РакометРакометарите по победа против Чиле за пласман во втората мундијалска рундаРакометната репрезентација на Македонија попладнево од 15 и 30 часот против селекцијата на Чиле ќе го одиграат последниот натпревар во Групата Г на Светскиот шампионат во Египет.По двата убедливи порази во воведните две кола од Шведска и домаќинот Египет пред македонските ракометри е клучниот дуел за пласман во втората фаза и мечот за подобрување на лошиот впечаток. Само со победа нашите најдобри ракометари ќе го продолжат престојот на Мундијалот во Египет. Црвено жолтите триумф над Чиле ги води во втората мундијалка фаза во која ќе одиграме уште три нови средби. Репрезентацијата на Чиле е добро познат ривал за избраниците на селекторот Брестовац, десетина дена пред Светското прветсво нашиот национален тим во Скопје во пријателски средби извојува две победи. Но, сигурно попладнево задачата на македонските ракометри ќе им биде многу потешка бидејќи и нашиот противник се надева на позитивен резулат и останување во трка за што подобар пласман на Мундијалот во Египет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Каква лага на ВМРО и Мицкоски. Каква врска има дата-центарот со Реформската агенда?Пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, денеска тврди дека националниот дата-центар бил обврска од Реформската агенда со ЕУ.За кредибилитетот на Лефков нема потреба да трошиме ниту збор. Но, ова е уште една класична манипулација. Реформската агенда требаше да биде завршена до 1 јуни – како што самиот Мицкоски вети. Наместо да ги испорачаат ветените реформи, сега измислуваат дата-центар и го ставаат под капата на „европска обврска“. Што има заедничко националниот дата-центар (за чување на податоци на државните институции) со дата-центарот што Мицкоски го најавува за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода? Апсолутно ништо. Станува збор за две сосема различни работи. ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси. Ова е спин. Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити. Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори? Затоа што многу, многу лаже криминалната група ВМРО и Мицкоски, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНапаѓачи на скутер пукале во наргиле- бар во Марсеј, изма мртви и повредени Едно лице е убиено, а четворица други се повредени, од кои едно потешко, во пукотница во бар за наргиле во Марсеј рано утрово, објавија денеска француските медиуми.Осумнаесетгодишен маж е убиен, четири лица на возраст меѓу 17 и 23 години се ранети, а едно е во критична состојба, објави „Паризиен“. Весникот наведува дека две лица пристигнале во барот со скутер, по што едно од нив отворило оган врз барот со автоматски пиштол. На местото на настанот се пронајдени осум чаури од 9 милиметри, додека скутерот на сторителите подоцна е пронајден, но целосно изгорен. „Покрената е истрага за убиство и обид за убиство извршено од организирана криминална организација, а случајот е доделен на Одделот за организиран и специјализиран криминал (DCOS)“, соопшти јавното обвинителство на Марсеј.Тагови: Марсеј скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпречен обид за илегално преминување на државната граница Денеска (30.08.2026) околу 00:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица спречиле обид за илегално преминување на државната граница.При преземање мерки и активности, од слобода е лишен М.А.(42) од Република Албанија, за кого постои сомнение дека бил водич на група од десет турски државјани, на возраст од 15 до 61 година, кои имале намера илегално да ја преминат државната граница. М.А. е задржан во Полициската станица од општа надлежност Гевгелија, додека турските државјани се задржани во Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица и истите ќе бидат изведени пред надлежен суд, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40