Ковачевски до Јаневска: Се затвораат училишта и се спојуваат паралелки – дали децата ќе добијат поквалитетно образование?
2Ковачевски до Јаневска: Се затвораат училишта и се спојуваат паралелки – дали децата ќе добијат поквалитетно образование?
3Геговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
РакометРакометарите пред полни трибини по триумф против ИсландРаспродадени влезниците за дуелот меѓу најдобрите ракометни селеции на Македонија – Исланд. Трибините на ВИП Арена во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ вечерва од 20 часот ќе бидат исполнети до последното место за натпреварот меѓу ракометните селекции на Македонија – Исланд. Од синоќа ден пред почетокот на натпреварот, продадени се сите влезници за мечот. Поради големиот интерес за натпреварот, а и од безбедносни причини, организаторот упатува апел сите кои имаат влезници, да дојдат порано, за уредно да го најдат своето место за седење. Денеска вратите во салата ќе бидат отворени од 18:30 часот, а ќе се затворат во 19:45 часот. Почетокот на натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2018 меѓу Македонија и Исланд е закажан за 20:00 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
АвтомобилизамПред половина век, „Porsche“ имаше амбициозен план: Да направи автомобил што нема да се расипува„Porsche FLA“ имаше 74 коњски сили и предвиден животен век од 300.000 километри.Со текот на времето, автомобилите се абат и завршуваат на отпад. Сепак, пред повеќе од половина век, „Porsche“ веќе истражуваше начини како да им го продолжи работниот век. Еден од најневообичаените резултати од ова истражување беше концептот „Forschungsprojekt Langzeitauto (FLA)“, претставен во 1973 година. Проектот беше инициран по студијата од 1972 година насловена „Границите на растот“ (The Limits to Growth). Студијата го предупреди светот за ограничените природни ресурси и последиците од неконтролираниот индустриски развој. Со поддршка на германското Сојузно министерство за истражување и технологија, „Porsche“ разви автомобил дизајниран да помине најмалку 300.000 километри и да трае 20 години. Тоа беше приближно двојно повеќе од очекуваниот животен век на еден просечен автомобил во тоа време. Интерно означен како „Type 1989“, моделот „FLA“ беше претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1973 година, иако никогаш не беше наменет за масовно производство. Издржливост пред перформанси „FLA“ изгледаше сосема поинаку од спортските автомобили по кои „Porsche“ беше познат. Имаше компактни димензии на мал семеен автомобил и необична, делумно отворена структура која ја откриваше неговата основна конструкција. Инженерите ставија посебен акцент на заштитата од корозија и долгорочната издржливост. Каросеријата вклучуваше алуминиум и нерѓосувачки челик, додека вратите поседуваа заштита од странични удари. Меѓу значајните карактеристики беа стаклото отпорно на гребење, електричните контакти обложени со сребро, акумулаторот што не бара одржување и модуларниот електричен систем дизајниран да ги поедностави идните поправки. Поголемите резервоари за масло и филтрите беа наменети за намалување на абењето и продолжување на интервалите за сервисирање. Мотор со 74 коњски сили и автоматски менувач За погон беше избран 2,5-литарски, четирицилиндричен „боксер“ мотор со воздушно ладење, поставен зад задните седишта. Развиваше моќност од само 74 коњски сили, со максимален број на вртежи на моторот од 4.000 во минута. Моторот беше поврзан со автоматски менувач со три брзини. Скромната моќност беше намерна: целта беше да се намали механичкото оптоварување и да се продолжи животниот век и на моторот и на менувачот. Според проценките на „Porsche“, сериската верзија би чинела околу 30 проценти повеќе од типичен автомобил од тоа време, но за возврат, би траела двојно подолго. Сепак, една идеја сепак стигна до сериско производство Иако „FLA“ никогаш не стана сериски модел, истражувањето не беше залудно. Едно од најзначајните решенија беше примената на топло поцинкување за заштита на каросеријата. Почнувајќи од 1975 година, „Porsche“ почна да користи поцинкувани каросериски панели за моделот „911“, со што значително се подобри неговата отпорност на корозија. Подоцна беше воведена и шестгодишна гаранција за каросеријата. Интересно е што уште во 1967 година, „Porsche“ експериментираше со каросерија од нерѓосувачки челик за моделот „911 S“. Повеќе од пет децении подоцна, идеите промовирани преку „FLA“ повторно станаа актуелни: зачувување на ресурсите, рециклирање, полесно поправање и продолжување на животниот век на автомобилите. Во 1994 година, „Porsche“ претстави уште еден необичен концепт – „C88“, едноставен и достапен седан развиен за кинескиот пазар. Наместо култниот амблем на „Porsche“, автомобилот имаше специјално дизајниран знак на кој беше прикажано тричлено семејство. И овој проект, исто така, никогаш не стигна до сериско производство. Извор: Б92Тагови: Porsche Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортистиСо ревијален одбојкарски натпревар меѓу девојчињата од основните училишта „11 Октомври“ и „Киро Глигоров“, денеска беше отворена новата сезона на „Лига Центар“.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им посака на младите спортисти од Центар многу успеси, добри резултати и спортски достигнувања, нагласувајќи дека општината продолжува да ги поддржува и вреднува нивните постигнувања. „Овие ученици заслужуваат признание и поддршка за трудот, посветеноста и резултатите што ги постигнуваат. Продолжуваме да ги стимулираме спортските успеси и да ги поттикнуваме децата и младите да спортуваат, да се натпреваруваат и да се физички активни“, порача Герасимовски. Оваа година Општина Центар додели вкупно 53 спортски стипендии, со месечен износ од 3.500 до 5.000 денари, кои се исплаќаат во текот на осум месеци од учебната година. Стипендиите се наменети за ученици кои постигнале значајни резултати во различни спортски дисциплини. За првпат годинава, Општина Центар додели стипендии и за екипен спортски резултат. Поддршка доби ракометарскиот тим на ООУ „Коле Неделковски“, за освоеното трето место на меѓународен натпревар. Со отворањето на „Лига Центар“, Општина Центар продолжува да ги поттикнува спортскиот живот и правилниот развој кај младите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКовачевски до Јаневска: Се затвораат училишта и се спојуваат паралелки – дали децата ќе добијат поквалитетно образование?Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, постави пратеничко прашање до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за ефектите од оптимизацијата на училишната мрежа, затворањето и спојувањето на паралелките,...Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, постави пратеничко прашање до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за ефектите од оптимизацијата на училишната мрежа, затворањето и спојувањето на паралелките, како и прераспределбата на наставниот кадар. Ковачевски посочи дека демографските промени и намалувањето на бројот на ученици бараат долгорочно планирање, но побара одговор дали спроведената реорганизација навистина обезбедува подобри услови за образование или првенствено значи намалување на трошоците. Тој побара конкретни податоци за бројот на ученици кои се префрлени во други училишта, растојанијата што треба да ги поминуваат, обезбедувањето бесплатен и безбеден превоз, условите во училиштата и статусот на наставниците кои се опфатени со прераспределбата. Воедно, побара одговор дали постои план за задржување на искусниот наставен кадар во образовниот систем и дали ефектите од реформата ќе се мерат преку квалитетот на образованието и резултатите на учениците. Во продолжение, интегрално го пренесуваме пратеничкото прашање на Димитар Ковачевски: Оптимизацијата на училишната мрежа ја најавувате како една од клучните реформи во образованието, со образложение дека демографските промени, намалувањето на бројот на ученици и нерационалното користење на ресурсите бараат поинаква организација на училиштата и наставниот процес. Никој не може да го оспори демографскиот проблем со кој се соочува државата. Но, исто така, не може да се прифати дека секое намалување на бројот на училишта или паралелки автоматски значи подобрување на квалитетот на образованието. Напротив, вистинското прашање е дали со оваа реорганизација децата добиваат подобри услови за образование или само се намалуваат трошоците на образовниот систем. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на почетокот на учебната 2025/2026 година во редовното основно образование биле запишани 3,6 проценти помалку ученици во однос на претходната учебна година. Истото се случува и во средното образование, како и со намалувањето на бројот на првачиња запишани во оваа учебна година. Сето тоа е резултат на демографските фактори во изминатите децении во државата. Овие податоци јасно укажуваат дека демографските промени имаат сериозно влијание врз образовниот систем и дека е потребно долгорочно планирање. Но, податоците што самото Министерство ги објави на 8 мај годинава отвораат и други важни прашања. Според Министерството за образование, две третини од училишните објекти се подрачни училишта, а во нив учат само 12 проценти од вкупниот број ученици. Дополнително, во околу 100 училишни објекти во руралните средини учат помалку од пет деца. На 28 мај беше соопштено дека во 147 подрачни училишта во претходната учебна година немало ниту еден запишан ученик. Потоа, на почетокот на новата учебна година, Министерството информираше дека се намалени вкупно 433 паралелки, дел во основното, а дел во средното образование, додека 26 подрачни училишта привремено се затвораат, а вкупно 148 училишни објекти практично се празни. Истовремено, според вашите најави, наставниците треба да бидат прераспределени, доквалификувани или преквалификувани, а учениците од затворените училишта треба да продолжат со образованието во други училишни објекти. Најавивте и дека децата нема да мора да патуваат на големи растојанија и дека ќе бидат обезбедени соодветни услови за продолжување на наставата. Меѓутоа, досега јавноста нема целосна и транспарентна слика за реалните ефекти од оваа реорганизација. Нема доволно информации за тоа колку ученици секојдневно патуваат подалеку, дали има организиран превоз, колку наставници навистина се прераспределени и дали во училиштата каде што се префрлени учениците постојат соодветни просторни и кадровски услови. Затоа сметам дека е неопходно оваа реформа да се оценува и според резултатите за учениците, а не само според бројот на затворени објекти, споени паралелки и намалени трошоци. Моето прашање до вас е поделено во две целини. Едната целина е насочена кон учениците, а втората кон наставниците. Прво, какви се конкретните резултати од оптимизацијата на училишната мрежа во учебната 2026/2027 година? Колку училишта и паралелки се затворени или споени, колку ученици се префрлени во други училишта и колку од нив треба да патуваат подалеку од местото на живеење? Дали Министерството има направено анализа за просечното и максималното растојание што овие деца сега го поминуваат до училиштето, колку време им е потребно за секојдневно патување и дали за сите ученици е обезбеден бесплатен, организиран и безбеден превоз? Исто така, дали училиштата во кои се префрлени учениците имаат доволен просторен капацитет, соодветни услови, потребен наставен кадар и можности за продолжен престој? Дали постои посебна проценка за влијанието на оваа реорганизација врз децата од социјално ранливите семејства и од оддалечените рурални населени места? И второ, во однос на наставниците, какви се конкретните резултати од најавената мобилност на наставниот кадар? Колку наставници досега биле опфатени со прераспределување? Колку добиле ново работно место? Колку се во постапка на доквалификација или преквалификација? Колку сè уште немаат решен работен статус? Колку наставници се прераспределени во предучилишното образование, имајќи предвид дека самото Министерство го посочува проширувањето на опфатот на децата во предучилишното образование како важен приоритет? Дали постои конкретен план со рокови и финансиски средства за задржување на овие наставници во образовниот систем, наместо оптимизацијата да доведе до губење на искусен наставен кадар? Од вас очекувам конкретни бројки, податоци и резултати за досегашната реализација, а не повторување на целите и очекуваните придобивки од реформите. Затоа што на крајот, суштинското прашање е едноставно: Дали оптимизацијата навистина им обезбедува поквалитетно образование на децата, кое ќе резултира со подобри резултати на ПИСА и на другите релевантни меѓународни тестирања за споредба на знаењето на децата согласно образовните системи, или само создава поевтин образовен систем? Линк до видеото : https://youtu.be/zidpj_YE09Y?si=ljGeTZsgVvNFSX7M Скопје, 18.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter