи блиску до местото каде што луѓето можат безбедно да поминат без страв од безбедноста. Ова е идната кралица на Англија - напиша еден корисник на социјалните мрежи, објавува списанието OK!. Набрзо се појавија бројни други коментари на социјалните мрежи. - Во тоа е разликата. Кетрин не прави драма, за разлика од парот од другата страна на океанот, на кои им треба обезбедување насекаде, а истовремено сакаат да ја зачуваат својата приватност – гласеше еден од коментарите. Друг корисник додаде: - Таа исто така не го зафати просторот околу себе и го остави преминот слободен. Прекрасна дама. Имаше и такви кои отидоа чекор понатаму. -Не би се изненадил ако ова е суптилна порака, а искрено, ми се допаѓа – напиша друг корисник. Сепак, треба да се нагласи дека не постојат докази оти Кејт Мидлтон намерно сакала да испрати порака до Хари и Меган. Тврдењата за наводно „тролање“ се засноваат исклучиво на толкувањата на корисниците на социјалните мрежи и одредени таблоиди, додека принцезата не ги коментираше овие наводи.Тагови: Кејт Мидлтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
МакедонијаБонга оди во Реал – 7,5 милиони евра! Репрезенативецот на Германија, досегашниот член на Партизан, Исак Бонга ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид.Откако настапуваше во НБА за Лејкерс, Репторс и Визардс, Исак Бонга му се приклучи на Баерн Минхен, а потоа премина во белградски Партизан, под водство на Жељко Обрадовиќ. Откако Партизан остана без најтрофејниот тренер во историјата на европската кошарка, Бонга одлучи истото лето да плати 700.000 евра, да ја активира откупната клаузула и да ја промени средината. Според порталот „Енсестадо“ (Encestado), тој ќе остане во Европа и ќе потпише договор со Реал Мадрид. Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Бонга тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, што изнесува околу 2,5 милиони евра по сезона! Педро Мартинез се обиде да го доведе Бонга во Валенсија уште минатата сезона, но тоа тогаш не беше изводливо, па една година подоцна неговата желба ќе се оствари. Инаку, Реал Мадрид имаше „опасна“ конкуренција во лицето на Панатинаикос и Барселона, но се чини дека сепак кралевите ја добиле битката за одличниот германски кошаркар. Бонга има 26 години, а оваа сезона беше еден од најважните играчи на Партизан, како во одбраната, така и во нападот. Тој забележа просек од 9,9 поени, 5,6 скока и 1,5 асистенција во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00