Ракометарите поразени од Холандија на Светското првенство - Канал 5

Ракометарите поразени од Холандија на Светското првенство

Македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет загуби од Холандија со резултат од 37:32.

Ракометарите поразени од Холандија на Светското првенство

Со оваа победа Холандија се искачи на врвот на табелата со 4 бода, Унгарија 1, Македонија 1 и Гвинеја на последното четврто место со нула бодови.

Во последното коло во недела од 18 часот избраниците на Кире Лазаров ќе играат против Гвинеја, од што ќе зависи и идниот пат на репрезентацијата на Светското првенство...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виш јавен обвинител под истрага за противзаконско влијание - ургирал за пониски казни

Ургирал за пониски казни, влијаел врз носење на обвинителски и судски одлуки  за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Виш јавен обвинител од вишото битолско обвинителство под лупа на ОЈО ГОКК.

Виш јавен обвинител под истрага за противзаконско влијание - ургирал за пониски казни

Ургирал за пониски казни, влијаел врз носење на обвинителски и судски одлуки за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Виш јавен обвинител од вишото битолско обвинителство под лупа на ОЈО ГОКК, се сомничи за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание. Официјално, надлежните не го откриваат името на обвинителот, но неофицијално, станува збор за Пецо Везироски – раководителот на вишото битолско обвинителство, кое пред неколку месеци беше во фокус на јавноста откако му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски, обвинет за милионски криминал во РЕК Битола.

-Обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека вишиот обвинител го искористил своето реално влијание и службената положба за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. – ОЈО ГОКК.

Сепак засега нема официјална потврда дали токму случајот со враќањето на пасошот на Марковски навистина е дел од случаите за кои се сомничи обвинителот. Од друга страна, ОЈО ГОКК побара на осомничениот обвинител да му се определат мерки на претпазливост, а не ефективен притвор. Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките, но за разлика од соопштението на обвинителството, судот во својата објава ги наведува иницијалите на битолскиот виш јавен обвинител Везировски.

-Судија на претходна постапка по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерки на претпазливост против П.В – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК. – Основен Кривичен Суд Скопје.

Полицијата вчера извршила и претрес во домот на обвининителот, а пронајдени и одземени се 6 телефони, УСБ и еден компјутер, кои понатаму ќе бидат предмет на вештачење. Пецо Везироски е на чело на вишото јавно обвинителство во Битола нешто повеќе од 4 години, откако беше избран за виш јавен обвинител од страна на на советот на јавни обвинители на 30 септември 2022 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР

Шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова утре и официјално ќе се сретнат во Софија, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР

Бугарското МНР испратило официјален одговор на барањето за билатерална средба кое министерот Муцунски го испрати уште во петокот, а форматот и начинот на кој таа ќе се одржи дополнително ќе бидат договорени, кажа Мицкоски. Пораките со кои ќе настапи македонската страна на средбата според премиерот се јасни –добрососедски односи и дијалог да се дојде до решение за Македонија што побрзо да стане дел од ЕУ.

- Дали ќе биде pull-aside, дали ќе биде билатералка на маргините на самитот за Коридорот 8. Сепак е ова мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира. Пораките наши се јасни: дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба којашто во моментот се наоѓаме; дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел – да бидеме дел од ЕУ, нешто што многу одамна го заслуживме, изјави Мицкоски.

Во пресрет на средбата од СДСМ немаат големи очекувања, ниту пак, како што изјави заменик претседателката Каранфилова Пановска, очекуваат ништо продуктивно. Според опозициската партија средба меѓу министрите за надворешни работи за да се разговара за преговарачката рамка не е потребна, бидејќи претседателката на ЕК јасно укажала дека не се загрозени македонскиот идентитет и јазик во европскиот процес.

-Зошто има потреба откако потврди и Урсула фон дер Лајен да одиме во Софија и да разговараме одново за преговарачката рамка. Дали не е тоа напор да наместо европеизација прават билатерализација на процесот? Дали тоа не е напор да отвораат и репреговараат веќе договорени и гарантирани работи од преговарачката рамка? И дали тоа не е ризик не само по идентитетот, особено по начинот на којшто ние ќе продолжиме, односно нема да продолжиме напред, изјави Каранфилова Пановска.

Мицкоски критиките од СДСМ ги оцени како незрело однесување на лидерството во опозицијата и порача дека ќе дојде ден кога, како што рече, ќе се срамат за тоа што го прават. Најавата за реформи во ЕУ и постепена интеграција на земјите кандидатки, премиерот ја оцени како охрабрувачка за земјава и направи паралела со ставот на владата за уставни измени – тие да станат важечки штом завршат преговорите.

- Видете, очигледно дека таму состојбата е препознаена, дека некои од земјите-членки го злоупотребуваат своето членство во рамките на ЕУ и се обидуваат да излезат надвор од рамките на „merit-based“ пристапувањето или пристапување по заслуга, и се обидуваат да преку своето членство таму да решаваат некои прашања коишто немаат никаква врска со европските вредности. Тоа е препознаено... Она кое што охрабрува е градуалната или постепена интеграција, во којашто ние како земја ќе имаме големи шанси... изјави Мицкоски.

Мицкоски и одговори и на бугарската претседателката Јотова, која пред неколку дена изјави македонските власти да ја согледаат европската политика за проширување и да не го претставуваат проблемот како билатерален. Премиерот вели јасни му се и ЕУ и европските вредности кои спред него ги заборавиле некои од земјите членки откако удобно седнале во бриселските фотелји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекината потрагата по екипажот на брод погоден од дрон кај брегот на Бугарија

Бугарија ја прекина потрагата по исчезнатиот екипаж на брод што потона откако беше погоден од дрон на околу 130 километри од бугарскиот брег, изјави за „Нова ТВ“ вицеадмиралот Румен Николов од Поморската управа.

Прекината потрагата по екипажот на брод погоден од дрон кај брегот на Бугарија

Рано утрото во вторникот, два брода беа погодени во напад со дронови во рамките на бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. Едниот брод потона, додека другиот претрпе оштетувања. Екипажот на оштетениот брод беше спасен, додека екипажот на потонатиот брод сè уште се води како исчезнат.

Николов изјави дека операцијата за пребарување и спасување на екипажот на потонатиот брод нема да продолжи во среда. „Нема траги од морнарите од првиот брод, ниту пак ќе ги има. Исто така, нема информации за остатоци од дроновите“, рече тој во утринската емисија на „Нова ТВ“. „Пронајдени се еден чамец, три сплавови за спасување и делови од бродската опрема.“

Сè уште не е јасно кој го извршил нападот со воздушни и поморски дронови во водите кај крајбрежниот град Бјала во источна Бугарија. Сепак, постои зголемена загриженост во врска со можни хибридни напади од страна на Русија, додека Москва води војна во Украина.

Николов истакна дека инцидентот се случил во рамките на таканаречената „зона на одговорност за пребарување и спасување“, а не во територијалните води на земјата, кои се протегаат на 12 наутички милји од брегот. Во посебен инцидент, романските власти во понеделникот објавија дека две лица загинале во пожар на брод во Црното Море, надвор од територијалните води на земјата.

Бугарскиот претседател Румен Радев во вторникот изјави дека не е јасно дали дроновите дошле од Русија или од Украина, пренесе бугарската новинска агенција БТА. Бугарија не граничи ниту со едната, ниту со другата земја, но како членка на НАТО, таа зазема стратешка позиција на Црното Море, каде што и Украина и Русија имаат големи пристаништа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање рече дека истрагата спроведена заеднички од Бугарија и бугарската морнарица покажала оти зад нападот стои Русија. Радев во средата изјави дека, по нападот, неговата влада ќе ја одобри набавката на пет дополнителни ракетни системи за противвоздушна одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер