ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
2ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
РакометРакометарите на Вардар се пласираа во финалето на СЕХА лигатаМакедонскиот ракометен шампион Вардар успеа да се пласира во финалето на СЕХА лигата откако синоќа во полуфиналето на завршниот турнир што се игра во Вараждин го победи ППД Загреб со 26:24. „Црвено-црните“ во борбата за титулата ќе играат против актуелниот шампион Веспрем, кој по изведувањето на пеналите во првото полуфинале беше подобар од Мешков Брест со 24:21. Во поголемиот дел од натпреварот Вардар имаше предност и сосема заслужено стигна до победата и ново четврто финале во ова натпреварување, а третпат успева да го победи Загреб. Најефикасен кај Вардар беше Дејан Манасков со 6 голови, додека Алекс Душебаев постигна 5. Во редовите на ППД Загреб Златко Хорват беше стрелец на 6 голови. Денеска е слободен ден за екипите, а финалето Вардар – Веспрем се игра утре во 19 часот, додека дуелот за 3.место меѓу ППД Загреб и Мешков Брест почнува во 16:30 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општествотоПретседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-СандевоСѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook