3Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата
3Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“
РакометРакометарите на Вардар против Загреб за финале во СЕХАМакедонскиот ракометен шампион Вардар вечерва во 18 часот во Нови Сад против хрватскиот шампион Загреб ја започнува полуфиналната пресметка во регионалната СЕХА лига.На фајнл фор завршницата во Нови Сад Вардар атакува на вториот трофеј во силната регионална СЕХА Лига . Гигантот од Хрватска ,Загреб пак е редовен противник на црвено црните на завршницата во регионалната лига. Во премиерното издание на СЕХА лигата кога нашиот првак ја освои титулата во полуфиналето го победи токму вечерашниот ривал тогаш предводен од легендарниот Ивано балиќ. Вардар според моменталната форма и квалитет на тимот е фаворит во денешниот дуел. Сезоната Вардар и Загреб во меѓусебните средби победија на домашен терен , но ,црвено црните беа многу поубедливи во Скопје , отколку Загреб на домашен паркет. За вториот финалист во СЕХА ќе одлучува полуфиналето меѓу Татран Прешов и Брест Мешков.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието.Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието откако опозицијата се спротистави електронското гласање да го замени досегашниот начин на гласање, соопшти пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Тој додаде дека опозициските СДСМ и ДУИ побарале време да формираат став по овој предлог по што нов состанок се очекува идната недела. -По однос на техникалиите доколку се постигне консензус за поштенското гласање на дијаспората тогаш гласањето може да биде изведено и преку меѓународен поштенски оператор и ДИК нема да бира изведувач кој што би имал национален предзнак иако не е ни тој исклучен, но тој поштенски оператор кој што ќе може на меѓународно ниво да биде најоперативен и навремено и безбедно да ги достави материјалите до регистрираните гласачи и истите потоа да ги дистрибуира до ДИК на пребројување би бил веројатно и најприфатливиот за државата,изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Од ВМРО ДПМНЕ се на ставот дека гласањето на локалните избори треба да остане право на резидентното население меѓутоа од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села, инсистираат дека постои голем интерес кај отселените нашинци да гласаат, а доказ за тоа е големиот број од нив кои со автобуси и авиони се враќаат во татковината навреме за изборите. -Денеска се зборуваше за можноста да се гласа по пошта за што и ние се согласуваме. Но, битно ни е да не правиме дискриминација на граѓаните кон изборните процеси – претседателски, парламентарни и локални избори. Еден доста битен аргумент се последните локални избори каде што сите бевме сведоци дека немавме кворум во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, за жал тенденциите на отселување покажуваат дека и следните локални избори можеби ќе се соочиме со овој пролем, изјави Елми Азири од АА. Собранието има уште десетина дена рок да го донесе новиот Изборен законик, односно до 15 Јули кога и официјално ќе се испрати Извештајот за реформскиот напредок на државава до ЕК. Меѓутоа, како што тврдат од власта, законот нема да се турка „на сила„ и за него очекуваат широк консензус. Како реформски чекор Изборниот законик има финансиска вредност од над 4 милиони евра. Тагови: избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМистериозни јаболка се појавија на плажа во САДДесетици јаболка испливаа на брегот во Корола, Северна Каролина, а надлежните претпоставуваат дека овошјето паднало од товарен брод на отворено море. „Corolla Wild Horse Fund“ – организација што се грижи за познатите диви коњи во тој крај – соопшти дека вработените и волонтерите собрале неколку вреќи со јаболка, додека подоцна биле пронајдени и дополнителни количини, вклучително и портокали. Од организацијата истакнаа дека сличен инцидент се случил пред неколку години, кога морето исфрлило големи количества грицки „Доритос“ на истата плажа. Јаболката не смееле да бидат оставени таму поради дивите коњи. Иако многумина би помислиле дека јаболката се идеална храна за дивите коњи, организацијата предупредува дека нивното оставање на плажата можело да има фатални последици. Тие наведуваат дека храната што не е дел од природната исхрана на овие животни може да предизвика гушење или грчеви во дигестивниот систем, што може да биде смртоносно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
БалканВидео: Пожар во близина на Хвар зафати катамаран со патници Катамаран во близина на Хвар целосно изгоре вчера, 3 јули, а хрватските пожарникари објавија видео од гаснењето на пожарот. Катамараните изгоре во заливот Тиха, во близина на Хвар. На пловилото имало пет лица, кои не се повредени. Во гаснењето учествуваа пожарникари и Лучката капетанија. Истрагата треба да утврди како настанал пожарот. Како што наведоа во соопштението, придружено со видео од пожарот, сè се случило во заливот Тиха, а пожарот го изгаснале 10 пожарникари. Тие истакнаа дека биле на терен со едно возило, а во помош им пристигнале и членови на Доброволното противпожарно друштво (DVD) од Хвар. Исто така, помош околу пловилото пружи и Лучката капетанија. Министерството за море, транспорт и инфраструктура на Хрватска објави . „Пријава за пожар на поголема двокорпусна едрилица во MRCC Риека е примена во 17:30 часот директно од член на екипажот на едрилицата, за што веднаш биле известени Сплитската пристанишна управа и Канцеларијата на пристанишната управа Хвар, чии службеници, по покана, ангажирале членови на Јавната противпожарна станица ЈВП Хвар, со кои набрзо отпловиле до местото на пријавата“, изјавија тие. На катамаранот имало пет лица. Како што додадоа, едрилицата со должина од 18,43 метри е во сопственост на локална компанија. На бродот имало пет лица, вклучувајќи три члена на екипажот и двајца патници, и сите биле неповредени. „По пристигнувањето на местото на пожарот, во заливот Тиха, во близина на Стари Град на Хвар, службениците на ИЛК Хвар, поради опасноста од ширење на пожарот кон блиската шума, ја оддалечија запалената едрилица од брегот, а пожарникарите почнаа да го гаснат пожарот, кој ја зафати надградбата на двокорпусна едрилица“, истакнаа тие.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00